Ознака: Охридско

„Бар Ремарк“ премиерна изведба на Охридско лето

Post Views: 4   Животната приказна за луѓето кои поминале низ стравот и ужасот на војната и нивната немоќ да се ослободат од сенките на минатото, ја пренесува Битолскиот Народен театар, преку премиерната изведба на поставката „Бар Ремарк“. Валентин Светозарев, директорот на битолскиот театар истакна дека задоволство му е што соработува со имиња на странски режисери, посебно до русинот Александар Баргман, кој според него, не е само режисер, туку се што може да се работи во театар. „Тоа е секогаш работа која треба да се испроба. Едно е да се разговара на маса, друго е да се направи...

Continue reading

„Сонети“ од Шекспир во рамки на Младо театарско Охридско лето

Post Views: 5   Следејќи го концептот за одбележување на 400-годишнината од смртта на големиот драмски писател Вилијам Шекспир, во драмскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, за утревечер ја носи претставата „Сонети“ на најсилната театарска институција во Македонија, Народниот театар од Битола. Директорот на Битолскиот театар Валентин Светозаров рече дека нивната куќа има поставено најмногу престави на Шекспир во регионот, обидувајќи се секоја година со огромна љубов да му посвети внимание на големиот автор. Додаде дека нивната идеја која ја прифатиле и двајцата млади...

Continue reading

Прв пат на „Охридско лето“ гостува националниот театар од Букурешт

Post Views: 9 Прв пат на Охридско лето настапува букурешкиот театар „И.Л. Карагиале“. Претставувајќи ги младите актери, селекторот на драмската програма, Ѓорѓи Јолевски, изјави дека овој проект на публиката ќе ѝ понуди неповторливо доживување и ќе внесе свежина во драмскиот дел на фестивалот. Додаде дека, претставите на младите театарски уметници носат новина и уметнички визии што поретко може да се видат во класичните изведби, така што полетноста и креативноста се главниот сегмент на програмата „Младо театарско охридско лето.  „Арт оркестра“ на познатиот режисер од Романија Хорија...

Continue reading

Хрватите „Судар перкашн“ на Охридско Лето

Post Views: 5   Вечер на сцената во Предворјето на црквата „Св Софија“ ќе настапи популарниот хрватски ансамбл „Судар Перкашн“. Тие се за прв пат во Македонија на фестивалот Охридско Лето. Музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, истакна дека продолжуваат и понатаму да ги бараат уметниците кои што досега не биле на фестивалот, а низ цел свет прават концерти за паметење и претставуваат на свој начин вистинска атракција. „Во нашата меѓусебна комуникација тие предложија два проекти. Едниот беше рок-ин, тоа им е понов проект, во кој што изведуваат обработка на нивните удирачки...

Continue reading

Уникатни инстрименти за прв пат во Македонија на Охридско Лето

Post Views: 1 Фестивалот Охридско Лето ја потврдува својата ексклузивност преку гостување на уметници кои музицираат на ретки инструменти кои до сега не се слушнати во Македонија, но и во регионот. Како што информираше музичкиот селектор на Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, по извонредниот настап на „Glass Duo“, фестивалската публика вечерва ќе има ретка можност да ужива во музицирањето на уште еден уникатен инструмент, Алфорн. Станува збор за дуо, кое со интерпретација на својот уникатен звук доживува огромни успеси насекаде во светот, додава Неделковска. „Во нашата меѓусебна...

Continue reading

Максим Венгеров познатиот виолинист чија музика не познава граници, повторно на „Охридско лето“

Post Views: 2 Максим Венгеров, едно од највпечатливите имиња на светската уметничка сцена, познатиот виолинист чија музика не познава граници, повторно на „Охридско лето“. Директорот на фестивалот Оливер Арсовски рече дека сите кои вечерва ќе присуствуваат на концертот на Венгеров ќе имат едно неповторливо доживување, а уметничката директорка Елизабета Јосифова Неделковска изрази задоволство што Охрид и Македонија ќе бидат домаќини на една од највлијателните музички личности на денешницата. Венгеров со нескриено задоволство кажа дека секогаш со големо задоволство и радост доаѓа на...

