Ознака: Апостол

drvored

Започна сечата на дрворедот на „Партизанска“, липите ќе се менуваат со лигуструм

Post Views: 0 Липите на Партизанска заминуваат во заборав. Од денес започна сечата на овие повеќедецениски дрва како дел од реконструкцијата на дрворедот на улиците низ градов.  Од ЈП „Охридски комуналец“ кои се задолжени за реконструкција на дрворедите, велат дека постоечките дрвја на „Партизанска“ ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Од „Комуналец сметаат дека искуството со реконструкцијата на дрворедот на улицата „Димитар Влахов“ покажала дека лигуструмот има декоративен изглед и е отпорен на временски промени, аерозагадувања и заболувања и нема длабок корен, па...

Continue reading

дипломци

Дипломира првата генерација на Универзитетот „ Свети Апостол Павле“

Post Views: 8   Триесеттина студенти од првата генерација дипломци при Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, денес ги доби своите дипломи. Ректорот на универзитетот Проф. Д-р Нинослав Марина рече дека е среќен што заврши оваа прва генерација и додаде дека тие ќе бидат квалитетен кадар бидејќи ова е единствениот универзитет во регионот кој дава образование на англиски јазик, а воедно е специјализиран за информатички науки и технологии. Фактот што на „Св. Апостол Павле“ доаѓаат да предаваат професори од познати високообразовни институции од светот...

Continue reading

ftu

Кој ќе биде бројот на новите студенти во Охрид

Post Views: 1   Министерството за образование ги објави квотите за запишување студенти во новата студиска година 2014-2015. На  ФТУ  и на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле веќе се знае првичниот број на идните студенти. Деканот на ФТУ, Сашо Коруновски вели дека оваа година на нивната високообразовна институција одобрено е да се запишат 215 студенти или педесеттина помалку од лани. Тоа се должи на укинувањето на студиската прогрма за менаџмент во услужен сектор, која била отворена минатата година. Коруновски објаснува дека тие ќе ги вложат сите напори...

Continue reading

logo

Излезе првата генерација дипломци од УИНТ „СВ.Апостол Павле“

Post Views: 2 Во понеделник , 12- ти мај, со почеток во 12 часот, во Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, свечено ќе им бидат доделени дипломите на студентите од првата генерација од учебната 2009/2010 година. Дипломите ќе ги додели ректорот на универзитетот професор д- р Нинослав Марина. {loadposition content9}

Continue reading

aerodrom

Пристигнува првиот чартер лет со австриски туристи во Охрид

Post Views: 6 На аеродромот „Св.Апостол павле“ денес ќе слета првиот четирите чартер-летови од Австрија до Охрид. Аавионот на авиокомпанијата „Флај Ники” ќе донесе 186 австриски туристи кои неколку дена ќе уживаат во убавините на охридската ривиера. {loadposition content9}

Continue reading

turisti

„Корендон“ и „Фибула“ утре ги носат првите холандски туристи оваа сезона

Post Views: 10 Утре на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“  ќе пристигне првата група холандски туристи оваа летна туристичка сезона. Со првиот чартер лет ќе пристигнат 189 туристи од Амстердам, Холандија. Дел од нив ќе престојуваат во Охрид седум дена, а една група ќе остане и подолг период. Холандските туристи и годинава во Охрид ќе летуваат во организација на тур операторот „Фибула Ер Травел“ и нивниот холандски партнер „Корендон”. Ќе летуваат од мај до средината на oктомври, а ќе доаѓаат со четири чартер летови неделно. Гостите од земјите на Бенелукс со децении наназад се...

Continue reading

ribar

Забрана за риболов во ревирот „Слив на Охридско Езеро“ поради мрест

Post Views: 0 Здружението на рекреативни риболовци спортскиот клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид како концесионер ги известува рекреативните риболовци за забраните за риболов за време на Првомајските празници, на риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. Забранети се за риболов следниве видови на риби поради мрест.-Скобуст од 15.04 до 15.05-Писа од 15.04 до 15.05-Клен од 01.05 до 31.05-Мрена од 15.05 до 15.06-Крап од 01.05 до 31.05 На рекреативната зона „Слатинско Езеро“ сеуште не се создадени услови за рекреативен...

Continue reading

kurs

УИНТ „Св.Апостол Павле“ за лицата од социјално загрозените семејства

Post Views: 6 Во рамките на активностите за општествена одговорност на  Универзитетот “Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при нивно...

Continue reading

logo

Уште еден меморандум за соработка за УИНТ „Св.Апостол Павле“

Post Views: 2 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле” Охрид потпишаa меморандум за соработка. Целта на меморандумот e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции. {loadposition content9}

Continue reading

рибар

Започна издавањето дозволи за рекреативен риболов

Post Views: 5 Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. За рекреативната зона „Слатинско Езеро“ дозволи за рекреативен риболов ќе почнат да се издаваат ако се создадат услови за рекреативен риболов. Здружението издава и Државни дозволи кои важат за сите риболовни води во Република Македонија  и дневни дозволи за акумулацијата „Козјак“. За риболов без дозвола,  казните се...

Continue reading

logo

Четврто место за УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид на „Шангајската листа“

Post Views: 0 УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид е на четвртото место според рангирањето на Центарот за светска класа на универзитети, при Универзитетот „Џиао Тонг“ во Шангај. Прворангирана високо образовна институција на листата и оваа година е универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, второто место за академските достигнувања во 2011/2012 година го доби Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, а трет е „Универзитетот на Југоисточна Европа“ од Тетово. На петтото место се најде битолскиот „Св. Климент Охридски“. Од Министерството за образование информираа дека листата е направена...

Continue reading

Bimbilovski i Trajkov

Заложбите на УИНТ „Свети Апостол Павле“ од Охрид за концептот доживотно учење

Post Views: 1 Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Центар за неформално образование Траголник од Скопје потпишаа Меморандум за соработка, што претставува уште еден чекор во заложбите за комплементарност на формалното и неформалното образование и дава непроценлив придонес во осигурување на доживотното учење кое е основа за креирање на општество базирано на знаење. Оваа соработка оди во прилог на заложбите на Р. Македонија за воведување на концептот на доживотно учење кој претполага дека луѓето, а пред се младите треба уште во текот на нивното...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top