Ознака: Света

Sv.Sofija

Утре се слави големиот христијански празник на светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов

Post Views: 9 Дебарско кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 30ти септември, во катедралниот храм св.Софија, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов, со почеток во 9 часот. На неа ќе чиноначалствува неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј. А пригодна верска свеченост традиционално ќе се одржи и во капелата во месноста Лагадин посветена на Вера, Нада, Љуба и нивната мајка Софија, со почеток во 14 часот и 30 минути. {loadposition content9}

Continue reading

sv.vraci

Света литургија по повод „Св.Врачи Козма и Дамјан“

Post Views: 10 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јули 2014 година (понеделник) во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети врачи Козма и Дамјан“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}

Continue reading

svekji

Одбележување на „Духовден“

Post Views: 7 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8 јуни 2014 година (недела), во црквата „Света Троица“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Духовден“, со почеток во 9.00 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебар-ско-кичевски г. Тимотеј. На 9 јуни 2014 година (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Втор ден Духовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначал-ствува Неговото...

Continue reading

euronews

Еуроњуз со сторија за историските богатства на Охрид

Post Views: 0 Познатиот информативен сервис Euronews во својата културна рубрика со сторија за нашиот Охрид. Репортажата, освен фантастичните снимки од нашиот град, вклучува и стручни коментари на неколку експерти од областа на историја на уметност, реставратори и туристички водичи како Милчо Ѓеоргиевски, Владо Муковски и Андријана Башоска. Во репортажата се зборува за историјата на градот почнувајќи од времето кога го носел името Лихнидос или Град на светлината. Во неа место пронајдоа и бројните археолошки пронајдоци со кои изобилува Охрид. Со особен интерес репортерката на Euronews...

Continue reading

Sv.Gjorgija

Литургија за Ѓурѓовден во црквата Св.Ѓорѓија

Post Views: 1 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 6 мај 2014 година (вторник), во црквата „Свети  Ѓорѓи“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот посветен на „Свети Ѓорѓи Победоносец“ – Ѓурѓовден. Почетокот на литургијата е во 9.00 часот, а на неа ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. {loadposition content9}

Continue reading

raspetie

Денес е Велики петок – Христово распнување

Post Views: 4 На Велики петок се оди во црква, каде се оставаат дарови на Христовото Распетие, а според обичаите, секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос, со тоа што платното наречено „Плаштаница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус, вели отец Љупчо Симиџиески. „Наша света должност е длабоко да ги цениме страдањата Христови,  да сострадуваме со него секогаш а особено во овие...

Continue reading

Sv.Sofija

Во понеделник света архиерејска литургија во црквата Св.Софија

Post Views: 1 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април  2013 година (понеделник), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едно-црквие). По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои ве-рници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition...

Continue reading

procka

Вечерна богослужба во црквата „Св. Богородица – Каменско“ за Прочка

Post Views: 21 По повод големиот христијански празник, „Прочка“ на 2-ри март, недела, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи вечерна богослужба, со почеток во 16 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Од 2-ри до 6-ти март пак , во црквата Каменско, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба, а со почеток во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со Канонот на свети Андреј Критски. Од Дебарско- кичевската епархија напоменуваат дека од понеделник до четврток богослужби ќе...

Continue reading

timotej

Во Охрид се одржа меѓународен симпозиум за Дичо Зограф

Post Views: 6 По повод 140 години од упокојувањето на Дичо Зограф, МПЦ, односно Дебарско-кичевската епархија организира  Меѓународен научен собир. Митрополитот Дебарско – кичевски г-дин Тимотеј истакна дека преку научниот собир салкале уште повеќе да се расветли големото црковно уметничко дело на познатиот и голем македонски зограф Дичо Крстевич Зограф од Тресонче, на просторите на Македонија со посебен акцент на Дебарско- кичевската епархија. Г. Тимотеј додаде дека огромно е значењето на овој зограф посебно за Дебрско – кичевската епархија бидејќи неговите први и завршни творби се...

Continue reading

sv petka

Света преподобна маченица Параскева – Света Петка

Post Views: 2 Над 20 000 веници се поклонија пред иконата на Св Петка во Велгошти. Луѓето од сите страни на светот дојдоа во истоимената црква за да се помолат за здравје, среќа и љубов. Посетеноста на црквата од страна на верниците го обединуваат македонскиот народ, изјавија дел од верниците. За значението на празникот зборуваше свештеникот Никола Кипријанов. Тој појасна дека празникот Св Петка во Велгошти се слави многу одамна и дека култот кој овој празник е голем. „Значението на оваа света маченица Параскева е што овој свет манастир постои во нејзина чест и спомен. Родена е во...

Continue reading

Plaoshnik

Завод и музеј се пофали со сработеното, најави нови, интересни проекти

Post Views: 8 Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид“ ги презентираше резултатите од својата работа во изминатите 6 години. Периодот од 2006та до 2012 година, се покажал како доста продуктивен за оваа национална установа. Тие успеале да реализираат вкупно 165 проекти за заштита на недвижното културно наследство и 36 проекти за заштита на движното културно наследство. „Во поглед на недвижното културно наследство, конзервирани и реставрирани се вкупно 9 христијански сакрални објекти, конзевирани и презентирани се над 300 метри квадратни богати...

Continue reading

kamilo

Мишел Камило на Охридско лето

Post Views: 1 Мишел Камило за прв пат пред охридската публика.  Добитникот на Еми и Греми награди за исклучителни достигнувања во музичката уметност вечерва ќе ги почести посетителите на Охридско лето со уште една музичка вечер за паметење. На денешната прес конференција која се одржа во хотелот „Инекс Горица“, прво се обрати селекторката на музичкиот дел од Охридско лето 2012 Гордана Неделкова Јосифова која со воодушевување и престижни епитети го најави овој реномиран пијанист и композитор Вечерашниов концерт на Мишел Камило прв во Македонија, е дел од светската турнеа која тој ја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top