Continue reading

„Вечера за глупаци“ изведена на Охридско лето

Post Views: 19 Сцената „Долни Сарај“ вчеравечер беше дом за публиката на „Охридско лето“ и за актерскиот ансамбл на театар Комедија од Скопје кој ја изведе театарската претстава „Вечера за глупаци“ на текст од Францис Вебер, а во режија на Ирена Стеријовска. Земајќи ја предвид сè поголемата поделеност на општеството по основ на богати и сиромашни, на социјално прифатени и социјално несоодветни, оваа приказна ги открива и другите нијанси помеѓу крајностите во кои може да се види дека среќата е апстрактен концепт чија предвидливост и контрола порано или подоцна станува мит. Според режисерката...

Continue reading

Велгошти чествува 115 години од Првата чета во охридско

Post Views: 9 Воинствениот дух на велгоштани не замира ниту после 115 години. Тие се чувари на големото дело на петте војводи Христо Узунов, Андреј Христов, Наум Цветинов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, кои тогашниот свештеник ги нарекол 5 реинкарнирани самоилови војници, како основоположници на првата чета на Христо, во охридско. За значењето на овој настан за ТВМ зборуваше Ѓоко Чингоски, директор на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. „Со почетокот на тој настан се продолжуваат во Охрид движењата во организацијата. Не само близината на црквата Св Петка и на селото Велгошти каде е...

Continue reading

Реакција на „ОхридSOS“ за сечата на здрави стебла дрвја на брегот на Охридско Езеро

Post Views: 3 „Во доцните попладневни часови вчера на брегот на Охридското Езеро во близина на појас трска крај новата патека е исечено дебело стебло на дрво старо повеќе од 20 години без никакво известување ниту објаснување од градските власти. Активист на ОхридSOS се нашол во близина во моментот и ја фотографирал сечата по што дрвосечачите го нападнале вербално активистот и за малку бил спречен физички напад врз него. Тој ги прашал и зошто го сечат дрвото на што му било одговорено дека станува збор за труло дрво, иако од фотографиите јасно се гледа пресекот на здравиот трупецот. Прашуваме...

Continue reading

Инва Мула и Генц Тукиќи на „Охридско лето“

Post Views: 10 Врвната сопранистка од Албанија со светска кариера Инва Мула и пијанистот Генц Тукиќи вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржат концерт во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Инва Мула важи за една од најзначајните сопрани на денешницата. Родена во Тирана, започнува да учи пијано на петгодишна возраст, а пеење на 16 години, најпрво со нејзината мајка, а потоа и на Универзитетот за уметности во Тирана на кој и дипломира. Првата улога на сцената и е Виолета во операта „Травијата” која и ѝ ги отвора вратите на операта во Тирана каде настапува во текот...

Continue reading

Оперската дива Елина Гаранча го отвора годинешното 56то Охридско Лето

Post Views: 0 Елина Гаранча, прекрасната оперска дива од Латвија во придружба на Македонската опера и балет спектакуларно ќе го отвори годинешното 56то издание на фестивалот Охридско Лето. Традиционално од 12ти јули до 20ти август, охриѓани, гостите, туристите, сите посетители на сцените на Охридско Лето ќе можат да уживаат во уште еден спој на музика и драма кој остава без зборови. Интересот за следење на фестивалот огромен уште пред и да започне. „Голем е бројот на оние кои веќе бараат резервација за свеченото отворање иако сеуште ја немаме откриено ѕвездата на вечерта. Тоа сепак...

Continue reading

Француска вечер на „Охридско лето“ со звуците на харфа

Post Views: 24 Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе ја организира традиционалната Француска вечер на која ќе настапи француската харфистка Елоиз Карлеан-Џонс. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Високо оценета од музичката критика за „јасноста и умешноста на звукот“, Елоиз Карлеан-Џонс е млада француска харфистка која настапува како солист, камерен и оркестарски музичар. Карлеан-Џонс се закитува со златен медал на четвртиот Менхетен натпревар за харфисти во 2019 година и настапува ширум светот од Карнеги Хол до салата на Виенскиот „Концертхаус“....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top