Ознака: хрватска

maica

Најславната маица во Хрватска

Post Views: 0 Снимателот што ја носеше спорната маица „Не ми треба секс, Владата ме е.. секој ден“, а што ја изиритира хрватската премиерка Јадранка Косор, ја понуди маицата на аукција. „Се решив да ја продадам маицата преку аукција, а целокупните средства да им ги подарам на оние што им требаат повеќе од мене. Маицата лично ќе му ја врачам на купувачот“, изјави моментни најекспонираниот снимател во Хрватска, Иван Цвирн. Аукцијата беше отворена вчера, а завршува на 12 август во 20 часот. Само во првиот час и половина од објавувањето на понудата, маицата од почетната 1 куна достигна...

Continue reading

zeleznicka nesreka

Шест мртви во железничката несреќа во Хрватска

Post Views: 1 Најмалку шест лица загинаа, а околу 50 се повредени во железничка несреќа што вчера попладне се случи во Хрватска. Несреќата се случила откако воз, што сообраќа на релација Загреб – Сплит, излетал од шините во местото Рудине, крај Каштела. „Примивме 50-ина патници, кои се транспортирани со автобус, а станува збор за полесно повредени“, изјави попладнево заменикот директор на болницата во Сплит за агенцијата Хина.               {loadposition content9}

Continue reading

Karl Bilt

Советот на ЕУ ќе ги мири Хрватска и Словенија

Post Views: 5 Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт ги повика Хрватска и Словенија да ја „смират реториката”, истакнувајќи дека е во интерес на двете страни што побрзо да го решат граничниот спор. „Мислам дека двете страни отидоа предалеку…Сега и јавно ќе кажам – треба да се биде внимателен во реториката, Балканот е место каде мора да се биде внимателен со реториката бидејќи луѓето веруваат во тоа што ќе се каже, а тоа може да предизвика последици”, изјави Билт. „Во интерес на двете страни, во интерес на сите е тоа прашање да се реши – што...

Continue reading

Фолклорниот ансамбл „Отекс“, со прва награда од Хрватска

Post Views: 8 Фолклорниот ансамбл „Отекс“, остануваат вистиниските фолклорни амбасадори. Нивниот настап и презентацијата на кореографијата на „Биљана платно белеше“, им ја донесе, Шампионската титула „Лоран“ на истоимениот фолклорен фестивал, кој неодамна се одржа во Водњан Хрватска. Во конкуренција од десет ансамбли од Македонија, Италија, Австрија и Хрватска, охридските играорци и играорки, се покажаа како најдобри. Бојан Трајчески – менаџер ФА „Отекс“ истакна дека се презадоволни од ова признание добиено во толку силна конкуренција и дека сеуште се под импресии од реакцијата на...

Continue reading

Jadranka Kosor

Јадранка Косор, нов премиер на Хрватска

Post Views: 4 Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, ја назначи Јадранка Косор за премиер на Хрватска, со што за прв пат на оваа функција во државата застанува жена, пишува весникот “Монд“. “Косор ме увери дека располага со неопходно мнозинство во парламентот, затоа и давам мандат, за да формира новат Влада“, го  објаснил своето решение Месиќ. Тој додал оти очекува новата влада да води јасна и силна про-европска политика. {loadposition content9}

Continue reading

Sanader i Tadic

Историска економска соработка меѓу Србија и Хрватска

Post Views: 1 Документот, ќе го потпишат српскиот вицепремиер и министер за економија Млаѓан Динкиќ и хрватскиот вицепремиер и министер за економија, Дамир Поланчец. Договорот за економска соработка меѓу Србија и Хрватска ќе ги дефинира и приоритетните области на соработка, како што се бродоградба, машиноградба, енергетика и електротехничка индустрија, инфраструктура, како и земјоделската и прехранбената, тутунската, хемиската и дрвната индустрија, вклучувајќи го и туризмот.   {loadposition content9}

