Ознака: акција

stara hartija

Охриѓани не го поминаа тестот за екологија

Post Views: 8 Секторот за урбанизам и заштита на животна средина согласно своите активности годинава за прв пат спроведе помасовна акција за собирање на стара хартија. Целта е прво да се подигне свеста кај населението, а се започна од учениците во основните и средните училишта. „ Се знае дека населението, нивната свест се подига почнувајќи од најмладите генерации и токму поради тоа акцијата ја правиме со таа целна група. На овие  локации сите кои сакат да се ослободат од старата хартија може да ја одложат таму и истата ќе биде подигната од купувачот на овој тип на отпад.   Оваа акција...

Continue reading

za posrekno detstvo

Oхриѓани на дело со својата добрина

Post Views: 3 Собраните пари кои ќе се приберат од хуманитарната акција „За посреќно детство“, која традиционално се организира од општинската организација  на Црвен крст, овој пат ќе бидат наменети за помош на најмладите од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. Во продажба веќе се пуштени учеснички  талони со броеви, со  кои хуманите луѓе преку разни спортски активности, можат да се вклучат и  да ја помогнат оваа акција, истакнува Мимоза Ставреска, активист на Црвениот крст. За да се стимулираат граѓаните со вклучување на хуманитарно-спортска акција обезбедени се и...

Continue reading

Sasho tockov

Акција “За посреќно детство“ по четврти пат

Post Views: 5 Спортско хуманитарната и спортска акција “За посреќно детство“, во сабота ќе се одржи по четврти пат. Оваа акција во организација на Црвениот крст има широко општетствено значење и е за оние кои сакаат да го негуваат спортскиот и хуман дух кој го наметнува Црвениот крст. Од црвениот крст најавуваат дека акцијата ќе започне во сабота во 11 часот од плоштадот кај Чинарот со главна трка, на која ќе може да учествуваат сите кои купиле талонче. „ Целта на оваа акција е да се соберат средства со продажба на учеснички броеви кои чинат 30 денари и кои броеви всушност се и влез...

Continue reading

Заеднички проект на Прокредит банка и Порше-Македонија

Post Views: 8 Порше-Македонија и Прокредит банка со здружени сили ќе го олеснуваат купувањето на автомобили. Тие го промовираа својот проект пред градската фонтана, каде граѓаните можеа подетално да се информираат за условите кои ги нуди овој проект. Возилата од Порше-Македонија кои беа паркирани пред чинарот дефинитивно го привлекуваа вниманието на случајните минувачи. Се работи за нови возила од добро познати брендови. Кампањата го носи мотото „Ние го движиме вашиот бизнис“. Оваа акција е насочена кон правните лица како дел од политиката на Порше-Македонија и Прокредит банка за...

Continue reading

„За посреќно детство“

Post Views: 5 Црвениот крст од Охрид по четврти пат годинава ќе ја спроведе кампањата за реализација на спортско рекреативната хуманитарна акција – „За посреќно детство“. Целта на акцијата е преку учество на различни спортски дисциплини од страна на младите, но и сите останати, да го побудат спортскиот и хуманитарен дух, преку купување на талончиња. Сите кои купиле талонче за само 30 денари, учествуваат во големата нагрдна игра, со преку 100 награди, кои ќе се доделат во втората половина на месец јуни. Акцијата ќе се реализира на 28 мај во 11 часот на потегот од центарот за...

Continue reading

direkcija za zastita i spasuvanje

Охридскиот дел од езерото комплено исчистено од неексплодирани убојни средства

Post Views: 5 Заврши последната фаза од акцијата со која се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. „Акцијата траеше 35 дене и сметам дека истата ја завршивме максимално успешно“, вели директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу. При чистењето на езерото од неексплодирани убојни средства извадени се околу 8,6 неексплодирани убојни средства од прва и втора светска војна. „ Вкупно од првата и втората акција беа извадени 15, 9 тони неексплодирани убојни средства. Ова што го направивме е извонредна акција која е добра за Охрид, Македонија и пошироко, затоа...

Continue reading

akcija

Бизнис на иднината

Post Views: 1 Монитори од компјутери, тастатури, мобилни телефони и полначи, екрани од Тв приемници секојдневно завршуваат на градските депонии. Сите овие апарти кои го отслужиле своето кај нас сеуште не се селектираат и не се рециклираат. Отпадот содржи пластика, бакар метал и фрлен на  депонија никогаш  нема да се распадне па стануваат опасни загадувачи на животната средина, вели Јасмина Момироска, виш соработник во секторт за урбанизам и заштита на животна средина. Во светот, пак  одамна пронашле начин како да се справат со овој вид опасен отпад. На практичен начин ги споиле ...

Continue reading

jp Komunalec

Подигање кабаст отпад

Post Views: 8 Јавното Претпријатие “Охридски Комуналец” ги известува жителите од населбата „Стар Град“ дека во сабота ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.). Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот, на места кои се лесно пристапни за возилата на „Комуналец“ или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон  046/265-353.  {loadposition content9}

Continue reading

krvodaritelska

Далечината не може да ја сопре хуманоста

Post Views: 5 Традиционална крводарителска акција на Црвен крст-Охрид и Здружение на крводарители од месна заедница Даме Груев од Скопје. Малку прошетка, малку дружење, а најмногу од се хуманост. Нивната соработка трае повеќе од 5 успешни години. За хуманоста очигледно нема далечини. Со здружени сили, Охридскиот Црвен крст и Скопското Здружение на крводарители од месната заедница Даме Груев ќе даруваат крв за оние на кои таа им е потребна. Скапоцената црвена течност, доволен мотив за да се поминат стотина километри и да се спасат нечии животи. Ова е традиционална посета на Скопското...

Continue reading

srcinja

Купете срце-спасете живот

Post Views: 4 Креативноста на младите во цврста прегратка со хуманоста. Црвениот крст со нова хуманитарна акција. Неговите членови, како и голем број на доброволци, денес здружија сили во еден заеднички обид да му се помогне на 15 годишниот Илија Јосифоски. Големиот број на учесници во оваа акција само покажува дека луѓето сеуште не се откажале од хуманоста. Се правеа црвени срценца во различни големини и секое од нив со посебна порака. Срценцата кои беа изработени, симболично ќе се даваат по повод денот на вљубените, но овој пат со една искрена порака и со една поинаква љубов. „Овие...

Continue reading

humanitarna pomosh

Хуманитарна акција на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 0 Скромна помош за неколку Охридски семејства. ОК на ВМРО ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Божик, спроведе хуманитарна акција. На три социјално загрозени семејства им беа подарени социјални пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена. „ Континуитетот на правење хумани дела ќе продолжи и понатаму. Ние сме народна партија и токму поради тоа, треба да сме постојано тука за потребите на нашите граѓани, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов.Социјалните пакети се подготвени од средствата собрани на хуманитарниот коктел, кој...

Continue reading

pedijatrija

Апaртманскиот одел на педијатрија, со првите пациенти

Post Views: 1 Доопремен и подготвен да ги прими првите пациенти, апартманскиот дел на Одделението за педијатрија при Општа болница – Охрид. Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид, повторно на дело ја потврди безграничната хуманост. Анета Јовановска од Црвениот Крст, вели дека неколку години наназад оваа организација во своите активности, традиционално организира една спортско рекреативна акција наречена „За посреќно детство“. Токму со средствата собрани преку оваа акција, беа набавени кревети со кои во целост се опреми овој апартмански дел. Началникот на детското одделение,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top