Ознака: буџетот

sednica na Sovet

Струга ли е, Скопје ли е?

Post Views: 0 Спора и задоцнета реакција на струшката општинска администрација. На последната седница на советот на општината, струшките советници наместо да гласаат за донесување на некои од ставките на предлог на буџетот на  општина Струга, всушност гласале за истите тие ставки, но за град Скопје. Претседателот на советот на Општина Струга, Џеваир Беќири вели дека не станува збор за некој голем пропуст. Беќири додава дека за грешката им било укажано од Секторот за финансии и дека станува збор за техничка грешка, па како таква и ја прифатиле. Претседателот потенцира дека речиси...

Continue reading

sednica

Локалната ги прави последните поместувања во буџетот за 2015та година

Post Views: 9 Последни законски предвидени поместувања во општинскиот буџет за оваа година. Советниците во градскиот совет денес дискутираа за реализацијата на програмите на секторите на локалната самоуправа, биле тие годишни или развојни. Во рамките на ребалансот на буџетот пак, кој е последен кој законодавецот го предвидел за една буџетска година, се дискутираше и по однос на поместувањата кои локалната ги предвидува по пооделните сектори, односно во нивните програми. Токму тука беа забелешките на опозицијата во градскиот совет кои реагираа дека самиот ребаланс се прави нетранспарентно...

Continue reading

Struga

Преамбициозен буџет

Post Views: 3 „Домашниот есап не излегува на пазар“. Денешната 19-та по ред седница на струшкиот Совет се одвиваше во насока како во старата добра поговорка. Песимистичките предвидувања на дел од советниците, дека буџетот на општина Струга за 2010 е преамбициозен, сега излегуваат на видело, со прикажување на реалната состојба на кварталниот извештај. Љуљзиме Зулали од ДПА рече дека од авион се препознавААТ надуените цифри на буџетот. Таа рече дека сега имаме состојба на повеќе потрошен, отколку развиен буџет. Со слично размислување, настапи и Стретен Бандоски од ЛДП. Тој кажа реализацијата...

Continue reading

unesco

Македонија стана членка на Извршниот одбор на УНЕСКО

Post Views: 6 Република Македонија избрана за членка на Извршниот одбор на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). 142 та гласа кои ги доби на глсањето ќе и овозможат на нашата држава во наредниве две години активно да учествува во креирањето на политиките и буџетот на оваа организација. Овој успех е резултат на дипломатските активности на Амбасадата на РМ во Париз и на делувањето на Националната Комисија на УНЕСКО во РМ .Ова претставува и исклучителна можност за афирмација на државата како активен и одговорен член на меѓународните организации,...

Continue reading

strategija turizam

Изработката на стратегија за развој на туризмот прескапа за буџетот на локалната

Post Views: 8 Стратегијата за долгорочен развој на туризмот прескапа за општина Охрид. Овој исклучително важен документ се најавува неколку години наназад, но барем досега истиот не е изработен. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова бил еден од приоритетите на локалната поставени уште на почетокот на мандатот, но досега ниту една институција од Македонија не пројавила интерес и желба да ја изработи стратегијата. Во преговори со неколку странски консултантски куќи пак, референтната цена која локалната ја добила за изработка на стратегијата ги надминувала можностите на општинскиот...

Continue reading

50 godini james bond

Шпионот и заводникот со дозвола за убивање наполни 50 години

Post Views: 10 Тој и натаму го пие своето мартини „проматено, не промешано“, прекрасно изгледа во смокинг, патува без пасош и ја спасува планетата, сето тоа со голем број убавици, кои сами му паѓаат во крило. Го прослави 50-от роденден и се вика Бонд, Џејмс Бонд.Еден од најуспешните филмски серијали го започна својот живот со филмот „Др. Но“ во 1962 година, каде прв пат Џејмс Бонд го играше Шон Конери, а Урсула Андерс во бели бикини и со нож на половината и постави домашна задача на секоја следна девојка на Бонд. Шпионот, љубовникот и херојот во изминатите пет децении воопшто не...

Continue reading

Денес се изгласа првиот ребаланс на буџетот

Post Views: 3   Денес градските избраници гласаа за предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2015 година. Со тоа според советникот од СДСМ Јован Стојаноски само по три месеци од донесувањето на буџетот, општината влегува во зона на финансиска нестабилност. Имаме дополнителен прилив на 42 милиони денари средства, но најтрагично е што до овие зголемени приходи дојде по продажбата на неизградено градежно земјиште. Кога веќе го продадовме земјиштето барем тие средства да се искористеа за никаков развој, а не за средување одредени комунални проблеми со...

Continue reading

сдсм

Охридската СДСМ реагира на одлуката за ЈПП за одржувањето на осветлувањето

Post Views: 2 Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство тема на денешната пресс конференција на општинската СДСМ. Со ваквата одлука општината се откажа од приход во висина од 5милиони евра кој ќе влезеше во буџетот на општината во наредните години, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапија на приватна компанија од Чешка, додаде тој. Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во јавното...

Continue reading

bozik gerijatrija

Социјалната заштита во градов ставена на маргините

Post Views: 6 Социјалната заштита во градов ставена на маргините. Средствата кои општинава ги издвои за оваа намена со буџетот за 2015та се премалку за да се задоволат потребите на оваа ранлива категорија на граѓани, вели советничката од НСДП, Верица Хајба.Срамно е во денешно време Локалната самоуправа да предвиди буџет од 200 000 ден. за оваа намена. Поднесов амандман  за да се изврши корекција и да се направи трансфер од буџетот наменет за програмата за трансфери на спортските клубови каде е предвиден буџет од 4милиони денари и да се издвојат еден милион денари кои би отишле во...

Continue reading

седница

Донесен буџетот за 2015та година

Post Views: 6   Буџетот за 2015та ќе тежи 913 900 000 денари. Денес после петчасовна бурна расправа беше донесен за некого реалниот, а за некого нереалниот буџет на општина Охрид. Опозицијата со став дека проекцијата на буџетот е многу ниска за да се реализираат сите развојни програми предвидени со него. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојановски вели дека буџетот не е развоен и не дозволува никаква светла иднина на градот. Она за што реагиравме ние беа лошите буџетски програми кои беа донесени  и нереалното буџетско плснирсње меѓутоа  во целина олкавиот буџет...

Continue reading

javna rasprava

Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та

Post Views: 1 Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та. Денес тие имаа можност да прашуваат, да сугерираат и да бараат од службите во локалната во буџетот за наредната година да предвидат средства за решавање на некои проблеми од сферата на комуналниот развој, сообраќајот, образованието, културатра или урбанизмот, кои за нив преставуваат приоритет. Но малата сала во општината остана празна. Освен двајца сограѓани и преставници од секторите и секретарот на општината немаше никој друг. Секретарот Димитар Спасески не беше затекнат...

Continue reading

logo

Кривична пријава за охриѓанец за 165 договори за вработувања без издржана потреба

Post Views: 7 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид. Во периодот од декември 2012 до март 2013 година, пријавениот во својство на градоначалник на ЕЛС општина Охрид, делувајќи по претходна умисла, веројатно со намера да се стекне со што поголемо општествено влијание како кандидат за Градоначалник на општина Охрид во пресрет на Локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи противправно склучил сто шеесет и пет договори за времени вработувања...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top