Ознака: сопственикот

lokacija

Спорно ли е земјиштето на кое ќе се гради елитниот хотел?

Post Views: 6 Бран контроверзии излегоа по вчерашната прес конференција на туристичката агенција Фибула Травел околу изградбата на елитниот хотелски комплекс. Нејаснотиите се појавија околу спорното градежно земјиште кое агенцијата го купила на јавен повик на државата, преку лицитација на која Фибула Травел била единствен понудувач. Имено за потсетување, сопственикот на градежното претпријатие „Трудбеник“ тврди дека тој има корисничко право на дел од парцелата која била предмет на државниот тендер. Веднаш се наметнува прашањето како може Министерството за транспорт и врски да распише...

Continue reading

Gradski park

Ќе скокаме легално или нелегално?

Post Views: 6 Легален или нелегален статусот на детските реквизити за банџи скокови, кои пред помалку од еден месец никнаа во градскиот парк? Неодамна, првиот човек на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, Танас Танасоски, кажа дека сопственикот на ова парче урбана опрема, поседува валиден важечки договор, па со тоа нема простор за нивно делување. Станува збор за договоро за закуп на простор, кој во 2007-та година лицето Трајанчо Митрески го има склучено со Општина Охрид, договор кој истекува во 2012 година. Танасоски појасни дека ваквите договори се издаваат со амин...

Continue reading

humanitarna pomosh

Стигна помош за Митреви

Post Views: 1 Велигденски празници со полна трпеза. Со солзи радосници фамилијата Митреви ја дочека хуманитерната помош на охридската компанија Гир Риг. За ова семејство, ТВМ сериозно се нафати, прикажувајќи ја нивната слика на живот во неколку наврати, со цел да ги поттикне сите хумани луѓе во Охрид, да бидат дел од обезбедувањето на подобро утре на едно 5 члено семејство, кое со сите сили се бори со тешкиот и сиромашен живот. Претседателот на Црвениот Крст, Сашо Точков, вели добро е сите кои се во можност да го следат овој пример, како би се подигнала општествената одговорност,...

Continue reading

shut

Човек на човека-загадувач е!

Post Views: 0 Еколошката свест во Македонија е на нула  разочарано вели нашиот сограѓанин, познатиот угостител Љупчо Патчев. Тој е голем почитувач на екологијата и вљубеник во природата. По 30 години поминати во елитната туристичка населба Лагадин тој решава да го напушта местото  на живеење бидејќи увидел дека се губи мирот и автентичноста на населбата. Патчев, изградил нов дом во потрага по спокој и  природните убавина во блиската населба Лескоец. Но, и од таму е разочаран вели нити малку не е пријатно пред вратат на својот дом  секојдневно да гледате купчиња од шут, а надлежните...

Continue reading

iseceni stebla

Службеник самоиницијативно „им пресуди“ на дрвјата на Партизанска

Post Views: 1 Дрворедот на улицата “Партизанска“ остана без 6 стебла. Овој вандалски чин ја вознемири охридската јавност. На кого му пречеа дрвјата и кој донесе решение за овој чин, одговор побаравме од Локалната самоуправа. Од таму информираат дека дрвјата се исечени без знаење на градоначалникот и раководителите на секторите задолжени за оваа проблематика. Во рамките на администрацијата на Локалната самоуправа, постои четиричлена Комисија за сечење на дрвја, составена од стручни лица вработени во локалната. По барање на граѓани или правни лица, по претходно информирање на градоначалникот...

Continue reading

policija

Ги натепал вработените затоа што побарале плата

Post Views: 1 Четири вработени во текстилната компанија „ Викторија – Фешн “ барајќи си ги своите основни права биле нападнати вчера од сопственикот. Вербалната расправија до која дошло во просториите на компанијата излегла од контрола и можело да заврши трагично. Вработените само си ги побарале своите неисплатени плати по што следувало неочекувана реакција од страна на сопственикот Н.К. (28). Тој извадил стартен пиштол од своето биро и сакајќи да ги заплаши вработените испукал во воздух. Една од вработените Љ.У. (46) била нападната со дршката од пиштолот при што и е нанесена повреда...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top