Continue reading

logo

Набрзо решение на спорот Хрватска-Словенија

Post Views: 0 Словенечкиот претседател Данило Тирк изрази очекување дека ќе биде решен граничниот спор со Хрватска. Според Тирк, посредничката иницијатива на Европската комисија и напорите на еврокомесарот за проширување Оли Рен ќе отворат пат до решение. „Многу сериозно ја разгледуваме таа иницијатива“, изјави Тирк за австрискиот весник Куриер, осврнувајќи се на посредничките напори на ЕК. „Доставивме неколку предлози за измена на предлогот на Комисијата. Се надевам дека врз основа на тоа ќе биде можно брзо да напредуваме“, изјави Тирк. Тој нагласи дека Словенија „во никој случај“...

Continue reading

logo

Во Хрватска стоп за пушењето и на јавни места

Post Views: 9 Хрватска од денеска целосно го забранува пушењето на јавни затворени места, официјално е соопштено. Забраната е регулирана со закон, кој во Хрватска од денеска стапува на сила. „Шестмесечниот преоден период за баровите и рестораните истекува денеска и законот за целосна забрана на пушењето целосно ќе стапи на сила“, соопшти хрватското Министерство за здравство. Целта на законот, е да се заштитат непушачите кои сочинуваат 68 проценти од 4,4 милионското население на Хрватска. Казните за прекршување на законот изнесуваат до 2.100 евра за поединци и до 21,000 евра за сопственици...

Continue reading

logo

Албанија и Хрватска и официјално станаа членки на НАТО

Post Views: 1 Двете балкански државиги предадоа ратификационите документи во американскиот Стејт департмент. На свеченоста во Вашингтон, заменикот американски државен секретар Џејмс Стејнберг ги прифати инструментите за приемот на Албанија и Хрватска во Алијансата, за кој депозитар е американската Влада. Во моментот на прифаќањето на ратификационите документи, Албанија и Хрватска станаа дел од НАТО.   {loadposition content9}

Continue reading

znaminja

Нов круг преговори меѓу Хрватска и Словенија

Post Views: 6 Новиот круг на преговори меѓу Хрватска и Словенија за решавање на меѓудржавниот граничен спор, со посредство на ЕУ, ќе започнaт денеска. Двете страни ќе ја разгледуваат рамката во која ќе делува стручна група за решавање на граничниот спор и прашањето за продолжување на хрватските пристапни преговори под водство на бившиот фински претседател Марти Ахтисари. “Ахтисари го гледам како претседател на група неодреден број експерти кои бараат европско решение. Тој има големо искуство во решавање на конфликти и ужива голем углед“, изјави синоќа во Брисел еврокомесарот за проширување...

Continue reading

Borut Pahor

Средба на шефови на дипломатии на Словенија и Хрватска

Post Views: 2 Шефовите на дипломатии на Хрватска и на Словенија денеска во Брисел ќе се сретнат со еврокомесарот за проширување на ЕУ за предлогот за посредување на ЕУ во граничниот спор, најавено е синоќа во Загреб. Министрите Гордан Јандроковиќ и Самуел Жбогар ќе разговараат со европретставникот Оли Рен за деблокирање на хрватските пристапни преговори во Унијата поради спорот со границата. “На состанокот ќе го појасниме хрватскиот одговор на предлогот за медијација“, изјави портпаролот на хрватското Министерство за надворешни работи Марио Драгун. И двете држави начелно ја прифатија...

Continue reading

znaminja

Оли Рен ќе ги мири Словенија и Хрватска

Post Views: 7 Европската унија очекува Словенија и Хрватска да ја прифатат понудата за посредување во граничнииот спор кој ја успори Хрватска на патот кон приклучување кон Унијата, изјави синоќа еврокомесарот за проширување Оли Рен. „Сите претходни обиди во последните 18 месеци пропаднаа и не гледам какво било друго одржливо решение и затоа очекувам потврдни одговори од двете земји“, рече Рен. Тој рече дека не гледа зошто едната или другата земја априори би одбила ваков вид на посредување на Европа „која просто цели кон решение на граничниот спор меѓу двете земји и деблокада на процесот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top