Tag: оператор

Пропадна тендерот за избор на најповолен оператор за дезинсекција и деритизација во општина Охрид.

На јавниот повик пристигнала само една понуда од Центарот за јавно здравје за да изврши хемиски третман против комарци и глувци. Тендерската постапка за справување со комарците и глодарите ќе биде повторена. Неуспешен е тендерот за избор на оператор кој хемиски ќе прска против комарци и глодари на територија на општина Охрид. На јавниот повик објавен на 26 мај за дезинсекција и деритизација во општина Охрид , денес пристигнала само една понуда од Центарот за јавно здравје. Општината за оваа намена издвоила над 420.000 денари, а во понудата од Центарот за јавно здравје цената била 20 посто повисока...

Continue reading

Кривична пријава заработи скопјанецот заболен од Ковид 19 кој го загрозил здравјето на вработени во охридски кабелски оператор

Лицето дошло во Охрид во самоизолација, но претходно побарало интернет и кабелски приклучок во својот стан. Од СВР Охрид тврдат дека по овој настан  лицето е строго контролирано и го почитува мерките за самоизолација.   44 годишен скопјанец заработи кривична пријава за загрозување на здравјето на вработените во охридски кабелски оператор. Лицето допатувало во Охрид со цел да се самоизолира во својот стан откако го дознал својот статус на инфициран со корона вирус. Но пред да се стави во самоизолација отишол да си обезбеди приклучок на интернет и телевизија без безбедносна заштита, односно маска...

Continue reading

Царинската управа започна да го промовира концептот овластен економски оператор

Новиот инструмент овластен економски оператор ќе ги олеснува царинските процедури  на деловната заедница во земјава.  Македонските компании во меѓународниот синџир на снабдување ќе бидат признаени како безбедносни и сигурни со усогласени и ефикасни царински процедури. Царинската управа започна да го промовира концептот кој е дел од измените на Законот за царина. Транспортерите, увозниците, извозниците, производителите и шпедитерите може да аплицираат за добивање уверение за овластен економски оператор. Со уверението кое ќе го издава Царинската управа на РМ ќе се олеснуваат царинските процедури....

Continue reading

Доцни влезот на трет мобилен оператор во земјава

Доцни влезот на трет мобилен оператор во земјава. Третиот мобилен оператор доцни со влез на македонскиот телкомуникациски пазар. Од Агенцијата за електронски комуникации AEK информираат дека има услови и пред услови за влез на нов мобилен оператор. Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, вели направени се измени во регулативата, ослободена е фрекфенција и се остварени контакти со многу заинтересирани мобилни оператори, но сите тие чекаат поповoлна политичка клима во земјата, посочува Димитријоски. „ Имавме остварено доста контакти имаше инетерсод оперaтори, сега не можам да кажам дека нема, но...

Continue reading

Турски бизнисмени заинтересирани за воведување нов оператор на охридскиот аеродром

Турски бизнисмени  заинтересирани за основање на авио компанија, чии летови би биле со база од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и би функционирала како национален оператор. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска  прими делегација  од Истанбул-  Турција, којашто е заинтересирана за основање на авио компанија,  чии летови би биле со база од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и би функционирала како национален оператор. Гостите во придружба на  директорот на маркетинг од ТАВ – Истанбул, Серкан Карахатај  го информираа градоначалникот Бакрачески  дека  би воспоставиле летови ...

Continue reading

lajka

„Лајкамобил “ од први јули трет мобилен оператор во Македонија

„Лајкамобил “ од први јули трет мобилен оператор во Македонија.  Над 10 земји од Европа и Балканот учествуваат на 4- тата меѓународна конференција на агенциите  за електронски комуникации.  Директорот на македонската агенција за електронски комуникации , Сашо  Димитријоски , истакна дека на средбата е разговарано меѓу другото и за спречување на сајбер криминалот. Изнесе податоци и за процесот на намалување на цените на роаминг услугите. Кажа дека цените  се намалувале  кон Србија, Црна Гора , БиХ и Македонија  сукцесивно, а сега на 1 јули се очекува и второто  намалување. Дoсега цените на услугите...

Continue reading

dupki

Наредната недела се бира фирмата која ќе ги санира и асфалтира дупките низ охридските улици

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, велат дека тендерот воедно се однесува и за асфалтирање на помали улици, како и санирање на навлаки и прекопи на целата територија на општина Охрид.  Се наѕира конечната замена на бекатон плочките со кои беа крпени ударните дупки низ охридските улици.  Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици информираа дека пред три работни дена завршила тендерската постапка за јавна набавка на асфалт за санација на улиците, што во текот на зимскиот период беа крпени со бекатон плочки. „Се прибраа понудите од економските оператори за реализација...

Continue reading

pazar

Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка

Трета среќа за локалната за изградба на затворениот градски пазар по пат на јавно приватно партнерство. После двата неуспешни тендери, на третиот конечно заинтересирана фирма за реализација на договорот за изградба на пазарот. Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен. Денес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената...

Continue reading

gimnazija struga

Посебниот линиски превоз, проблем во Струга

Доцни тендерската постапка за избор на превозник на средношколци на подрачјето на општина Струга. Од тоа најмногу се засегнати родителите на учениците во двата средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“,  бидејќи неколку дена сами си го плаќаат превозот. Директорите смируваат и велат дека проблемот најдоцна до понеделник ќе биде решен. Проблем со посебниот линиски превоз во Струга. Околу 150 средношколци од СОУ „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ деновиве од свој џеб плаќаат превоз  од училиште до дома и обратно на релација Охрид – Струга. Родителите се револтирани, бараат одговор од директорите...

Continue reading

  • 1
  • 2


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad