Ознака: број

Opshta bolnica

Кои болести ги мачат охриѓани?

Post Views: 1 Дијабетисот, кардиваскуларните заболувања, како и карциномите на гастро-интестиналниот тракт, се болестите кои се во најголем подем во нашиов град. Состојбата со експанзијата на дијабетисот во нашава држава е алармантна, па одтука и во нашиов град. Портпаролот на Општата болница од Охрид, Д-р Сашо Василевски вели дека податоците кои се однесуваат на експанзијата на ова современо заболување во нашиов град, не се ни малку оптимистички. Лечењето на дијабетесот во Македонија е бесплатно, но големиот број на заболени претставува терет на здравствениот буџет, бидејќи третман...

Continue reading

den na glad

Дадете малку за оние кои немаат воопшто

Post Views: 1 Една милијарда и дваесет милиони. Толку многу луѓе во светот страдаат од хронична неухранетост. Во Охрид гладуваат повеќе од 800 семејства. Црвениот крст од Охрид  спроведува кампања за помош на оние кои се најпогодени од оваа екстремна форма на сирмаштија. Кампањата е поделена на неколку активности со кои отаму, се надеваат дека барем малку ќе им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Охриѓани, се борат со немаштијата. Некои повеќе, некои помалку свесни за големиот број на нивни сожители кои за жал, гладуваат. Предвидени се голем број активности кои ќе бидат...

Continue reading

transformator

Пази струја!!!

Post Views: 8 Негрижата за одржување и обезбедување на овие електрични уреди е очигледна. Последниот трагичен настан во Струга кој беше резултат на неправилно ракување со електричната енергија, како да не беше доволно предупредување за посериозен пристап кон решавањето на овој проблем. Необезбедени  Енергетски трансформатори за дистрибуција на електрична енергија во населбата „Гоце Делчев“. Некои од овие трафостаници, веќе неколку месеци се со отворени врати и разводни табли изложени на атмосферските влијанија како и човечки контакт, додека други пак, едвај им одолеваат на надворешните...

Continue reading

sobi

Остварени помал број ноќевања и на странци и на домашни гости

Post Views: 1 Статистичките податоци од општинскиот комунален инспекторат и официјално го потврдија годинешното потфрлување на туристичката сезона Лето 2010. Оствaрените 290.000 ноќевања во оваа сезона покажуваат намалувања на реализираните ноќевања на постеителите и во хотелите и во приватното сместување. Споредбата на податоците од  изминатите две години покажува тенденција  на опаѓање на туристичката посетеност на Охрид . Загрижува фактото што во последните три години податоците покажуваат дека Охрид ги губи туристите. Така, во 2008  година посетителите во Охрид  реалирале 373.000...

Continue reading

stanica brojna

Точна бројка на гости сеуште нема

Post Views: 8 Новинарите најчесто пласираат цифра која се сведува на слободна проценка. Нашата екипа направи напор да го открие тој податок и постапката како се доаѓа до него. Нема прецизен податок за бројот на туристи во Охрид. Гости има, но колку точно никој не знае. Релевантните иституции доцнат со ваквите информации, па се наметнува прашањето колкава е нивната ажурност.  Број на гости во јули, ќе имаме дури на 15 Август, велат од Секторот за локален економски развој и туризам. Одговорниот Гоце Симоноски, рече дека кулуминација на туристи е забележана за враме на илинденските празници....

Continue reading

logo

Зголемен бројот на срцеви заболувања

Post Views: 1 Како превентивно да се дејствува врз негативното влијание на високите температури. На ова и слични прашања пред охриѓани ќе одговара стручен лекарски тим од специјализираната болница за хируршки заболувања Филип Втори. Променливото време дополнително ги зголемува срцевите тегоби. Оваа појава особено ги погодува луѓето кои се склони кон овој вид заболувања. Како превентивно да се дејствува, во услови кога температурата на воздухот варира и по 10 степени. Што треба да се превземе кога воздушниот притисок постојано се менува и е причина за бројните главоболки и нелагодност....

