Ознака: цела

Цела пандемија теоретичарите на заговори дезинформираат за ,,пландемија”

Post Views: 1 Во постот што го рецензираме, изнесени се купишта дезинформации, како таа за ПЦР тестот, но и тврдењето дека политичарите лажно се вакцинирале. На теоретичарите на заговори дури и со камера им беше вршен директен пренос од вакцинацијата на политичарите, но и тоа не им е доволно да поверуваат дека политичарите навистина примија вакцина. Неточно е и изнесеното во постот дека вакцината не е испитана. Целата теорија на заговор за „непостоечката пландемија“, се врши и врз грбот на медиумите, кои во текот на пандемијата известуваа секојдневно од многу ризични локации, како...

Continue reading

К-15 нема да има за цела администрација

Post Views: 0 Освен за капитални инвестции, во буџетот ќе има повеќе пари и за јавната администрација. Иако од лани во март до пред неколку недели поголем дел од нив не одеа на работа поради мерките за заштита од пандемијата, сега сите ќе добијат пари и за регрес за годишен одмор, или т.н. К-15. За оваа намена ќе се потрошат дополнителни 4 милиони евра. Од владата велат дека ова било ветено уште за лани, но поради кризата имало одложување. Од синдикатот велат дека овие пари нема да ги добијат сите во јавниот сектор, туку само оние кои се опфатени со гранскиот колективен договор: „Во...

Continue reading

Викендов цела Европа заеднички броеше пеликани

Post Views: 4 Веќе 11 години МЕД спроведува попис на популацијата во Преспа заедно со колегите од Езерани и НП Галичица. Од 2010 година МЕД спроведува Среднозимско пребројување на водни птици во Преспа, во рамки на еден од најопсежните и најдолготрајни мониторинг-активности во светот(International Waterbird Census). Од 2019 година имаме воспоставено шеми за редовно следење на трендот на избрани популации водни птици: голема и мала бела чапја, црвена чапја, мал корморан, бел и кадроглав пеликан, црвеноглав кожувар, цуцулеста патка, црн кожувар, цуцулест нуркач и различни видови трскари....

Continue reading

Едно возило за цела болница во Струга

Post Views: 4 Општа болница Струга располага само со едно болничко возило. Тоа е за потребите на сите одделенија во оваа медицинска установа. Не ретко посебно во летниот период се случува да има потреба и по неколку пати во текот на денот ургентно да треба да се транспортираат пациенти до Државната болница во Скопје, открива директорот на болницата д-р Асим Муса. Тој додава дека често и тоа возило и покрај тоа што е функционално, има дефекти. „Вистина е дека имаме само едно возило. Истото е од 2007 година и има поминато 400 илјади километри. Цела болница го користи само тоа возило....

Continue reading

38 лица не ја почитувале забраната за движење на територијата на цела држава

Post Views: 2 Во текот на изминатото деноноќие (20/21.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 38 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 81 прекршок. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се...

Continue reading

Комплетниот лекарски тим на Баерн го напушти клубот

Post Views: 3 Гостувањето на Баерн во Порто не донесе само пораз од 3-1 туку и заминување на комплетниот лекарски тим. Виновник за оваа ситуација е Пеп Гвардиола кој ги обвини токму нив за поразот во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Да потсетиме, Баерн во клучната фаза од сезоната игра без најголемите ѕвезди Рибери, Робен, Швајнштајгер, Алаба, Мартинез, а од неодамна во натпреварот со Леверкузен се повреди и важниот дефанзивец Мехди Бенатиа. Токму неговата повреда го предизвика Гвардиола да направи, за Германците, прилично безобразен потег. Се свртел спрема лекарскиот тим и иронично...

Continue reading

За 40 минути заработил 250.000 долари

Post Views: 2 За 40-минутен говор во Абу Даби заработил повеќе отколку во цела 2013-та година. Екс шефот на американската централна банка, Бен Бернанки го одржал својот прв јавен говор откако во јануари ја напуштил Фед, пренесува Reuters. Тоа е само прв од трите говори кои Бернанки ќе ги одржи оваа недела ширум светот, а во кој бившиот шеф на Фед се осврнува на тактиката на централната банка на САД за време на финансиската криза 2007-2009, што на големо ја истражува и за кое планира да издаде книга. На конференцијата во Абу Даби, во организација на Националната банка на Абу Даби,...

Continue reading

Тригодишно девојче со IQ поголемо од 160

Post Views: 7 Тригодишно девојче е примено во Менса, ексклузивен клуб на генијалци, затоа што нејзиниот IQ изнесува повеќе од 160. Американката Алексис Мартин од Квин Крик е најмладиот член на Менса, а како што известува телевизиската станица во Феникс, со три години чита како учениците од 5-то одделение, сама научила шпански јазик, користејќи го ајпадот од своите родители, а резултатите од стандардниот тест на интелегенција ја сместуваат во горните 2% од општата популација. Нејзиниот татко Јан Мартин за АБЦ15 рекол дека ја приметиле Алексис дека е поинаква кога имала само една година....

Continue reading

banknoti

Цела фирма без плата за само една грешка

Post Views: 1 Ако во пресметката за цела плата за јануари има грешка за само еден вработен, не ќе може да се исплати плата за целата фирмата, предупредуваат од Управата за јавни приходи (УЈП). Како што пишува весникот „Дневник“, УЈП препорачува за да се избегне ризикот од доцнење со платите, работодавците да поднесат тест пресметка за интегрирана наплата на давачките за јануари, при што ќе се утврдат евентуалните грешки. Управничка на Дирекцијата за големи даночни обврзници Елена Петрова, вели дека има ризик за работодавците што не плаќале придонес за пензиско и инвалидско осигурување...

Continue reading

Шок во Каталонија

Post Views: 4 Државниот судија на Шпанија, Пабло Руз, го прифатил обвинението на обвинителството во случајот на каталонскиот клуб Барселона, за кој се верува дека ја оштетил државата за 9,1 милиони евра за трансферот на Бразилецот Нејмар. Руз уште во декември ја побарал цела документација од Барселона за трансферот на Нејмар, но и сите финансиски извештаи за 2011, 2012 и 2013 година. По два месеци проучување на документацијата Руз одлучил да ја обвини Барселона за оштета на државата во двата случаеви. Да се потсетиме дека каталонскиот клуб тврдеше дека за Нејмар платил 57 милиони...

Continue reading

Во Охрид е најнизок процентот во цела држава на вакцинирани девојчиња од ХПВ вирусот

Post Views: 1 Во Охрид е најнизок процентот во цела држава на вакцинирани девојчиња од ХПВ вирусот. Иако вакцината е четириваленттна и заштитува од четири типови на карцином на грлото на матката , сепак родителите сеуште се скептични за нејзините позитивни дејства. Потребна е поголема информираност, едукација, но и поддршка од здравствените работници.           „Многу од родителите одбиваат нивните деца да ја примат вакцината и тоа за жал по препорака на здравствените работници кои се против вакцинирањето на децата на 12годишна возраст.“ вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Најдобро...

Continue reading

kalimanci

Штип ја преживеа ноќта

Post Views: 0 Штип ја преживеа ноќта, а најавуваните и очекувани поплави и изливање на течението на река Брегалница не се остварија барем засега. Брегалница засега во Штип и Ново Село е под контрола но се најавуваат уште дождoви, но она што загрижува е браната Калиманци. Калиманци е под огромен притисок, сеуште се испушта големо количество вода со што сеуште во опасност се доведува регионот во М. Каменица и цела Источна Македонија. {loadposition content9}  

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top