Ознака: влада

Angela Merkl

Владата на Меркл ќе положи заклетва

Post Views: 5 Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот кабинет во среда треба да положат свечена заклетва, пред германскиот Бундестаг. Новата германска влада е составена од христијанските демократи (ЦДУ/ЦСУ) на Ангела Меркел и либералите (ФДП) на Гвидо Вестервеле, кој според коалициониот договор, потпишан во понеделникот ќе биде вицеканцелар и шеф на дипломатијата. Германската канцеларка Меркел во среда вечер треба да отпатува на својата прва посета во странство и тоа во Франција, каде ќе се состане со шефот на државата Никола Саркози. {loadposition content9}

Continue reading

Влада: За 10 дена да се изработи акциски план за постапување за дивоградбите

Post Views: 1 На редовната 7-ма седница што вчера се одржа во Охрид, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО. Владата го задолжи Претседателот на Националната Комисија за УНЕСКО да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и...

Continue reading

Bojko Borisov

Се гласа за нова влада на Бугарија

Post Views: 1 Бугарскиот парламент денеска треба да го потврди предлогот на мандатарот Бојко Борисов за состав на новата влада на земјата. Софискиот градоначалник и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) понуди малцинска влада, откако на изборите одржани на почетокот на јули ГЕРБ освои 116 од вкупно 240 мандати во бугарското народно собрание. Повеќе помали партии – националистите Атака, Сината коалиција и конзервативната РЗС (Ред, Право, Правда) кои заедно имаат 46 мандати најавија дека, без министерски места, ќе ја поддржат малцинската влада на Борисов,...

Continue reading

Министерката Царовска нема да биде дел од новата Влада

Post Views: 10 Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите – рече Царовска. Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска....

Continue reading

lideri

„Пржино“ преживеа, Македонија доби преодна влада

Post Views: 1 Партиите потписнички на Договорот од 2 јуни познат како договорот од Пржино по долги и мачни преговори рано утринава успеаја да се договорат за законоте за влада, законот за дојавувачи на корупција, како и законот за заштита на приватноста кој што се однесува на објавувањето на материјалите поврзани со таканаречените „бомби“. СДСМ ги доби договорените позиции во министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика, а постигнат е и договор за изборот на заменици во секое министерства. Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски ќе биде министер за внатрешни...

Continue reading

Mirek Topolanek

Владата на Мирек Тополанек падна

Post Views: 1 Европската комисија истакна дека очекува Европската комисија да го продолжи ефикасното претседателство со Европската унија, се наведува во декларацијата на ЕК по изгласаната недоверба на владата на Мирек Тополанек. „Европа има потреба од силно водство во овие кризни времиња. А владата, која е претседателствива со ЕУ, а нема доверба, не може да биде лидер“, изјави претседателот на парламентарната група на најголемата партија во Европскиот парламент, Европската народна партија, Жозеф Дол.На веста за падот на чешката влада реагираше и министерот за надворешни рабоити на...

Continue reading

olesnuvachi

Прекршен е рокот за избор на техничка Влада

Post Views: 2 Четирите партии не ги усогласија ставовите околу ингеренциите на новите министри и заменици министри, кои треба да останат на своите функции до изборите во април 2016-та, пренесува „Телма“. Работните групи, чиј состанок почна вчера околу 17 часот, некаде по полноќ си заминаа без договор. Тоа е непочитување на Протоколот од Пржино од 15 јули, со кој 20 октомври беше одреден како рок за избор на нови членови на Владиниот кабинет. Во него СДСМ треба да има министри за внатрешни работи и за труд и социјала, ВМРО ДПМНЕ заменици, плус СДСМ да има дополнителни заменици во...

Continue reading

Kramanlis

Реконструкција на грчката влада

Post Views: 0 Владата на Грција, која вчера претрпи реконструкција, при што четворица досегашни министри беа разрешени, денеска треба да положи заклетва. Разрешени се министерот за економија и финансии Јоргос Алогоксуфис, за култура Михалис Лапис, за земјоделство Александрос Кондос и за развој Христос Фолас, како и двајца заменици министри Петрос Дукас и Панајотис Хинофотис, а останатите министри ги задржуваат своите ресори. На своите функции остануваат и шефицата на дипломатијата Дора Бакојани, министерот за одбрана Евангелос Маимаракис и за внатрешни работи Прокопис. Премиерот Костас...

Continue reading

sela

Села: ДУИ да излезе од владата за да се стави крај на политичката криза

Post Views: 1 За да се стави крај на политичката криза во земјава потребно е ДУИ да излезе од владата. Ова денеска го изјави градоначалникот на Струга и претседател на ДПА, Зијадин Села. „Мислам дека ДУИ треба да излезе од владата, со тоа ќе се најде и политичко решение, спокојство кај граѓаните и стабилизација на ситуацијата во Македонија. Ако ДУИ излезе од Валда се знае дека ќе има техничка влада, нели за тоа цело време се зборува и треба да се најде некое решение“ – вели Села. Според него скандалот со прислушкувањето лошо се одразува врз државата и животот на граѓаните без...

Continue reading

Deutsche Bank

„Дојче Банк“ тврди дека не и треба помош од германската Влада

Post Views: 0 Најголемата комерцијална банка во Германија, „Дојче Банк“ синоќа најави дека не планира да користи средства од владиниот план за спас на германскиот финасиски сектор. Претседателот на „Дојче Банк“, Јозеф Акерман изјави дека банката е силна и дека во сегашните услови нема да биде дел од планот за спас. Минатата недела банката соопшти дека и покрај економската криза, во третиот квартал од годинава остварила профит, што не е случај со другите поголеми банки кои се најдоа на удар на глобалната криза на финасискиот пазар. Барања за добивање помош од Владата во Берлин досега...

Continue reading

Morgan Cvangirai

Цвагираи се закани со напуштање на Владата на национално единство

Post Views: 0 Лидерот на опозицијата во Зимбабве Морган Цвангираи се закани дека ќе ја напушти Владата на национално единство ако партијата на претседателот Роберт Мугабе ги добие сите клучни министерства. Цвангираи изрази надеж дека претседателот на Република Јужна Африка Табо Мбеки кој пристига утре во Хараре, ќе се обиде да изврши притисок врз Мугабе за да се почитува договорот за поделба на власта. Официјалниот весник Хералд публикуваше вчера список на министерствата кои ќе ги предводат лица од Африканскиот национален сојуз на Зимбабве – Патриотски фронт, и според првиот...

Continue reading

Прва седница на британската Влада надвор од Лондон по 1921 година

Post Views: 3 Британската Влада својата прва седница по годишните одмори ќе ја одржи денеска во Бирмингем, а не во Даунинг стрит 10 во Лондон или во летната резиденција на британските премиери во Чекерс, што е прв ваков случај по 1921 година. Пред 87 години, Владата на тогашниот премиер Џорџ Лојд одржала седница во шкотскиот град Инвернес во зградата на локалниот градски Совет во време кога таму на одмор се наоѓал претседателот на Владата. Со своите министри премиерот Лојд тогаш расправал за мошне актуелното прашање од тоа време, ирското напуштање на британската монархија. Нема посебно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top