Ознака: светска

Ban Ki Mun

ОН свика самит за економската криза

Post Views: 2 Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ги повика лидерите на 192 членки на ОН на самит за економската криза, што го закажа за во јуни во Њујорк. Генералното собрание на ОН доцна синоќа ја усвои резолуцијата за одржување на конференција на високо ниво посветена на економската криза и нејзиното влијание, која ќе се одржи од 1-3 јуни.Конференцијата ќе биде посветена на реформите и јакнење на меѓународниот финансиски систем. Претседателот на Генералното собрание, никарагванецот Мигел Д’Еското Брокман изјави дека на овој самит ќе им биде овозможено на сите земји,...

Continue reading

logo

Првпат по Втората светска војна, светската економија бележи застој

Post Views: 0 Глобалната економија оваа година ќе забележи застој првпат по Втората светска војна, а трговијата ќе достигне најниско ниво во последните 80 години, прогнозира Светската банка.Според прогнозата, зајакнатата глобална финансиска криза ќе доведе до недостиг од милијарди долари финанисирање за сиромашните и земјите во развој.Група од 129 држави ќе останат без потребното финансирање во вредност меѓу 270 и 700 милијарди долари. Светската банка предупредува дека меѓународните финансиски институции нема да можат да ја обезбедат долната граница на овие потреби. Само една четвртина...

Continue reading

Moskva

Светската криза не ја поштеди ни Русија

Post Views: 2 Половина милион Руси можат наскоро да останат без работа, поради глобалната финансиска економска криза, додека повеќе од 180.000 се отпуштени во последните три месеци, соопшти руското Министерство за здравство и социјален развој. Руската Влада во финансиската санација на банките погодени од глобалната финансиска криза веќе вложи околу 400 милијарди рубљи (11,14 милијарди долари), изјави директорот на секторот на централната банка за финансиско заздравување на кредитните организации Михаил Сухов.Русија во јануари оствари надворешно трговски промет вреден 30,5 милијарди...

Continue reading

APEK

АПЕК: Светската економска криза може да биде надмината за 18 месеци

Post Views: 8 Глобалната финансиска криза може да биде надмината во средината на 2010 година, се наведува во декларацијата од форумот за Економска соработка на Азиско-пацифичкиот регион (АПЕК). Во документот лидерите на 21 земја од Азија и од Северна и Јужна Америка наведуваат дека за 18 месеци ќе биде надмината глобалната економска криза и оти веќе се преземаат мерки за стабилизација на финансиските сектори и за поттикнување на еконосмкиот раст. На форумот во Лима беше потенцирано дека лидерите на земјите-членки на АПЕК ќе се трудат да ја вратат довербата во светскиот финансиски...

Continue reading

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „БОРБА И СТРАДАЊЕ-ПОЛСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА“

Post Views: 5 Во организација на амбасадата на Република Полска во Република Северна Македонија, синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Борба и страдање-Полските граѓани за време на Втората светска војна“. На отворањето на изложбата, на кое присуствуваше и полскиот заменик- амбасадор Пиотр Висоцки, се обрати заменик- градоначалникот Ристо Николески. – Со поставувањето на оваа изложба, кај сите нас навираат тажни мисли за милионските жртви и уништените материјални добра, но оваа пригода треба да ја искористиме и да ја испратиме пораката- никогаш да...

Continue reading

Deutsche Bank

„Дојче Банк“ тврди дека не и треба помош од германската Влада

Post Views: 0 Најголемата комерцијална банка во Германија, „Дојче Банк“ синоќа најави дека не планира да користи средства од владиниот план за спас на германскиот финасиски сектор. Претседателот на „Дојче Банк“, Јозеф Акерман изјави дека банката е силна и дека во сегашните услови нема да биде дел од планот за спас. Минатата недела банката соопшти дека и покрај економската криза, во третиот квартал од годинава остварила профит, што не е случај со другите поголеми банки кои се најдоа на удар на глобалната криза на финасискиот пазар. Барања за добивање помош од Владата во Берлин досега...

