Tag: руски

28 загинати при пад на руски авион

Нема преживеани при падот на рускиот авион што денеска се урна на рускиот Далечен исток, објавија руските новински агенции, повикувајќи се на спасувачките служби. Авионот „Антонов Ан-26“, со 28 лица, кој летал на релација од главниот град на регионот Петропавловск – Камчатски до Палана, место на север на полуостровот Камчатка, изгубил контакт со контролата на летање, соопшти Министерството за вонредни состојби. Повикувајќи се на официјални извори, Интерфакс објави дека авионот удрил во рид додека се подготвувал да слета во лоши услови на видливост. Руските власти задолжени за цивилната авијација...

Continue reading

Инцидент во Црното море: Руски брод пукаше на британски разурнувач

Руски воен број испука куршуми на предупредување кон разурнувачот на британската кралска морнарица ХМС Дефендер, откако навлегол во руските води на Црното море, а рускиот млазен авион фрлил бомби на неговата рута, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Според министерството набрзо потоа Дефендер ги напуштил руските води на северозападниот дел на Црното море, каде дошло до инцидентот. „Разурнувачот Дефендер на британската морнарица на 23-ти јуни во 11:52 движејќи се по северозападниот дел на Црното море, ја помина државната граница на Руската Федерација и навлезе...

Continue reading

Приведен руски блогер поради оправдување тероризам во песна

  Полицијата во Санкт Петербург привела популарен руски блогер, како што јавуваат американските медими, поради негова песна во која се исмеваат напорите на владата да се справи со тероризмот. Песната е за смртоносниот инцидент со заложништво во московскиот театар Дубровка во 2002 година. Неколку медиуми денеска објавија дека бил приведен Јуриј Ховански, чиј канал на Јутјуб има повеќе од 4,4 милиони следбеници. Тој бил приведен под сомнение дека „оправдува тероризам“ во песна поставена на Јутјуб минатата година. Според извештаите, полицијата привела и друг блогер, Андреј Нифеодов, како сведок...

Continue reading

Руски тв серии на Телевизија ТВМ

Хит руски серии од вечерва стартуваат на ТВМ. Хотел Русија, Кум, Бригада, Фитнес се само дел од познати наслови кои ги освоија љубителите на телевизискте серии. За  претстојните празнични денови Ве очекува избор на Божиќни филмови кои се секогаш добар избор за зимските вечери во кругот на семејството.  Доколку ги поминувате зимските ноќи гледајќи серии, новите наслови кои стартуваат на ТВМ се идеален избор за вас. Во време кога тв пазарот е презаситен со турски серии, а приказните и главните ликови се ако не исти тогаш многу слични, од Русија на ТВМ ни доаѓаат живописни телевизиски серии кои...

Continue reading

СЕРТИФИКАТИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА БЕСПЛАТНИТЕ КУРСЕВИ ПО РУСКИ ЈАЗИК

На пригодна свеченост која се одржа вчеравечер во ОУ „Христо Узунов” беа доделени сертификатите на учесниците на бесплатните курсеви по руски јазик што ги организира Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” од Скопје. На пригодна свеченост која се одржа вчеравечер во ОУ „Христо Узунов” беа доделени сертификатите на учесниците на бесплатните курсеви по руски јазик што ги организира Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” од Скопје. Сертификатите на втората генерација учесници ги доделија амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј...

Continue reading

Викендов во Охрид хуманитарен концерт на врвните руски уметници Синчук и Науменко

Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, вo недела, на 11 ноември во црквата „Света Софија“  со почеток во 19 часот ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, вo недела, на 11 ноември во црквата „Света Софија“  со почеток во 19 часот ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Тие ќе изведат...

Continue reading

ЗАПОЧНАА КУРСЕВИТЕ ПО РУСКИ ЈАЗИК

Во Основното училиште  „Христо Узунов“ , вечерва градоначалникот Јован Стојаноски, рускиот амбасадор во Република Македонија  Сергеј Александрович Баздникин и почесниот конзул и директор на Рускиот центар при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојкоски, присуствуваа на првиот час на бесплатните курсеви по руски јазик. Во Основното училиште  „Христо Узунов“ , вечерва градоначалникот Јован Стојаноски, рускиот амбасадор во Република Македонија  Сергеј Александрович Баздникин и почесниот конзул и директор на Рускиот центар при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојкоски, присуствуваа...

Continue reading

Најпознати руски квартети вечерва на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“  вечерва на љубителите на уметноста ќе им приреди концерт со најпознатите руски квартети од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович. Делата од руските композитори на публиката ќе и ги долови гудачкиот „Квартет Филхармонија“ . Фестивалот „Охридско лето“  вечерва на љубителите на уметноста ќе им приреди концерт со најпознатите руски квартети од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович. Делата од руските композитори на публиката ќе и ги долови гудачкиот „Квартет Филхармонија“ .Овој музички состав е релативно нов на македонската класична сцена и е формиран од помлади...

Continue reading

Избирачкиот систем на САД бил пробиен од руски хакери

За вчерашното објавување на документот бил уапсен еден вработен во националното разузнавање Американскиот он-лајн медиум The Intercept објави таен, класифициран документ на американската Агенција за национална безбедност НСА во кој се вели дека хакери од руското воено разузнавање се обиделе да влезат во американскиот избирачки систем пред минатогодишните претседателски избори. Тајниот документ открива дека операцијата поврзана со руската разузнавачка агенција ГРУ ги имала за цел американските приватни компании кои вршеле регистрација на гласачите. Извештајот укажува дека хакерите од Русија добиле...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad