Post Views: 9
ЈП “Билјанини Извори” од денес го презеде на времено користење просторот наменет за сидрење на пловни објекти, кој се наоѓа кај мостот на каналот Студенчишта. Земјиштето во вкупна површина од 14.426 м2 на стопанисување и одржување јавното претпријатие го доби со Одлука на Советот на Општина Охрид на седницата одржана на ден 31ви јануари годинава.
„ Овај дел тука, преку Сојузот за водени спортови ќе го направиме место каде ќе се развива спортот на вода во ОхридНа Охрид му доликува да има еден уреден Центар за водени спортови , за обука, тренирање и рекреација...
Post Views: 0
Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализираа вонредни активности за подигнување на расфрланиот отпад на патниот правец од бензиската пумпа „Билјанини Извори„ до с.Велестово. За жал тешко се надминуваат навиките на несовесни поединци кои се ослободуваат од пластични шишиња, картонска амбалажа, најлонски кеси додека се рекреираат, шетаат, а не ретко ги фрлаат и од автомобилите. Некои дури и од покуќнината се ослободуваат во овој дел од националниот парк „Галичица„.
Се расчистуваше и каналот кој води од спортскиот центар „Билјанини Извори„ , покрај административната...
Post Views: 1
Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”. Тие ќе траат петнаесеттина дена после што следува самата изградба на трибината. Таа ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1450 седишта, ќе има Вип ложа и камермански дел од каде ќе можат да се следат и снимаат фудбалските натпревари. Реализацијата на проектот е во соработка помеѓу Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, а изведувач е Енергоинвест ДООЕЛ од Скопје.
Ќе добиеме една модерна трибина со модерни соблекувални...
Post Views: 1
Охрид добива нова пешачко – рекреативна патека од паркот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско рекреативен центар, ветува кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиески.
Според идејното решение, должината на патеката е 265 метри и предвидено е да има аморфна форма со променлива ширина. Планирано е да биде опремена со модерна урбана опрема и осветлување. Патеката ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите. На западната страна е предвидено да има и велосипедска...
Post Views: 12
ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг. Оваа мерка ќе се применува од 20 јануари за неплаќање на користен јавен паркинг во А и Б зоните, информира Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. Недиспциплинираните возачи ќе имат можност казната да ја платат веднаш или за 8 дена, а по истекот на овој рок се активира преку извршител.
„Охриѓани се дисциплинирани плаќачи, но има луѓе кои се инаетат и не сакаат платат. Има проблеми, расправии со вработените...
Post Views: 4
ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид наместо со блокатори од 20 јануари, 2020 година неплаќањето на паркинг во А и Б зона како и истекувањето на гребна карта ќе го санкционира со поставување на Платен налог на вашето возило.
Санкцијата за неподмирениот долг како и досега ќе е 1000 денари, но доколку долгот го платите кај нашите контролори во првите 24 часа ќе ве чини 800 денари. Ако долгот го подмирите во следните седум дена ќе платите 1000 денари а ако по овој рок не извршите уплата во банка или пошта , платниот налог го презема извршител со што сите трошоци за наплата ќе...
Post Views: 12
ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2020 (вторник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.
ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.
Post Views: 1
ЈП Билјанини извори ќе покрене иницијатива за ставање ред со хаосот на пловни објекти на десната страна од каналот Студенчишта. За следната сезона најавуваат покренување барање до Локалната самоуправа и до Капетанија да се среди и другиот дел од брегот, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. Во моментов никој не е надлежен за пловилата од десната страна од каналот па со децении во каналот се оставени голем број неисправни пловила кои кородираат, информира Јованоска.
„Во долниот дел од каналот со влезот стопанисува АРМ, погорниот е на приватен сопственик,...
Post Views: 5
Се очекува богата спортска есен на терените на СРЦ Билјанини извори. Од 5 до 12 октомври на спортските терени ќе се одржи камп на деца од Германски познати фудбалски клубови, а од 18 до 22 ќе се одржи и Балканскиот камп на фудбалери. Се очекува и одржување на државното првенство во бокс. Во тек е пријавување и на охридските компании за учество на баскет турнирот 3 на 3. Пријавувањето на компаниите е до 10 октомври. Минатогодишното искуство од одржувањето на турнирот покажа дека има голем интерес за ваков начин на дружење, а настанот доби не само спортско – забавен...
Post Views: 9
Сашо Донев претседателот на ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Донев, при тоа кажа дека со уцени и притисоци врз вработените барала да излезат и да гласаат за кандидатот на СДСМ.
„Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен”. Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори? Зошто градоначалникот...
Post Views: 10
Денешните (16.05.2019) наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот-Билјанини извори, спроведени од Центарот за јавно здравје од Охрид, покажуваат дека водата од изворите содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.
Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. Центар за јавно здравје Охрид во континуитет ја следи состојбата со квалитетот на водата од Билјанини извори и навремено ќе ја известува јавноста.
Post Views: 7
ЈП Билјанини Извори продолжува со планот за техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал при претпријатието кој е задолжен за одржување на постоечката спортска инфраструктура во Спортскиот центар „Билјанини Извори” а се со цел подобрување на условите за нашите спортски корисници, спортските клубови и рекреативците.
Деновиве ЈП Билјанини Извори се поднови со современа машина за чистење и одржување на паркет од фирмата Клинфикс со одлични перфоманси за чистење, полирање и одржување на паркети и ламинатни подлоги. Ова е уште една скромна но многу значајна,...