Ознака: вкупно

osvetluvanje

Модернизација на системот за осветлување во Охрид

Post Views: 6 Чешката компанија ИЦС системи од Карлови Вари ќе го модернизира јавното осветлување во Охрид. Постапката за избор на партнер за осовременување на уличното осветлување била долга како што нагласи Димитар Спасески секретарот на општина Охрид, бидејќи била водена по моделот на Јавно приватно партнерство.  Согласно физибилити студијата, Спасески кажа дека приватниот партнер ќе има обврска да инвестира 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување и конкретно појасна што ќе биде заменето. „Замена на постоечките светилки вкупно 7 627, со лед енергетски...

Continue reading

logo

Денес ќе биде објавен конкурсот за упис на студенти на државните факултети

Post Views: 7 Конкурсот за запишување во прва година – прв циклус студии на јавните високообразовни установи во земјата, во академската 2014/2015 година ќе биде објавен денес во печатените медиуми и на интернет страницата на Министерството за образование и наука. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски вчера на прес-конференција информира дека на петте државни универзитети во Република Македонија, предвидени се вкупно 24.196 слободни места, од кои 13.795 за редовните студенти во државна квота, 7.531 за квотата редовни студенти со кофинансирање и 2.870 за вонредни студенти. Тој...

Continue reading

svr

Охридските полицајци ќе играат фудбал на Денот на македонската полиција

Post Views: 5 Во пресрет на 7 мај денот на македонската полиција, СВР Охрид организира турнир во мал фудбал. Оваа спортска манифестација е дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид ќе го одбележи денот на полицијата. Фудбалскиот турнир започнува утре во 16 часот во спортско рекреативниот центар „Биљјанини извори“ каде по систем ќе се одигруваат по два натпревара дневно. На фудбалскиот турнир учествуваат вкупно шест фудбалски екипи од разни служби во СВР Охрид. Финалните средби ќе се одиграат на денот на македонската полиција 7 мај. {loadposition content9}

Continue reading

sud

Илјадниците тужби против ЕВН, пресудни за лошата оценка на охридскиот суд

Post Views: 3   Основните судови од Охрид и Штип, како и Вишиот Управен суд се трите судски инстанци кои потфрлиле во својата работа, според генералната оценка на Врховниот суд за изминатата година. Според извештајот за работата на судовите за 2013 година Охридскиот суд не го совладал приливот на предмети. Лавината од тужби кои паднаа врз охридскиот суд 9242 на број, пристигнати само во 2013 до толку го зголеми обемот на работа што судот не успеа во целост да се справи. Илјадниците тужби на граѓаните против ЕВН за стекнување без основ, односно за незаконски наплатените 6 ден за манипулативни...

Continue reading

avrm

182 слободни работни места во Охрид

Post Views: 0 Агенцијата за вработување излезе со свежи бројки околу невработеноста на ниво на републиката како и одделно по градови. Податоците кои се однесуваат за првиот месец од 2014та година говорат дека во нашиот град имаме 182 слободни работни места за вкупно околу 7748 невработени лица. Од нив, според новата систематизација која ја воведе Агенцијата, 3747 невработени влегуваат во категоријата на други лица кои бараат работа или повеќе познати како пасивни невработени, додека 4001 невработен влегле во групата на активни невработени лица. Или во превод само околу 2 проценти...

Continue reading

stipendii

Талентираните ученици и студентите ги добија договорите за стипендирање

Post Views: 3 Талентираните ученици од основните и средните училишта, како и редовните студенти на државните универзитети денес ги добија своите договори за стипендирање. Градоначалникот Бакрачески потенцираше дека согласно конкурсот кој локалната го објави во Ноември минатата година, биле подготвени и критериуми според кои се бирале добитниците на стипендиите. „Беше формирана комисија составена од членови за отворање, разгледување и одлучување по пристигнатите барања за стипендии, за талентирани ученици од основните и средните училишта и за редовни студенти на државните универзитети....

