Ознака: центарот

spomenik Aleksandar

Се поставува споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија

Post Views: 1 Започна монтажата на споменикот  „Воин на коњ“ (кој го претставува Александар Македонски на Букефал) на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. Ова е најголемиот споменик на Александар Македонски во светот.Споменикот е висок 12 метри, по идејно решение на Валентина Стевановска а ќе биде поставен на постамент висок 10 метри. Во моментов работници монтираат скелиња околу фонтаната, која ќе послужи како постамент за споменикот. На плоштадот се поставени и делови од споменикот чие монтирање ќе започне во текот на денот. Споменикот е изработен во италијанската леарница...

Continue reading

brejnobrejn

Грст награди и признанија за охридските Бреинобреин генијалци

Post Views: 4 На првиот БРЕИНОБРЕИН-АБАКУС натпревар во Хрватска, кој на 7 март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Десет охридски генијалчиња од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од  Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од  интернационалната  Бреинобреин програма. Со воодушевување беа поздравени од бројната публика децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пеат,танцуваат, прават оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот...

Continue reading

depresija

Центарот за депресија во Охрид започна со работа, охриѓани недоволно информирани за неговото постоење

Post Views: 2 До 2020 година депресијата ќе биде втора болест по честотата на јавување, по кардиоваскуларните заболувања, а антидепресивите и сега се меѓу најпродаваните лекови.  Секој човек барем еднаш во животот поминува низ период на депресија а според официјалните податоци на СЗО секој 4 возрасен човек во светот пати од некоја форма на депресија. Нерасположеност без причина е прв аларм за депресија. Тогаш е од голема важност навремено да се добие  советување, можност за разговор и помош. Ова на охриѓани им го нуди Центарот за депресија кој од месец јануари започна да функционира...

Continue reading

epidemiologija

Во Охрид нема регистрирано ниту еден случај на туларемија

Post Views: 4 Туларемијата која најпрво се појави во Косово деновиве и тропна на врата и на Македонија со потврдувањето на трите случаи во Скопје и Арачиново. Пренесувач на оваа чума е бактерија, која што ја има на цела северна хемисфера и е доста отпорна на надворешни влијанија и ниски температури, а ја има во блата и мочурливи површини. Сепак, извор на инфекцијата се глодарите, како полските глувци, зајаците, куните, дабарите и др. Засега нема потреба од загрижување бидејќи нема опасност од зголемување на бројот на инфицирани, смируваат надлежните , но сепак поплавите би можеле...

Continue reading

angel investor

Формирана мрежа на „Бизнис ангели“ во Македонија

Post Views: 10 Центарот за иновации при Проектот на УСАИД за конкурентност ја лансираше првата мрежа на бизнис ангели во Македонија. Оваа мрежа претставува формална мрежа на „ангели“ инвеститори – претприемачи и богати поединци подготвени да инвестираат сопствени финансиски средства, знаење, вештини и социјален капитал во нови и иновативни бизнис идеи со потенцијал за висок раст.– Следејќи го примерот на многу земји, бизнис-ангелите се одличен начин за финансирање старт-ап бизниси, особено оние кои се ориентирани кон иновации, смета Роберт Вурц, директор на мисијата на УСАИД. ...

Continue reading

humanitaren koncert

Хуманитарниот концерт во Центарот за култура, не ги исполни очекувањата на организаторите

Post Views: 9 22.400 денари и околу 5000 денари во храна е се што охриѓани донираа на големиот хуманитарен концерт за помош на поплавените подрачја во Македонија кој синоќа се случи во Центарот за култура „Григор Прличев“.  Дарко Мојсоски, еден од организаторите вели дека се разочарани од собраните средства и дека очекувале многу повеќе со оглед на целта на концертот, како и на звучните имиња кои настапиле. Очекувале да соберат барем 60000 илјади денари од карти и уште 20ина илјади во донации. Мојсоски додава дека сеуште не ја знаат точната донација од локалните фирми. Инаку денес...

Continue reading

nastinka

Зголемен број на случаи на грип, препишани 150 дози на тамифлу во Охрид

Post Views: 0 Драстично зголемен бројот на пациенти во изминативе две недели кои се јавиле кај своите матични лекари дали со симптоми на настинка или пак со посериозна клиничка слика на грип . Зголемување на бројките бележат и во Центарот за јавно здравје од Охрид каде само до минатата недела биле регистрирани 100 случаи на грип споредено со претходниот период кога се бележеле по само 5 -6 случаи. Д-р Јованка Стурлакова-Коровешоска, епидемиолог при Центарот за јавно здравје, вели дека на најголемиот број од пациентите кои пристигнале со симтоми на грип им била дадена антивирусна терапија...

Continue reading

lovorov venec

Славе Банар-прв охриѓанец добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“

Post Views: 20 Охриѓанецот Славе Банар годинашен лауреат, добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Поемата „Амбар“ едногласно избрана за најдобра поема за 2014та година помеѓу петнаесет други пристигнати поеми. Лауреатот, Славе Банар вели дели дека тој само чекорел по стапките на Прличев кои ги следел целиот свој живот. „Се чувствувам малку повластено, се чувствувам по малку на некој начин благословено што успеав да продолжам во еден од најтешките жанрови, поемата која досега е ненадмината после Прличев и навистина не само што ми беше среќен моментот на добивањето...

Continue reading

narko centar

Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници

Post Views: 14 Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници Охрид, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за социјална работа и до детската градинка Развигорче.  Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Охрид истакна дека во соработка со општината и градоначалникот Никола Бакрачески работат на изнаоѓање решение за дислокација на овој центар. „Јас и во посетата на Центарот за социјални работи разговарав и со граѓаните кој живеат тука бараме соодветен простор кој што мора да биде во државна или во општинска сопственост. Се надеваме...

Continue reading

andon dukov

Сеуште се бара загадувачот на водата кај плажата „Андон Дуков“

Post Views: 2   Ни повторените испитувања на квалитетот на водата кај плажата „Андон Дуков“ не го открија дефинитивно виновникот за загадувањето. По првите поразителни резултати кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри, повторените испитувања велат дека езерото извршило самопрочистување, па сега квалитетот на водата кај „Андон Дуков“ е со втора класа. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, вели дека при работата на терен биле забележани...

Continue reading

centar

„Катедралата Света Софија: Од Охрид до Полотск“

Post Views: 0 Институтот за социо-културна антропологија на Македонија во соработка со Европскиот хуманистички универзитет од Вилнус, Литванија организираат фото-изложба „Катедралата Света Софија: Од Охрид до Полотск“.  Автор на фотографиите е проф. д-р Сергеј Тарасов, a изложбата  ќе биде поставена во сабота на 17-ти јануари 2015 година во во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Отварањето е во 12 часот. {loadposition content9}

Continue reading

tsunami

Цунами ќе ја уништи Македонија на 30-ти март?!

Post Views: 3 Виртуелниот земјотрес во Јадранското море, после кој ќе следи и разорно џунами ќе се случи на 30-ти март во 04:02 часот, ќе ги зафати сите екс-југосоловенски републики, освен Словенија и ќе усмрти десетина илјади луѓе, а зад себе ќе остави хаос и голема материјална штета.Иако на прв поглед изгледа дека станува збор за „несолена првоаприлска шега“, станува збор за интернет вежба на Центарот за истражување на државниот универзитет во Сан Диего Вежбата наречена „X24 Europa“, ќе се спроведе за да се истражи моќта на социјалните медиуми и користење на ресурсите на интернет...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top