Continue reading

nasilstvo

Расте бројот на злоставувани жени

Post Views: 3 Годинава во Центарот за социјални грижи се евидентирани над  40 лица  жртви на семејно насилство. Од нив биле 38 жени, а само двајца мажи. Оваа бројка е во пораст за разлика од лани кога биле регистрирани 30 случаи. Заради патријархални сфаќања  многу од жртвите се повлекуваат и се одлучуваат на молк вели Ѓорѓи Тодороски координатор  на тимот за семејно  насилство при Центарот за социјaлни грижи. Повеќе од 60 посто од жртвите ги повлекуваат пријавите  и не се подготвени да поднесат предлог за изрекување времена мерка до судот. Сметаат дека жената треба да молчи и проблемот...

Continue reading

Бројот на нарко зависниците во Охрид постојано расте, а старосната граница се намалува

Post Views: 11 Заложници на дрогата стануваат  десетгодишни деца. Со цел да се стави бариера на нејзиниот прогрес, МВР заедно со Црвениот крст од Охрид организираа предавања по основните училишта во градов. Во Охрид има 300 регистрирани нарко зависници. 200 од нив се уживатели на марихуана, 10 се зависници од кокаин, а 20 од хероин. Ова се податоци со кои официјално располага Министерството за внатрешни работи, но од таму велат дека оваа бројка реално е многу поголема. Со цел да се стави бариера на ваквиот огромен прогрес на користењето на дрогата, МВР заедно со Црвениот Крст од Охрид...

Continue reading

kontejneri

Расте бројот на казнетите граѓани кои го прекршиле Законот за јавна чистота

Post Views: 1 Охриѓани заработија 67 казни за непочитување на Законот за јавна чистота. Униформираните полицајци ги изрекле овие казни во рок од  една недела, од 22 септември кога на стапи на сила Законот за јавна чистота, па се до  29  септември. Но, само  два дена потоа  бројката достигна од 148 изречени казни. Од нив 4 се однесуваат на правни лица вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Три лица прифатиле да ја заменат казната со општокорисна работа. Униформираните полицајци во земјава, пак за една недела напишале 537 казни за граѓаните кои го прекршиле законот по разни...

Continue reading

Субвенции за зголемување на бројот на гости-предлог на туристичките работници

Post Views: 4 Туристичките работници предлагаат субвенции кои ќе придонесат за зголемување на бројот на странски туристи во земјава. Доколку предлогот се усвои од страна на владата, тоа ќе значи дека финансиски би се помагале субјектите кои ќе ги донесат странските гости. Се надеваат дека субвенционирањето на туризмот ќе профункционира на почетокот од идната година. Со воведување на механизми за субвенционирање на туризмот во голема мера ќе се придонесе за зголемување на бројот на странски гости во земјава- е заклучокот од вчера одржаната трибина од страна на ДОМ. На неа учествуваа...

Continue reading

Бројот на пловните објекти постојано расте

Post Views: 0 Така пловната флота во државава ја достигна бројката од 5 бродови и 2800 глисери и чамци. Сопствениците на пловните објекти велат дека е време да се изгарди современа марина. На тој начин нивните лисери и чамци ќе бидат побезбедни. Министерството за транспорт и врски даде зелено светло за изградба на современо пристаниште на охридското крајбрежје. За реализирање на овој зафат сега се  потребни измени во деталниот уранистичи план. Во постечкиот план е предвидено проширување на старото пристаниште, но неофцијално дознаваме дека сега во опција се две можности. Покрај постојното...

Continue reading

Безбедноста на сообраќајот во Охрид-лоша

Post Views: 4 Советот на безбедност при општина Охрид и претставници од СВР ќе преземаат низа активности  по основните и средните училишта за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Почетокот на учебната година ги натера надлежните уште посериозно да размислуваат како да ја подобрат безбедноста во сообраќајот. За таа цел денес одржа состанок Општинскиот совет за безбедност на кој учествуваа и претставници од СВР Охрид. Според податоците со кои располага Министерството за внатрешни работи во текот на оваа година забележано е подобрување на безбедноста на сообраќајот во градов....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top