Ознака: опасност

Активен пожарот на Галичица, постои опасност од експлозии

Post Views: 10 Центарот за управување со кризи утринава информира дека сеуште е активен пожарот на Галичица. Во текот на вчерашниот ден екипи на НП Галичица и Планинската спасителна служба – Охрид (вкупно 15 лица) со прирачен алат вршеле контрола и гасење на пожарот. Пожарот се шири во правец север северо-запад и е на околу 1,5 км одалечен од шумата. Дополнителен проблем претставува тоа што поради високите температури започнал да гори кореновиот систем на опожарената трева под земјата што го отежнува гаснењето, односно на деловите каде пожарот бил изгаснат по извесен период истиот...

Continue reading

Bahrain GP

Ќе има ли трка во Бахреин?

Post Views: 1 Протестите започнаа во главниот град Манама, откако илјадници протестанти ги блокираа улиците за да ги добијат своите политички права. Во Бахреин владее семејство на Сунитските муслимани, кои се обидуваат да воспостават ред врз мнозинското, Шиитско население. Предсезонските тестирања на Ф1 во Бахреин треба да започнат на 3 Март, а отварањето на сезоната треба да се случи на 13 Март. Но, поради моменталните случувања во Бахреин, и двата настани сега се под опасност да бидат одложени.Организаторите на GP2 серијата, изјавија во соопштение: „Поради локалните настани кои...

Continue reading

Кривична пријава за млад коселчанец за предизвикување општа опасност

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од охридското село Косел. Пријавениот, казненото дело го сторил на втори минатиот месец со фрлање камења врз станот на В.Г. лоциран на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид. Тој, најнапред во 01 часот а потоа и во 02 часот и 40 минути, фрлил камења кон прозорците од станот и ги скршил, по што веднаш избегал од местото. За време на увидот во станот, пријавениот на влезната врата од станот фрлил запалива материја од која се запалил...

Continue reading

mobilen

На мобилниот и на компјутерот не им е место во спалната соба

Post Views: 12 Додека некои тврдат дека ваквата опасност не постои, и дека станува збор за најобично заплашување на луѓето, други истакнуваат дека вистинските податоци се сокриваат и тешко е да се стигне до нив бидејќи повеќето истражувања за можното влијание на уредите врз здравјето ги финансираат мобилните уреди. Пет девојчиња од 9-то одделение од едно училиште во Данска изведоа навистина интересен експеримент кој не може да се смета за научна работа ниту пак доказ, меѓутоа сепак предизвика огромно внимание кај луѓето ширум светот, и го сфаќаат како сериозно предупредување. Фотографиите...

Continue reading

Научниците предупредуваат дека Медитеранот е во опасност

Post Views: 0 Големи цунами со разорна моќ би можеле да погодат голем број на популарни медитерански летувалишта и би загрозиле повеќе од 130 милиони луѓе кои се населени на брегот, открива новата студија. Научниците од Универзитетот од Болоња ги проучувале потресите на подрачјето на северна Африка и изработиле симулација која ги бележи силината и големината на брановите кои потресот би ги предизвикал. Тие пресметале доколку дојде до потрес од 7 степени по Рихтеровата скала на истокот на Сицилија или северниот дел на Крит, огромна површина на брегот на Медитеранот би бил под вода,...

Continue reading

Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници

Post Views: 1 Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници. Тоа се должи на високиот степен на имунизациоја, велат епидемиолозите. Во првото тромесечие на 2016 процентот за прва вакцинација од МРП бил 92, а за ревакцинација 95. Додека пак во првото тромесечие на 2017та процентот нешто паднал, но сепак е доста висок и за прва вакцинација изнесува 87 за ревакцунација 92. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека во други градови и помали места во државава постои реална опасност од епидемија од морбили поради нискиот степен на имунизација. Тоа пред се...

