Post Views: 0
Конрад Коморничак, Томаш Нивински и Павел Грабовски се тројца млади и талентирани филмски работници од Полска и тие се фасцинирани од нашиот град. Оваа фасцинираност, тие нема да ја зачуваат само како спомен од едно патување, не, тие со своите знаења и уметничка душа, убавините на Охрид ќе ги овековечат во игран филм.
Идејата им е тоа да биде комедија за млади луѓе од Полска кои притиснати од финансиски, семејни проблеми и притисоци доаѓаат во Охрид и откриваат едно одлично место за забава. Еве како дошле на идејата, главната ѕвезда на нивниот филм да биде нашето идилично...
Post Views: 9
Делата на режисерот Жак Доајон, повеќе шепотат отколку што викаат, а во одредени филмови има и насилство врз чувствата. Вака накратко човекот кој го прави изборот на филмовите за Францускиот Филмски фестивал Ив Алион го опиша творечкиот опус на режисерот и почесниот гостин на фестивалот Жак Доајон.
Режисерот пак со задоволство раскажа за снимањето на филмот Никаквица, филм кој го снимал пред 1 век. Кажа дека во тоа време многу полесно се снимале филмови и дека не се секогаш парите главни виновници доколку некој филм не е добро прифатен. Пример за ова е токму филмот...
Post Views: 0
Филмска вечер во Охрид. Во центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе се прикажуваат два документарни филмови и еден краткометражен игран филм. Трите се режирани од младиот македонски режисер, Гоце Димовски.
Првиот документарен филм, насловен „Трендафил и кунатка“ е снимен во 2006та година и претставува етнолошки документарен филм, а ја обработува темата пустошот на македонското село. „Бисерот од небото“, вториот документарец всушност претставува портрет на познатиот музичар Јане Ангелевски и е посветен на годишнината од неговото упокојување. Покрај овие два филма,...
Post Views: 13
Во почетокот на мај ќе започнат интензивните подготовки за снимање на дел од македонскиот игран филм „До балчак“, или со работен поднаслов „Приказна за Дивиот Исток“ во режија на Столе Попов, а според сценарио на Академик Горан Стефановски. По кастингот во Битола, денеска се бараа статисти и меѓу охриѓани, за сцените кои ќе се снимаат во Св. Наум. Кастингот во Охрид е само еден ден, во споредба со Битола каде статисти се избираа 8 дена, затоа што таму ќе се снима најголемиот дел од филмот или околу 70 %. Делови од филмот ќе се снимаат и во Св. Николе, Овче Поле, и...
Post Views: 2
Секој мозаик има повеќе мали составни делчиња кои ја даваат целата слика. Така и „Скопје ремикс“ филмот за културниот ритам на градот под Калето преку девет кратки филма се обидува да го дофати духот на една генерација. „Скопје ремикс“ е сложувалка на чие составување во изминативе две и пол години работеа десет млади македонски режисери меѓу кои Борјан Зафировски, Дарјан Пејовски, Огнен Димитровски Срѓан Јанакиевиќ, Ѓорѓе Ставрески, Саша Станишиќ, Јане Алтипармаков, Вардан Тозија, Бојан Трифуновски и Синиша Ефтимов.
Водечка сила на филмот е музиката, музиката создавана...
Post Views: 2
На Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно на Телевизија ТВМ, ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици.
Филмот е документиран, видео запис за славењето на Христовото крштевање во Охрид и приказ на најатрактивната и најмасовна прослава на Водици во овој дел од православниот свет со доловување на многувековната традиција, богатство на обичаи и култот на охриѓани за празникот. Со кумството на Чифлиганец, првиот кум за Водици во Охрид, кој нема...
Post Views: 0
Вечерва во центарот на култура Григор Прличев ќе се одржи проекција на филмот „Мирно лето“во режија на Димитрие Османли. Со вечерашното прикажување на филмот ќе се одбележи 50 годишнината од снимањето на единствената македонска комедија од која целото дејствие се одвива во Охрид. Во вечерашната проекција повоздрасната публика ќе се потсети како некогаш изгледале хотелот Палас, Чинарот, Канео, Св. Климент, поточно ќе се присети што е тоа Македонското филмско наследство.
Вечерва на проекција на филмот ќе присуствува и дел од актерската екипа, Љупка Џундева и Мери Бошкова,...
Post Views: 1
Со проекција на филмот „Анонимни емотивци“ во режија на Жан – Пјер Америс вечерва во центарот за култура Григор Прличев ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на француски филм во Охрид.
На фетивалот според најавата на организаторот ќе бидат прикажани 7 играни жанровски различно насочени филмови и 6 кусометражни.
„На свеченото отварање вечерва ќе присуствуваат министрката за култура Елизабета Канчевска Милевска, амбасадорот на Франција во Македонија Жан Клод Шлумберже, државниот секретар во Министерството за култура, Дарко Стефановски, како и бројни...
Post Views: 3
„Јас сум била и останувам актерка до крај на животот. Со распаѓањето на Југославија ништо не е како порано. Посебно на полето на драмската уметност“. Ова е дел од исповеста на познатата српска актерка Ева Марија Балаш – Стевиќ, вистинсакото име на Ева Рас. Познатата српска глумица Рас, пред камерата на ТВМ сигурна во себе изјави, дека и покрај годините што ги има, таа не се откажува од глумата и сеуште очекува предизвици на драмското поле.
„Фала му на Господ се е в ред. Синиша Павиќ пишува улоги и за стари жени какао што сум јас, така да во Бела лаѓа имав фантастична...
Post Views: 0
Документарниот филм „Јас и мојот живот без некои работи“, на охридскиот режисер и сценарист Илија Пиперкоски и во Охрид. Охриѓани за десеттина дена конечно ќе ја видат приказната за која толку многу се зборуваше изминатив период – за 22 годишното момче кое го бара својот биолошки татко низ 23 милионската земја Романија.
Пиперкоски за ТВ М открива детали и за својот прв игран филм кој е снимен и чека за монтажа. Тој додава дека многумина ќе се пронајдат во филмот и дека се радува што успешно ги обработува чувствата и на двете страни, и на момчињата и на девојчињата.
„Сакам...
Post Views: 0
„Панкот не е мртов“ конечно ја здогледа светлината на денот. Иако се соочуваше со повеќе проблеми од самиот почеток, филмот сепак успешно завршен. Снимањето траеше седум недели, главно на локации во Скопје, но и во Куманово, Дебар и Дебарско Езеро. Се работи за Панк филм и објаснување на некои дејствија кои ни претставуваат една поинаква Македонија. Во филмот учествува и навивачката група Комити Скопје. Овој филм премиера ќе доживее и во Охрид.
„На 15ти Април во Центарот на култура ќе се одржи премиерата на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“. Филмот припаѓа...
Post Views: 1
Во годината која изминува НУ Центарот за култура „Григор Прличев“ ги оствари своите поставени цели. Во центарот беа одржани околу 100 настани меѓу кои ликовни уметнички изложби, голем број промоции, премиери на филмски и драмски претстави. Проектите кои беа одобрени во целост се исполнети. Балканскиот фестивал на народни песни и Охридски староградски средби преминуваат во традиционални манифестации кои предизвикуваат огромен интерес кај публиката. Успешна промоција доживеа и проектот за животот и делото на Александар Македонски за чија реализација задолжена беше Ангелина...