Post Views: 1
Поставувањето на урбана опрема за 2015та година ќе биде една од жешките теми на петочната 37 седница на Советот на општина Охрид.
Советниците ќе се произнесат и по однос на неизбежните предлог одлуки од сферата на урбанизмот. Од нив, се чини најинтересна е онаа за дефинирање на границите на централното градско подрачје. Ова, според претставници од Секторот за урбанизам го налагаат Законите за градба и за градежно земјиште, бидејќи, од тоа, дали објектот или земјиштето се наоѓа во централно градско подрачје ќе зависи и бројот на паркинг места при добивање одобрение за...
Post Views: 3
Советниците на град Охрид во петок ќе гласаат по неколку интересни предлог одлуки кои се од интерес за јавноста.
На 36та седница на Советот, градските советници ќе треба да се произнесат по однос на елаборатот за проценка на штетите од снежните наноси во нашата општина од крајот на минатата година, а исто така ќе се дискутира и по однос на записниците за проценка на настанатите штети од пожар и невреме на подрачјето на општината. Особено внимание привлекува третата точка на дневниот ред, а која се однесува на изборот на приватен партнер за изградба на затворениот зелен...
Post Views: 1
Денес во просториите на општина Охрид ќе се одржи седница на Советот на градски татковци.
На седницата покрај членовите на советот ќе присуствуваат и претставници на банките и градежните компании. Планирано е да се дискутира најмногу за економскиот развој на Охрид.
Повеќе информации во првото издание на дневникот на ТВМ ТелевизијА.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Регулаторната комисија на денешната седница ја коригираше цената на бензините по одлуката на Владата да ја намали акцизата.
Со тоа цената на безоловниот бензин ќе се намали за 4,5 денари по литар, а цената на дизел горивото ќе се намали за 2,5 денари по литар.
Владата го намали и надоместокот за задолжителна резерва на нафта за 0,5 денари.
Со оваа мерка Владата се откажа од 10 милиони евра буџетски приходи од акцизи. Важи за период од четири месеци, до средината на август.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Започна постапката за одземање на мандатите на пратениците од СДСМ. Собраниската комисија за деловнички и имунитетни прашања на денешната седница, на предлог на нејзиниот претседател Александар Николоски, ја утврди Предлог-одлуката за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Врз основа на Извештајот доставен до оваа Комисија е утврдено дека во периодот од 10 мај до 10 ноември 31 пратеници од опозициската СДСМ не присуствувале, не учествувале, ниту, пак, го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници. Но во врска со...
Post Views: 2
На вонредната, 32 седница, Советот ќе расправа единствено по предложената одлука за исплаќање на долгот на ОУ ,,Григор Прличев” кон ЕВН за потрошена електрична енергија.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Градските избраници ќе носат одлуки за иднината на три капитални проекти за градов . На утрешната 33та седница на градскиот совет ќе се најдат предлог Одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража, предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на автобуска станица и предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на дом за стари лица. Што се однесува до проектот за современата автобуска станица од Локалната...
Post Views: 1
ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш покажа дека не ја почитува антифашистичката борба, борците од НОБ и државниот празник 11 Октомври. На свечената седница во Советот на општина Охрид, по повод државниот празник, градоначалникот Никола Бакрачевски не ги поздрави присутните борци од НОБ и ја напушти седницата за време на обраќањето на претседателот на Здружението на борците. Седницата ја напуштија и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Сашо Василески. Ова е показател за игнорантскиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон оние коишто се бореа за Македонија и кон оние кои...
Post Views: 2
Утре, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи 29-та седница на советот на општина Охрид.
На 29-то издание на седницата на Советот, советниците ќе се најдат извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, годишните извештаи и предлог програми за работа на образовните установи, предлог одлуката за измена на распоред на средствата во Буџетот на општина ЕЛС Општина Охрид 2014 година, за субвенционирање на трошоци за комунални услуги како и низа предлог одлуки од областа на урбанизмот. {loadposition content9}
Post Views: 1
Не поучени од досегашното искуство на национално и локално ниво од СДСМ се повеќе и почесто го допираат дното од кое најверојатно нема уште долго да се кренат доколку и понатака критикуваат се што е добро и на кое вредно и посветено се работи а е во интерес на Охрид и охриѓани. По денешната “бледа“ и вообичаено неаргументирана прес – конференција, бараме од СДСМ јавно да им се извинат на сите охриѓани затоа што со самиот факт што за нив не се битни патиштата , улиците и другите проекти од инфра структурата кои Општина Охрид ќе ги гради со средства од Светска Банка ...
Post Views: 9
За каква цел е земен кредитот во висина од 127 милиони денари, прашуваат oд општинската СДСМ. Тие бараат од градоначалникот Никола Бакрачески, да каже и дали под капитални инвестиции се подразбира асфалтирање улици и поставување атмосферска канализација кои што се редовна обврска на секоја општина.
–Она што дополнително загрижува е фактот дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески кријат колкави камати ќе плаќаат охриѓани за земениот кредит од 127 милиони денари. – За тоа ли граѓаните на Охрид ќе враќаат кредит до 2030 година?, прашува координаторот на советничката...
Post Views: 1
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седница на Извршниот комитет, по која треба да го изнесе конечниот став во врска со барањето на опозицијата за предвремени избори.
Синоќа премиерот Никола Груевски ги собра коалициските партнери заедно да ја разгледаат можноста за распишување на предвремени избори.
„Вечерва се одржа состанок на претседателите и претставниците на партиите во коалицијата „За подобра Македонија“, при што беа разгледани актуелните барања на СДСМ“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Беа направени анализи од повеќе аспекти, беа разгледани позициите на сите и...