Continue reading

gradinka

Демне опасност над струшката градинка

Post Views: 4 Прокапе покривот на струшката градинка 8 ми Март. Овој проблем се јави во двата објекти кои ги поседува оваа установа, „Пеперутка“ и „Сонце“. Во моментов сите деца се во просториите на градинката Сонце, заради побезбедни услови. Но колку е таму побезбедно со сигурност неможе да се каже. Директорката на оваа установа Флора Емуш, вели дека сериозно е загрижена за одговорноста која и ја носи функцијата, бидејќи во моментов се соочуваат со големи проблеми, покривите на двата објекти капат, истите се канцерогени, паѓаат лустери на сред воспитно образовен процес и друго. Емуш...

Continue reading

Талевска: Жолтиот локвањ е во опасност од исчезнување, но тоа сеуште со точност не може да се утврди

Post Views: 3 Нискиот водостој на Охридскот Езеро го попречи појавувањето на жолтиот локвањ. Сеуште рано е да се зборува за целосно исчезнување на ова украсно водно растение кое пленува со својот прекрасен изглед посебно во периодот кога цути со жолт цвет, вели д-р Марина Талевска од Хидробиолошкиот завод во Охрид. Додава дека неколку фактори допринеле за намалување на површината каде што се протега локвањот, како што е раширувањето на трската но и зголеменото количество на отпадни материи кои се фрлаат во езерските води. „Годинава пак случајот е малку поинаков. Со опаѓањето на нивото...

Continue reading

dzamlii

Нема веќе играње „биљи“ за македонските деца

Post Views: 11 Забранета проажбата на џамлии или биљи по охридски, во земјава, бидејќи тие, според стандардите за безбедност на детски играчки, не се безбедни од проста причина што постои опасност децата да ги проголтаат. – Овие производи не го поминуваат тестот на безбедноста, бидејќи се помали од 31 мм, најмалата дозволена мерка за делче од играчка. Најголем дел од увозниците на играчки веќе знаат, па џамлии не можете да најдете во големите продавници за играчки, појаснува Фатмир Шехи, инспектор од Државниот пазарен инспекторат. Инспекторот Шехи во последната координирана...

Continue reading

Мразот не е опасност за Охридското езеро

Post Views: 9 Делови од Охридското езеро под мраз. Поради ниските температури кои на моменти се спуштија и под 15тиот степен под нулата, на делови од крајбрежјето на езерото може да се забележи мраз. Ваква појава има наспроти хотелот Палас, на Мазија кај плажите Метропол и Градиште на некои помали површини од источниот дел на  езерото. Тоа е ништо. Тоа е еден промил од Охридското езеро. Оваа појава нема воопшто да има никакво негативно влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошки завод. Д-р Талевски објаснува дека можеби ќе изгледа...

Continue reading

Котларата во училиштето Браќа Миладиновци во Стругa претставува потенцијална опасност

Post Views: 1 На училиштето  „Браќа Миладиновци“ од Струга му се заканува опасност. Котларата која се наоѓа во оваа образовна институција е стара повеќе од четириесет години, па речиси и да не функционира. Таа е дотраена, руинирана и небезбедна, раскажува директорот на ова училиште, Шкелким Алиу. Состојбата во котларата внатре е многу страшна и може од една искра да дојде до голем пожар и да дојде до голема катастрофа. Во моментов имаме три тони нафта во резервоарите и страшно е ако избувни пожар може  да настрада и училиштето и децата, вели  Алиу. Училиштето бара и очекува помош...

Continue reading

patlidzan

Генетски модифицираната храна наскоро и во Македонија

Post Views: 4 Животните во Македонија од 1 октомври ќе може да се хранат со генетски модифицирана (ГМ) храна. Тоа им го овозможува Правилникот што го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство во согласност со Министерството за животна средина. Дел од граѓаните бараат да бидат информирани какви опасности може да има тоа за нивното здравје, други веќе најавуваат – збогум на месото, млекото, сирењето, јајцата..! Последиците се гледаат подоцна Зоран Поповски, професор на Факултетот за земјоделски науки на УКИМ и раководител на Катедрата за биохемија и генетско инженерство, вели дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top