Ознака: овој

sertifikat turizam

Заврши обуката, време е за резултатите!

Post Views: 1 Поминаа десетте дена обука за развој на руралниот туризам. Резултат-37 тренери добија сертификати како сведоштво на искуствата стекнати во текот на обуката. Проектот „Развој на руралниот туризам“ им овозможи на учесниците од Охрид, Струга, Битола како и гостите од Албанија да се стекнат со подлабоки познавања на сите аспекти на овој специфичен вид на туризам. „Со нашите патувања на терен во неколку села од Охридско-струшкиот регион, како и вчера го посетивме Вевчани, навистина на терен можевме да слушнеме и од претприемачите кои веќе работат со кои проблеми се соочуваат.“„Се...

Continue reading

donco taneski

Хотелиери цврсто застанаа зад проектот на ХОТАМ

Post Views: 7 Иницијативата која отпочна во 2006 година на годишното собрание на ХОТАМ со поддршка на градоначалникот на Охрид, конечно продолжува понатаму. Претседателот на ХОТАМ објаснува дека постојаната комуникација со локланата самоуправа , министердтвото за танспорт и врски и секторот за туризам на РМ во врска со реализацијата на проектот изготвен во 1977 година од страна на општините ОХрид и Ресен, конечни дојде на дневен ред. „Денеска имавма состанок со колегите бидејќи ние сме задолжени од министерството за економја до 30 април да се изјасниме дали стоиме зад сета досегашна...

Continue reading

scena

Охридски ама светски

Post Views: 4 Охриѓани ја поздравија работата на Охридскиот народен театар. На светскиот ден на театарот, проговорија за тоа што за нив значи работата на оваа културна установа. Некои од нив велат дека веќе имаат навика за одење во театар, а оние кои не биле ветуваат дека ќе одат. „ Јас имам лично навика уште од поодамна, па иако немам друштво, на театар не се зборува, знам да си одам сама. На Охридскиот театар му честитам што почна со својата навистина многу квалитетна работа и мислам дека вреди или луѓето од другите градови да одат или тој да оди да ги усреќи љубителите на таа уметност...

Continue reading

zgrada kifla

Охриѓани ЗА советот на станари

Post Views: 17 На 1ви Април истекува рокот до кој сите згради во Централниот регистар мораат да регистрираат совет на станари. Дали по сопствена волја или под притисок на законските одредби, повеќе од 80 проценти од зградите во Охрид веќе ги регистрирале своите совети. Сепак, дел од нив со сомнеж гледаат во полезноста на Законот за домување. Велат дека законот убаво звучи, но и дека се потребни механизми за негово спроведување. Според претседателот на советот на станари од зградата 101 на булевар „Туристичка“ најголемите проблеми и натаму ќе останат нерешени. „Па ние се држевме до...

Continue reading

ohridsko leto

Дојдов, видов, заминав

Post Views: 5 Елизабета Јанкуловска, долгоочекуваната директорка на  „Охридско лето“, дојде во просториите на фестивалот, се виде со персоналот, ги заврши формалните работи и си замина. Со овој гест ги избегна медиумите. Никој од новинарите не ја виде иако со нетрпение јавноста очекуваше да ја запознае личноста што ќе раководи со оваа за охриѓани важна културна манифестација. После домино ефектот кој му се случи на овој престижен фестивал кога од функцијата се откажаа претходниот директор Васко Василески и селекторите Горан Стојаноски и Маја Чанаќевиќ, добро ќе беше новата директорка...

Continue reading

den na drvoto

Пролетва нема „Ден на дрвото“

Post Views: 14 Оваа пролет по се изгледа ќе мине без очекуваната акција „Ден на дрвото“. На крајот на месецов или почетокот на идниот, Македонија требаше да засади околу две милиони садници со што би се заокружила бројката од 30 милиони дрвца засадени од почетокот на оваа акција пред 4 години. Сепак иако најавена, акцијата беше презакажана за наесен. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во нивното соопштение како причина за откажувањето на акцијата ги наведуваат високите температури и наглото топење на снегот. По консултации со стручни лица од областа, министерството...

Continue reading

kej

Охридското езеро го демнат нови опасности

Post Views: 5  Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото. Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга седнаа на...

Continue reading

виктор мирхази конзул израел

Израелски искуства за развој на руралниот туризам

Post Views: 0 Проектот е граѓанска иницијатива која ја отпочна Локалната Агенција за Развој од Струга, во соработка со Израелската агенција за интернационална соработка и развој (МАШАВ). „Резултатите ќе бидат тоа што ќе имаме 30 тренери кои понатака ќе ја шират и водат идејата за развој на рурален туризам во нашите села, а опфатени се и Албанија, Поградец и Тушемиште. За десет дена ќе ги имаме првите тренери, а понатаму од нив ќе зависи како тоа ќе се развива“, истакна координаторот на проектот, Катерина Василеска. Во насока на зајакнување на односите помеѓу Израел и Македонија,...

Continue reading

hristo uzunov

Новите директори се навистина нови

Post Views: 2  Весна Терзиоска, педагог во основните училишта во Велгошти и Лескоец, по се изгледа ќе биде новиот директор во Основното училиште „Христо Узунов“. Таа е една од двете кандидатки кои имаат конкурирано за ова престижно место. Втората кандидатка е Дијана Јулоска, педагог во Основното училиште во Белчишта, Општина Дебрца. Иако на големо се зборуваше дека поранешните директори на основните училишта „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“  дадоа оставки на само два месеци од истекувањето на нивниот втор мандат со цел истите повторно да бидат поставени на челната позиција на овие...

Continue reading

Димче Шапкарески

Велгоштани на протест

Post Views: 9 Недовршената канализациона мрежа и неасфалтираните сокачиња причина за протести во Велгошти. Иако не во голем број жителите од ова село проговорија за проблемите со кои се соочуваат.„Пред две години започнавме со изградбата на канализационата мрежа во Велгошти. Не се завршени уште споредните патчиња. На неколку пати имаме барано од локалната самоуправа да се изврши санирање на истите, но досега немаме никаков одговор. Жителите се револтирани затоа што ние сме блиску до градот и во 21 век не доликува да газиме по вакви улици и да ги кршиме автомобилите“, вели претседателот...

Continue reading

turnir

Велигденски турнир мал фудбал 2012

Post Views: 0 „Велигденскиот турнир во мал фудбал“ од година во година полека но сигурно, прераснува во регионален. Организатор на неговото овогодинешно четврто издание е Јавното претпријатие „Биљанини извори“, а генерален покровител е Локалната самоуправа од Охрид. Директорот на ова претпријатие, Боро Шајн за оваа година најавува вистински спектакл. „Сакам да напоменам дека овој турнир сакаме да го подигнеме на уште повиско ниво, односно сакаме на овој охридски терен да организираме турнир кој ќе биде истовремено и спектакл. Да победи најдобриот, очекуваме да се појават екипи не...

Continue reading

most

Понтони да, но по еко-стандарди

Post Views: 1 Нов оглас, со нови обврски. Уште неколку дена до распишување на новиот оглас за краткотраен закуп на охридските плажи, а заинтересираните се соочуваат со најавата за доплнителната обврска, поставување на мини пристаништа, на пет охридски плажи. Од потенцијалните концесионери, сега за сега молк. Повеќето од поранешните закупци на плажите, на кои според акциониот план на МТВ треба да се постават понтонските пристаништа, не сакаат да коментираат се додека не се знаат условите во огласите за давање на плажите под краткотраен закуп, кои пак треба да се распишат до крајот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top