Continue reading

Motorola

„Моторола“ планира да укине 3.000 работни места

Post Views: 0 Американскиот производител на телекомуникациска опрема „Моторола“ во рамките на новата реорганизација планира да укине 3.000 работни места, што претставува намалување на работната сила за 4,5 отсто. По најавеното отпуштање, вкупниот број на работните места укинати во „Моторола“ од јануари 2007 ќе се искачи на 13.000. „Моторола“ се одлучи на реорганизација поради слабите деловни резултати, кои се последица од недостатокот на развој на нови модерни линии на телефони. Две третини од планираното укинување на работните места ќе биде спроведено во одделот за мобилна телефонија,...

Continue reading

American express

Американ експрес ќе отпушти 7.000 вработени

Post Views: 1 Американската компанија за кредитни картички „Американ експрес“ ќе отпушти десет проценти од вработените во компанијата, односно 7.000 вработени. Ова официјално го соопшти компанијата, која појасни дека отпуштањата се должат на светската финансиска криза.Најголем дел од отпуштените работници планирано е да бидат службениците кои имаат менаџерски функции. Компанијата исто така планира да ги намали трошоците предвидени за маркетинг. {loadposition content9}

Continue reading

ezero

Брод од Првата светска војна крие Охридското Езеро

Post Views: 0 Артефакти од Првата светска војна крие Охридското Езеро во струшкиот дел. Годинава на нивно откривање работи струшкиот музеј „Др Никола Незлобински“. Директорот на установата д-р Сашо Цветкоски нагласи дека набрзо ќе има промоција на овој атрактивен проект кој е поврзан  со еден Европски настан, односно вклучување на музејот во одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна.   „Тоа е една потопена композиција брод со некоклу придружни елементи и тоа е многу интересно, тоа укажува дека фронтот и дел од фронтот и овде поминувал, значи и овие наши предели биле...

Continue reading

Руската пијанистка со светска слава Злата Чочиева на „Охридско лето“

Post Views: 5 Младата руската пијанистка со светска слава, Злата Чочиева, на 3 март ќе одржи концерт во рамките на фестивалската програма на Охридско лето како дел од настаните кои од годинава ги организира фестивалот надвор од стандардниот термин 12 јули- 20 август. Концертот ќе се одржи во црквата Света Софија со почеток од 18 часот. Стручната јавност за Чочиева вели дека е пијанист од светска класа а длабочината на нејзините перформанси, единствена моќ и зрелост се импресивни. „Таа е многу интелигентен и чувствителен музичар. Во нејзината игра таа ја комбинира длабочината со фантазијата,...

Continue reading

zmaevi

Македонска екипа за прв пат ќе учествува на светски шампионат во змајарство

Post Views: 12 Македонска екипа од 15 до 30 јули ќе учествува на Светскиот натпревар во змајарство во Италија.  Државниот тим ќе го претставува македонската воздухопловна федерација и клубот за слободно летање од Охрид, а ќе се натпреварува со змаеви во класа 1. Овие летала иако во главно се мешаат со параглајдери, истите сепак драстично се разликуваат во конструкција, перформанси и начинот на летање. Единствена заедничка точка на змејовите и параглајдерите се воздухот и местата за летање. „Опремата со која одиме е наша лично, а се состои од крило и систем на врски. Сето ова ќе го...

Continue reading

Ana Durlovski

Ана Дурловски ќе пее во Метрополитен операта во Њу Јорк

Post Views: 69   Се смета дека уметникот што ќе настапи во „Метрополитен” си обезбедил светска кариера. Дурловски ќе настапи како Kралицата на ноќта во операта „Волшебната флејта” на Моцарт, улога со која пред речиси осум години дебитира на сцената на реномираната Виенска државна опера. Дурловски за „Дневник” вели дека оваа улога на- Kралицата на ноќта, веќе подолго време е на нејзиниот репертоар, работена во повеќе од 15 сценски и режиски видувања и тоа секако дава сигурност. Сценските проби во Њујорк ќе почнат на 15 септември. „Со Рене Папе повеќепати досега сум...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top