Ознака: пол

komunalen otpad

„Охрид – град без комунален отпад“

Post Views: 1 „Охрид – град без комунален отпад“ е проектот кој ќе го реши проблемот на Охрид со отпадот, а при тоа на ЈП ќе му донесе и приход . Директорот на ЈП, Сашо Алче денеска јавно го презентираше проектот за изградба на фабрика за производство на компост и погонско гориво.  Пред присутните Алче кажа дека во ЈП секојденевно се води евиденција за количеството на отпад што се носи на депонијата Буково и  во делот на содржината на отпадот која се депонира таму. Од овие прелиминарни резултати сега ќе проеизлезе студијата за економска исплатливост и студијата за заштита на...

Continue reading

plake

Ќе се асвалтира ли Плаќе?

Post Views: 4 Патот од Речица до Плаќе, плаче за два и пол километри асфалт. Мештаните на Плаќе години наназад си го бараат ветеното, да се дозавршат двете предвидени фази на проектот за асвалтирање на овој патен правец во должина од 5 километри. Претседателот на М.З. Славко Симоноски вели дека ова е голем и сериозен проблем, кој никако да се надмине. Но и водоснабдувањето на селото е исто така акутен проблем, поради кој не може да се развива руралниот туризам за кој мештаните имаат своја визија за развој, додава тој. „Вториот проблем ние го имаме со водоснабдувањето за кој проблем...

Continue reading

Volers i Petreski

Средба Волерс-Петрески

Post Views: 1 Остварена средба помеѓу Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс и Охридскиот градоначалник Александар Петрески. Градоначалникот на Охрид задоволен од средбата истакна дека на неа биле разменети мислењаОколу процесот на  децентрализацијата за тоа како тој се одвива насекаде низ Македонија, со посебен акцент на Општина Охрид. „Сметам дека беше многу добар разговорот и сигурен сум дека од тоа ќе излезе уште поголема соработка, дирекно и со Амбасадата меѓутоа и со невладините организации како UNDP и USAID, кои постојано не подржуваат како општина и нашите јавни...

Continue reading

penzionerki

Пензионерките денес славеа

Post Views: 1 Со оро, песна, каранфил за сите жени, како и збор два за значението на празникот на жената, во Хотел „Силекс“, Охрид се одржа традиционалната прослава по повот празникот. Одбележувањето на денот на жената е во организација на Активот на пензионерки при Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца со Активите на пензионерки од Југозпадниот регион. Претседателката на пензионерките Ружа Балеска вели дека овој ден има посебно значење за нив и дека за достојно одбележување во многу принесува Здружението на пензионерите од Охрид. Празникот на сите жени им го честита...

Continue reading

dete

Среќен 8-ми март!

Post Views: 0 Доколку завршивте со честитање и размена на подароци со колешките и пријателките, да видиме што мајка статистистика вели, за тоа каде ни е жената во општеството. Тешко може да се зборува за нерамноправност помеѓу мажите и жените, зошто од вкупниот број на жители во нашава ни државичка, половината се жени. За тоа колку пак припадничките на понежниот пол од нашиов град се чувствуваат рамноправни, тие со поделено мислење. Едни мислат дека се подобри од мажите, други дека сеуште се нерамноправни и приватно и професионално. Во духот на рамноправноста ги запрашавме и мажите....

Continue reading

pedofilija

Казна затвор за охриѓанецот во случајот „Педофилија“

Post Views: 9 Основниот суд во Штип им одреди казна од вкупно четиринаесет и пол години затвор на тројцата обвинети во аферата со малолетничка проституција од Куманово, Штип и Охрид.  На обвинетиот Д. Ѓ. од Куманово за две кривични дела му изрекува казна затвор од 5 години, обвинетиот Е. Т. од Штип за едно кривично и едно продолжено дело го осудува на единствена казна затвор од 5 години и шест месеци, а обвинетиот А. М. од Охрид за едно кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години го осудува на казна затвор во траење од 4 години. Штипскиот основен суд во изминатите...

Continue reading

zarko

Вистината на виделина

Post Views: 6 „Бистрината на умот ми ја дава вевчанската вода. После 18 месечна битка вистината исплива на површина“. Со овие зборови се обрати разрешениот директор на вевчанското училиште „Страшо Пинџур“, Жарко Лешоски. Тој деновиве ја добил битката против, според него, организираната хајка на  градоначалникот на Вевчани Перо Илиески и неговите партиски послушници. Имено, Илиески пред година и пол незаконски го разрешил Лешоски, поради повреда на законот за основно образование со нанесување на штета на ученици и деца. Управниот суд го утврдил спротивното. Лешоски кажува оти повеќе...

Continue reading

concierge

Нема да се гради луксузен хотел во облик на езерски бран

Post Views: 2 Фирмата што најавуваше дека ќе гради хотел во облик на езерски бран, нема пари да го плати земјиштето.Каса градба, скопската компанија која на почетокот на месецов понуди 23 илјади евра за атрактивното земјиште кај Горица, ниту по истекот на 15 дена не ги уплати понудените пари. Освен тоа,  Каса градба не успела да обезбеди ни банкрска гаранција во висина од 200 илјади евра. Каса градба на лицитацијата даде најповолна понуда од евро и пол за квадрат, почетната цена беше едно евро. Газдите тогаш најавуваа дека за 6 години на локацијата ќе никне супер лусузен хотел од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top