Ознака: аеродроми

ТАВ АЕРОДРОМИ ЈА ПОТПИША „ДЕКЛАРАЦИЈАТА ОД ТУЛУЗ”

Post Views: 2 ТАВ Аеродроми, денес, на 4-ти февруари 2022 година, ја потпиша Декларацијата од Тулуз, приклучувајќи се на глобалната воздухопловна иницијатива кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид во животната средина, предводена од 200 европски аеродроми и вкупно 400 аеродроми на светско ниво, коишто се веќе сертифицирани согласно Програмата за акредитација на аеродроми за управување со јаглерод. Тулуската Декларација е воведена од страна на француското претседателство со ЕУ, денес, на 4-ти февруари, како прв чекор во делот на јавно-приватната иницијатива, со цел поддршка...

Continue reading

Расте бројот на патници на македонските аеродроми

Post Views: 10 Од јануари до октомври 2017 година, вкупниот број на превезени патници на двата македонски аеродрома изнесувал 1.731.098 патници, што претставува зголемување од 12,8% во однос на истиот период од минатата година кога бројката на патници изнесуваше 1.534.591 патници. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, само во текот на октомври 2017 година од двата аеродрома биле превезени 184.393 патници, со што е забележан раст од 21,4% во однос на октомври минатата година. На скопскиот аеродром „Александар Велики“ бројот на патници за периодот јануари-октомври...

Continue reading

ТАВ: Македонските аеродроми со нови рекорди – 2,5 милиони патници од јануари до ноември

Post Views: 10 Двата македонски аеродрома, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, достигнаа нови рекорди – 2,5 милиони (2.480.767) патници во периодот од јануари до ноември 2019 година, што претставува годишен пораст од 14%, додека само охридскиот аеродром бележи значителен пораст од 240% на патничкиот сообраќај во ноември, што е неверојатен резултат постигнат надвор од летната сезона, информираат од ТАВ Македонија. Во истиот овој временски период од 11 месеци, вкупниот број на воздухопловни операции е зголемен за 10%, достигнувајќи вкупно 20.215 летови...

Continue reading

Java

Осторовот Јава под вулканска пепел

Post Views: 0 Најмалку двајца луѓе загинаа, а над 200 илјади се евакуирани поради ерупцијата на вулканот Келуд на островот Јава во Индонезија. Вулканот исфрлил големи количини на пепел и камења во радиус од 200 километри, при што некои населби се целосно прекриени со пепел. Властите издале предупредување еден час пред ерупцијата и наредиле евакуација на 36 села кои се наоѓаат во круг од десет километри околу вулканот. Трите најголеми аеродроми се затворени а има и оштетени авиони. Во Индонезија постојат 130 активни вулкани. {loadposition content9}

Continue reading

aerodrom Ohrid

Пролонгиран рокот за влез на TAV на Аеродромите

Post Views: 1   Рокот за стапување во сила на Договорот за концесија за развој, финансирање, користење и одржување на аеродромите во Македонија е продолжен на 30.08.2009 година. Ваква одлука донесе владата, во врска со договорот склучен на 24.09.2008 со турската компанија TAV Havalimanları Holding A.Ş. за концесија на „Александар Велики“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и новиот карго-аеродром во Штип. Според тој договор, концесијата требаше да стапи во сила најдоцна три месеци по неговото потпишување. Продолжувањето на рокот е резултат на глобалната економска криза поради која...

Continue reading

aerodrom Ohrid

Владата и „ТАВ“ ќе потпишат договор за издавање под концесија на македонските аеродроми

Post Views: 1 Владата на Република Македонија денеска ќе потпише договор со турската компанија „ТАВ“ за давање под концесија на аеродромите  „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид и за изградба на карго аеродром во Штип. „ТАВ“ беше единствената компанија што се пријави на владиниот тендер за давање под концесија на македонскиот аеродромски систем. Во наредните 20 години, колку што треба да стопанисува со аеродромите во земјава, „ТАВ“, како концесионер, е обврзана комплетно да ги реновира скопскиот и охридскиот аеродром и да изгради карго аеродром во Штип...

Continue reading

Скопскиот аеродром прв во регионот доби Здравствен сертификат од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI)

Post Views: 0 Од вкупно 350 аеродроми на светско ниво кои аплицирале за акредитација, досега само 60 успеале да се акредитираат, а меѓу нив е Меѓународниот Аеродром Скопје, како прв аеродром на Балканот кој успеа да се стекне со овој сертификат. Меѓународниот Аеродром Скопје се стекна со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека...

Continue reading

Се зголемува бројот на патници на македонските аеродроми

Post Views: 2 Според податоците на ТАВ Македонија, бројот на патници превезени од двата аеродроми, „Александар Велики„ Скопје и „Свети Апостол Павле“ Охрид, во првите два месеца од годинава е зголемен за 9 проценти. Во овој период од аеродромите во Скопје и во Охрид се превезени 238.180 патници. Минатата година услугите на македонските аеродроми ги користеле 1,8 милиони патници, односно на годишно ниво бројот на патници бил зголемен за 15 проценти.

Continue reading

Рекорден број патници на македонските аеродроми

Post Views: 4 Во периодот јануари-ноември 2016 година превезени се рекорден број на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија. Од месец јануари заклучно со месец ноември 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 15,7 % поточно превезени се 1 661 010 патници. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – ноември 2016 година регистрирани се вкупно 1 524 985 патници што во...

Continue reading

avion

ЕУ ќе состави „црна листа на аеродроми“

Post Views: 2 Министрите за внатрешни работи на ЕУ размислуваат да предложат план за зајакнување на контролата на товарот кој се пренесува со авиони. Планот вклучува формирање на црна листа на аеродроми кои се надвор од ЕУ за кои ќе се оцени дека немаат соодветни безбедносни мерки. Во планот е вклучена и специјална контрола на „сомнителни пратки“ како што беа матријалите од Јемен упатени на еврејските организации во Европа и САД.  Доколку се усвои планот, тоа ќе биде прв пат ЕУ да усвои така наречена „црна листа на аеродроми“. Унијата веќе има таква листа на странски авиокомпании....

Continue reading

Aлп Ерсој е новиот генерален директор ТАВ Аеродроми

Post Views: 4 Алп Ер Тунга Ерсој, од влегувањето на ТАВ Аеродроми на македонскиот пазар досега беше заменик-генерален директор на ТАВ Македонија. Ерсој има над 17 годишно искуство во авијацијата, а во ТАВ Аеродроми работи од 1999, на повеќе различни позиции – како дежурен службеник на терминалот, а потоа и дежурен менаџер на терминалот на аеродромот Ататурк во Истанбул, позиции на кои е до 2005 година; потоа станал дел од тимот на меѓународниот проект на ТАВ Аеродроми во Грузија, работејќи на позициите – менаџер на аеродромот во Тбилиси, а потоа и заменик генерален директор...

Continue reading

aerodrom

Двата аеродроми во земјава со 20 % пораст на бројот на патници во првите девет месеци

Post Views: 3 Скопскиот аеродром „Александар Велики“ во последно време станува се поинтересен и за граѓаните од Косово, Албанија и Јужна Србија, кои го бираат македонскиот главен град како појдовна точка за нивните патувања во Европа и светот, велат од аеродромскиот оператор. Двата македонски аеродроми, скопскиот „Александар Велики“ и o хридскиот „Св. Апостол Павле“ , првите девет месеци годинава ги завршија со вкупно 1.183.728 патници, што е пораст од 20% , споредено со истиот период минатата година, информираат од „ТАВ Македонија“ , компанијата која оперира со македонските авиопристаништа....

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top