Post Views: 2
Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции. Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна.
„Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот...
Post Views: 3
Охриѓанката, Домне Симончева припаѓа на генерацијата волонтери на општинскиот Црвен крст од самото нејзино формирање, март 1945 година. Оваа наша сограѓанка, во своето сеќавање се навраќа со видливи симпатии на периодот кога станала дел од оваа хуманитарна организација. По завршувањето на 2 -та светска војна, осиромашеното население добивало меѓународна помош. Добиените пакети со облека и храна се распоредувле за граѓаните по месни реони, а постоела Комисија која строго ја контролирала поделбата. Црвениот крст водел огромна грижа помошта да не се злоупотребува, се...
Post Views: 0
Голем јубилеј на Охридскиот црвен крст. Клубот на млади од општинската организација на Црвениот крст од Охрид слави 15 години од своето постоење. Својот роденден, Клубот на млади ќе го прослави во сопствен стил. Како поинаку ако не со хуманитарна забава. Оваа забава го означува почетокот на новиот циклус на акциите за Промоција на хумани вредности кои што ги работи Охридскиот Црвен крст. Истовремено ќе биде промовиран и новиот тим кој ќе работи на овие проекти, а граѓаните на Охрид ќе имаат можност и самите да покажат хуманост.
„Забавата е од отворен карактер, може да...
Post Views: 0
Скромна помош за неколку Охридски семејства. ОК на ВМРО ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Божик, спроведе хуманитарна акција. На три социјално загрозени семејства им беа подарени социјални пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена. „ Континуитетот на правење хумани дела ќе продолжи и понатаму. Ние сме народна партија и токму поради тоа, треба да сме постојано тука за потребите на нашите граѓани, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов.Социјалните пакети се подготвени од средствата собрани на хуманитарниот коктел, кој...
Post Views: 4
Во предпразничен дух денес беше организирана хуманитарна акција во сите поголеми градови во нашата земја. Организатор на оваа акција е социјал демократската младина. Граѓаните кои ги затекнавме како донираат новогодишни пакетчиња ги запрашавме што мислат за акциите од ваков карактер.
Оваа акција е организирана со цел новата година да им ја разубавиме на лицата со посебни потреби и деца без родители, вели Игор Јорданов. Сакаме да им покажеме дека не се заборавени и да ги израдуваме со новогодишни пакетчиња. Ова е прва ваква акција откако е тој претседател на социјал...
Post Views: 0
Хуманоста е доблест која треба да се развива и надоградува во секоја прилика. Пример за тоа се учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“, кои денес организираа хуманитарна акција. Со голема желба и ентузијазам, учениците кои го изучуваат италијанскиот јазик беа организатори на овој настан. Сите на различен начин придонесоа за успешна реализација на оваа акција. Дел од нив донираа тестенини, ученикот Иво Секуловски ги дизајнираше и ги изработи плакатите, а заедно со Марија Тодоровска и Ангела Јанкуловска, овој настан го овековечија преку своите фотографии.
За првпат,...
Post Views: 3
Под мотото „За посреќно детство“ Црвениот крст од Охрид организира хуманитарна спортско-рекреативна акција за децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца.
Само со донација од 30 денари секој граѓанин може да усреќи некое дете.
Во сабота ќе се одржи третата хуманитарна спортско-рекреативна акција во која ќе се прибираат средства од спонзори и донатори. Младите пак можат да земат учество во различни спортско-рекреативни содржини купувајќи учеснички број кој чини 30 ден.
Секој кој ќе купи учеснички број за акцијата ќе може да се натпреварува во повеќе...