Continue reading

Tomislav Tuntev

Советникот Томислав Тунтев, со најголем број излагања на седниците на Советот на општината

Post Views: 0 Тунтев, Станкоски и Хајба со најголем број излагања, Точко, Здравеска и Петреска без ниту едно излагање во 2013 година. Записниците од седниците на Советот со пропусти, согласно стандардите за водење на записник од седници на Совет на Локална самоуправа. Со цел да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и добро владеење на локалната самоуправа и подигнување на свеста на  граѓаните за работата на  Советот на Локалната Самоуправа на Општина Охрид, Младински Совет Охрид, во периодот април-декември 2013 година ја спроведе 5тата фаза од проектот “Стандарди за одржливост...

Continue reading

upisi

Полуматурантите најмалку заинтересирани за угостителската струка

Post Views: 5 Заврши првиот уписен рок во трите охридски  средни училишта. Сумираните резултати по завршувањето на првиот уписен рок носат изразито спротивни бројки. Најголем интерес, полуматурантите повторно покажале за општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“. Таму вкупно се пријавиле 356 деца од кои биле примени 309. Од нив, 189 запишале гимназиско образование, 101 економско и 19 деца се запишале на медицинската паралелка. За вториот уписен рок, вкупно остануваат 161 слободно место, од кои 83 во гимназија, 63 во економски и 15 во медицинската паралелка. Во електромашинскиот...

Continue reading

parking

Локалната самоуправа го раскина договорот за закуп на паркинзите

Post Views: 6 Постапувајќи по заклучокот донесен на седница на советот на општина Охрид од 10ти Мај годинава, градоначалникот Бакрачески го раскина договорот за закуп на паркинзите. Денес и официјално од локалната потврдија дека досегашниот закупец, компанијата „Сузуки“ повеќе нема да стопанисува со паркинг просторот во централното градско подрачје. Новоименуваниот портпарол на локалната самоуправа, Томе Џамтоски вели дека договорот со закупецот бил раскинат поради неисполнување на условите кои стоеле во договорот. Еве што значи тоа. „Тоа ќе значи дека досега оние улици кои се користеа...

Continue reading

rezultati OIK

ОИК ги соопшти конечните изборни резултати

Post Views: 2 Општинската изборна комисија ги официјализираше резултатите од одржаните локални избори 2013 година. Никола Бакрачески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, со освоени 21.004 гласови, во првиот круг е избран за нов градоначалник на Охрид. Од неговите противкандидати, Александар Петрески од СДСМ и Сојузот за иднината освои 13.250 гласови, Александар Митрески од СДПМ, освои 471 глас, Фетах Елмази од ДПА освои 351 глас и Васил Ристески од СДУ освои 235 гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија и најмногу гласови за советничката листа односно вкупно...

Continue reading

zgradi

Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани куќни совети

Post Views: 11 Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани заедници на сопственици на посебните делови, популарно наречени куќни совети. На територијата на Република Македонија денес имаме вкупно 3.012 регистрирани заедници на сопственици. Ова се податоци  добиени од Централниот регистар. Станарите кои ги користат услугите на овие компании велат дека за одржување на еден влез месечно плаќаат околу 290 ден. Од нив 140 се за компанијата, а 150 за хигиеничарка. За овие пари тие добиваат чистење и одржување на влезот, вршење книговодствени услуги, хаусмајсторски работи,...

Continue reading

Plaoshnik

Завод и музеј се пофали со сработеното, најави нови, интересни проекти

Post Views: 8 Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид“ ги презентираше резултатите од својата работа во изминатите 6 години. Периодот од 2006та до 2012 година, се покажал како доста продуктивен за оваа национална установа. Тие успеале да реализираат вкупно 165 проекти за заштита на недвижното културно наследство и 36 проекти за заштита на движното културно наследство. „Во поглед на недвижното културно наследство, конзервирани и реставрирани се вкупно 9 христијански сакрални објекти, конзевирани и презентирани се над 300 метри квадратни богати...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top