Post Views: 7
За прв пат во градов се организира повеќедневен камп на деца од неколку градови од поранешните ЈУ простори. Основното училиште Св. Климент Охридски интензивно работи на подготовките на овј камп кој треба да се одржи од 4 до 8 декември, во неделата кога се одбележува и патрониот празник на ова училиште, но и на градот. Кампот го носи името Боите на светлината, а на него ќе учествуваат деца од четири градови и тоа Пиран од Р. Словенија, Котор Р. Црна Гора и Кикинда и Белград, Р. Србија. Се очекува да пристигнат околу 20 деца заедно со своите ментори. Учениците ќе бидат...
Post Views: 0
Учениците од ОУ Христо Узунов се приклучија во големата еколошка акција која охридските основни училишта ја спроведуваат по повод Светскиот ден на акцијата и на еко-училиштата. Собираа отпадна хартија и пластика, за од нив да успеат да направат фустани, шапки и костими. Децата, заедно со нивните родители, баби, дедовци и предметни наставници, ја употребија својата фантазија, па со изработените модни парчиња, организираа и убава ревија. Еве што ни кажаа дел од нив:
„Мене многу ми беше лесно, три дена ги збиравме овие.“
„Мене ми беше лесно да ги собирам отпадоците и сакав...
Post Views: 6
Учениците од прво до осмо одделение во О.У. „Братство Единство“, денес покрај училишните обврски беа дополнително ангажирани. Тие со различни активности го одбележаа денот на ослободување на градот 7 ми Ноември а воедно го одбележаа и светскиот „Ден на акција“, на еко-училиштата и еко-градинките. Некои засадија цвеќиња, други танцуваа, трети изведуваа игри без граници и сите беа задоволни од сработеното.
„Ние денеска садевме разни цвеќиња и горди сме што го разубавивме училиштето. Jас бев вклучена во активноста за садење на цвеќиња и ќе допринесиме за уредување на...
Post Views: 6
Антонио, Натали, Дејан и Десат, ученици од угостителското училиште „ Ванчо Питошески“, се закитија со медалји на меѓународниот натпревар во областа на угостителството. Учениците освоија четири медалји, една златна, две сребрени и една бронзена во неколку натпреварувачки дисциплини од областа на туризмот и угостителството. Младите угостители покажаа одлични резултати во подготвување на коктели и гастрономски специјалитети, како и во презентација на туристичка дестинација и бариство. Синоќа, овие охридски ученици беа меѓу прогласените победници во скопскиот хотел...
Post Views: 15
Течат завршните подготвки за одржување на 25 -та конференција на Асоцијацијата на туристичките училишта и вишите школи од Европа. Од утре до 12 октомври Охрид ќе биде домаќин на средбата на која се очекуваат 600-тина гости од 30 европски земји. Организатор на конференцијата е скопското туристичко училиште „Лазар Танев“ , а голема логистика и поддршка има од охридското туристичко училиште „Ванчо Питошески“, информира директорот на ова училиште, Секула Баткоски.
„ Добро е за Охрид да се донесат гости, а ќе се афримира туризмот, Охрид и Македонија. Сликата за...
Post Views: 2
Се наѕира ли конечно решение за проблемот со затоплувањето во основното училиште „Свети Климент Охридски“? Како причина број еден за овој сериозен проблем, се смета старата и дотраена дограма во ова основно училиште.
Според зборовите на првиот човек на градов, градоначалникот Петрески, за скоро време и овој проблем би требало да добие своја разрешница.
„Свети Климент училиштето ние имаме намера да ја смениме дограмата бидејќи е стара, дрвена дограма и бевме до пред некој месец убедени дека со Норвешката амбасада имавме проект дека тие ќе вложат како амбасада за тоа...
Post Views: 13
Постаментот на кој стоеше бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев во истоименото училиште во Подгорци остана празен. Дознаваме дека уште во четвртокот некој ја извадил, но поради што, се плетат различни приказни.
Едни велат бронзениот споменик тежок 200 килограми бил разнишан и паднал, а други дека намерно бил тргнат. Ни учениците кои секојдневно се собираат околу споменикот поставен веднаш до основното училиште не знаат што точно се случило со бистата.
Спомен обележјето на Гоце Делчев во училиштето е поставено од страна на одборот на манифестацијата „Гоцеви...
Post Views: 19
Децата се познати по тоа што умеат од ништо да направат нешто. На нивната огромна креативност навистина и нема граници. Ако се сомневате во тоа тогаш ви ги претставуваме учениците од основното училиште „Христо Узунов“. Тие, со сопствен труд, направиле интерактивна бела табла. Потребни им биле само делови од познатата играчка конзола Нинтендо Вии, лед диоди и голема доза на иновативност. Идејата ја добиле од на интернет, а ни објаснија дека тоа е онаа табла на која се прават визуелни презентации.
„Интерактивната бела табла беше препознатлива по својата уникатност затоа...
Post Views: 0
Охрид по 24 пат ќе биде домаќин на староградските средби. Во Центарот за култура утревечер ќе одекне староградската песна од различни краеви на Македонија. Десет ансамбли од различни градови и возрастиќе го престават преку музиката крајот од каде што доаѓаат. Учениците од Државното музичко училиште
„ Илија Николоски Луј“ ќе имаат сплет од песни и ора посветени на познатите охридски староградски музичари Тајфата на Садило, појаснува директоката Драгана Боцеска.
„Програмата е составена од изведувачи на различни возратси ија негуваат староградската музика и со ентузијазам,...
Post Views: 11
Децата со интелектуална попреченост по завршувањето на основното се вклучуваат во средното образование. Најчесто овие ученици го продолжуваат образованието во стручните општински училишта. Од Бирото за развој на образованието нагласуваат дека наставната програма за овие средношколци е прилагодена. Од друга страна пак, професорите кои во пракса се сретнуваат со ваков начин на инклузија на учениците во образовниот процес велат дека имаат потреба од стручна помош на дефектолозите. Засега, нив како кадар во средните училишта ги нема. Дефектологот Наташа Илоска, од основното...
Post Views: 2
Основното музичко училиште „Методиј Патчев“ прави напори за воведување на средно музичко образование во градов. Оваа идеја тлее од поодамна, но се чека да се создадат услови за нејзина реализација, вели директорката Нина Момировска. Веќе е разговарано со министерот за образование.
Инаку, во ова основно училиште музички се образоваат 326 ученици. Само во оваа учебна година се запишале 67 од кои 37 се првооделенци и ќе ги изучуват инструментите клавир и виолина, а 27 се петтооделенци и ќе ги изучуваат инструментите флејта, гитара, кларинет и хармоника. Момировска вели...
Post Views: 5
Владата ќе гради ново училиште во Калишта, со што маките на родителите и децата кои учат во оваа руина ќе станат минато. Со ова уште еднаш се покажа дека доколку се сака нешто, истото може да се добие само со здружени сили. Отако заменик министерот се увери во фактичката состојба на училиштето, беше крајно искрен и рече дека „Човек може да се наежи од она што го гледа и од оваа состојба во која учат децата“.
„Ова го нема ни во Африканскиот континет, а не камоли во Европа. Ние сега ќе отпочнеме со сите процедурии законски предвидени постапки што е можно побрзо да направиме...