Ознака: проектот

ОУ „Дебрца“ домаќин на проектот „Play2adapt“ од „Еразмус +“ програмата

Post Views: 0 Основоното училиште „Дебрца“ домаќин на проектот од програматга „Erasmus +“ насловен како „Play2adapt“. Деновиве Просветни работници од Грција, Турција, Шпанија и Португалија, учестваа на втората мобилност од проектот и имаа можност да се запознаат со образовниот процес кај нас, но и да реализират голем број на активности, за адаптација на маргинализираните групи на ученици во училиштата, истакна Соња Гаврилоска Љулкова, професор по Англиски јазик од ОУ „Дебрца“. „Значи во самиот проект ги имаме осмислено тие активности, преку кои се реализира таа адаптација на маргилизираните...

Continue reading

konstrukcija

Во тек изградбата на повеќенаменската балон сала во Требеништа

Post Views: 2 Градноначалникот Трајкоски го посети с.Требеништа каде се во тек градежните работи за изградба на повеќенаменската балон сала. Од увидот на лице место каде интезивно се работи на изработка на челична конструкција, на која во понатамошниот тек на изградба ќе се пристапи кон поставување на тенда и осветлување, како прва фаза од проектот и ќе биде во функција за жителите од општина Дебарца. Средствата за изградба на оваа повеќенаменска сала се издвоени од буџетот на општина Дебарца. {loadposition content9}

Continue reading

zastita kulturno nasledstvo

Природното и културно наследство на регионот на Охридското Езеро ќе се става под интегрирана заштита

Post Views: 3 Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија. „Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за квалитетот...

Continue reading

logo

Во Струга бесплатни инженериски совети за енергетска ефикасност

Post Views: 0 Во рамките на проектот  „Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион“, утре во Струга, во времето од 11 до 15 часот, на специјално поставен штанд пред хотелот Београд,  во старата чаршија, граѓаните ќе можат да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку  бесплатни инженериски совети и промотивни материјали. Овој отворен ден е прв од низата отворени денови кои ќе се одвиваат во текот на месец јули во рамките на овој проект. По отворениот...

Continue reading

ucenici

„Сино и Зелено наспроти црно и сиво”

Post Views: 0 Локалната агенција за развој (ЛАР), Струга преку IPA проектот „Сино и Зелено наспроти црно и сиво” во рамките на прекуграничната програма Македонија-Албанија го одбележa 22 мај – Светски ден на заштита на биодиверзитетот. Целта на проектот е јакнење на јавната свест за одржливо искористување на природните ресурси во сливното подрачје на Охридското Езеро во областите шуми, води и земјоделие. Во рамките на проектот функционира едукативна училница – Еко-инкубатор во кој се организираат предавања за ученици, јавни дебати, работилници и слични настани на еколошки...

Continue reading

Овој петок ќе биде претставен проектот „OHRID GO“

Post Views: 6 Општина Охрид и „Стелар Солушнс“ овој петок ќе го претстават пред јавноста проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“, финансиран од Европската унија. Проектот е насочен на рехабилитација на областа на бившите касарни и нејзина трансформација во технолошка и рекреативна зона. Настанот ќе се фокусира на претставување на планот за скорешното воспоставување на стартап центар, наречен Касарна Хаб, во објект во бившата касарна во Охрид. Специјален гостин на настанот ќе биде Ира Саул Рубенстеин, инвестициски консултант во...

Continue reading

Презентирана дел од опремата за безбедност на вода од проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“

Post Views: 6 Во рамки на проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ кој е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програма за прекугранична соработка, а го спроведува Црвен крст Охрид, викендов во Поградец Албанија, беше презентирана дел од опремата за безбедност на вода. Во присуство на Евроамбасадорот во Албанија Г-дин luigi Soreca, претставници на Владата на Р.Албанија, Градоначалникот на Поградец, претставници на Федерацијата за спасување на вода од Албанија, претставници на Националниот центар за животна средина, туризам и одржлив развој...

Continue reading

Во Волино се одржа Јавна расправа за проектот за реставрација на река Сатеска

Post Views: 1 Неодамна во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца. На состанокот преставници од Министерството за Животна средина  и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино. Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата. Со проектот се предвидува...

Continue reading

makedonija

„Македонија без отпад“

Post Views: 10 На 18-ти Октомври 2014 година ( сабота) во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Републиката ќе се одржи националната акција за чистење на околината  од отпадот кој се наоѓа лоциран на несоодветни места. Овој Проект ќе се спроведува со поддршка и  со учество на Државните институции, Локалната самоуправа, Јавните и Комуналните претпријатија, Невладините организации,  Здруженија на граѓани и месното население. Целта  на проектот „Македонија без отпад 2014“ е на 18-ти Oктомври 2014 година организирано и што по масовно да се вклучат граѓаните...

Continue reading

memo

Потпишан Меморандум за поддршка на соживотот во Струга

Post Views: 2 Во Струга денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Струга и Мисијата на ОБСЕ за проектот „Медијација за промена“. Потпис стави струшкиот градоначалник Зијадин Села и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Р. Макеоднија Ралф Брет. Во Струга пронајдовме партнери со кои може да се зборува за соживот и да се работи за општо добро на луѓето од оваа мултиетничка средина, нагласи амбасадорот Брет. „Дел од нашиот мандат е од една страна да го имаме овој мониторинг, разговараме со многу луѓе во општинитие, во однос на пшревенцијата, што значи тренирање и обучување...

Continue reading

diler

Стартува проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“

Post Views: 1 Реализацијата на овој проект ќе започне пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Нико Нестор “, во Струга, а во наредниот период и пред учениците и нивните родители. Проектот потоа ќе биде презентиран и пред учениците во средното училиште „Ибраим Темо“. Станува збор за  проект кој  во изминативе две недели беше реализиран во средношколските центри во општина Охрид и истиот претставува продолжение на проектот „Дрога-вистина и заблуди“ спроведен во периодот од 2008 до 2012 година, пред околу 25000 ученици од основните и средните школи, наставници...

Continue reading

zemjodelci

Почуствувај го здравиот рурален живот

Post Views: 5 Почуствувај го здравиот рурален живот, проект на Македонија и Албанија. Двата соседи одржаа работилница на која го презентираа истражувањето кое треба да помогне во селекцијата на производите во студиите за мапирање на традиционалните производи во Македонија и Албанија. Вкупно 4 производи, два од македонска и 2 од албанска страна треба да бидат предмет на брендирање во следната фаза од имплементацијата на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“, како што истакна претседателот на Федерацијата на фармерите на Р. Македонија Андрија Секуловски. Се зборува за неколку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top