Post Views: 0
Активистите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“, како заложба го имаат фокусот на унапредувањето на животната средина, но не го изоставуваат и квалитетот на живот кој мора постојано да се унапредува. Односно, сите придружни работи кои се подразбираат под унапредувањето на животната средина и квалитетот на живот.
Иако ги поздравуваат заложбите на локалната власт за создавањето нови велосипедски патеки, велат дека нивниот концепт мора да се унапреди и доработи.Имено, повеќе од два месеци, новите вело-патеки низ градот не се целосно завршени.
Освен обележувањето...
Post Views: 2
Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се намалува во просек за 1.2 %.
Тоа значи дека од вечерва цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и еден литар од овие горива ќе чини 61 односно 63 денари.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 1,00ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит,...
Post Views: 2
НУ Библиотека „Григор Прличев“ неодамна го збогати својот фонд со неколку изданија од сликовници кои со сигурност ќе го привлечат вниманието за нивно читање од страна на децата и нивните родители.
Оваа среда од Градската Библиотека ви претставуваат шест сликовници од едицијата „Мала Европа“ од издавачот Либи од Скопје.
„Самовилата која гледа во темнина“ од унгарецот Ласло Багоши,„Мама“ од белгиските автори Елон Делфорж и Кентен Гребен,„Чао“ од Едвард де Вендел и Марије Толман од Холандија.
Во оваа понуда се најдоа и две прекрасно дизајнирани сликовници од македонскиот...
Post Views: 1
Библиотеката „Григор Прличев“ никако да се прошири во новите простории. Направени се сите подготовки за преселба, останува уште да се постават уредите за ладење и греење кои се неопходни за одржување на книжниот фонд. Од библиотеката велат дека минатава година Министерството за култура не им обезбедило средства за таа намена.Ние и покрај конкурирањето минатата година за средства од Министерството за култура за доопремување во смисла на тие грејни тела не добивме средства. Тој конкурс се повтори како и секоја година, па конкуриравме за идната година и некаде во февруари...
Post Views: 2
Иако голем број корисници бараа од Mark Zuckerberg воведување на “dislike” со кој би изразиле несложување со одредени статуси, фотографии, вести и слично, шефот на оваа компанија се одлучи за поинаков пристап со неодамнешните воведени реакции. Наместо палец надолу на оваа мрежа сега може да се изразат реакции на љубов, смеа, тага и лутина.
Иако нема “dislike” корисниците пронајдоа начин на кој можат овие реакции да ги искористат против политичарите па така на CNN велат дека првата жртва на овие нови реакции на Facebook е првиот човек на Хонг Конг, Cy Leung. Тој не ужива...
Post Views: 0
Најголемиот саем за мобилни телефони своите врати официјално ги отвора денес, но на вчерашната прес конференција за новинарите Samsung ги претстави новите модели од серијата Galaxy, S7 и S7 Edge.
Секако, моделот Edge доаѓа со закривен екран, а освен тоа моделите се разликуваат и по големината – Ѕ7 со 5,1 инчи, додека Edge е со екран од 5,5 инчи, а на двата модели станува збор за AMOLED екрани со резулуција од 2.560х1440 пиксели.
Телефоните ги покренува процесорот на Qualcomm Snapdragon 820, работат на Android 6,0 Marsmallow, имаат 4GB RAM и 32, односно 64GB меморија,...
Post Views: 2
Библиотеката „Григор Прличев“ наредниов месец треба веќе конечно да се прошири во новите простории. Направени се сите подготовки за преселба, останува уште да се постават уредите за ладење и греење кои се неопходни за одржување на книжниот фонд. Од библиотеката велат дека министерството за Култура треба да им обезбеди средства за тоа, но постои уште еден проблем кој треба да се надмине.
Мора да признаеме дека имаме една физичка бариера бидејќи двете згради на библиотеката во моментов не се поврзани и имаат два различни влезови. Најверојатно ќе се направи еден заеднички...
Post Views: 6
Новите станбено-деловни објекти на Адора Инженеринг во Скопје, општина Аеродром, Ново Лисиче се со врвна асеизмичка стабилност и цврстина на бетон до 50 % повисока од пропишаните законски норми во Македонија, потврди експертската супер визија на реномираниот Институт за сеизмологија и земјотресно инженерство-ИЗИИС и сертифицираната лабораторија Евро-Консалтинг од Скопје.
Мерењата и лабораториските анализи на 73 бетонски коцки вградени во секој од елитните објекти што Адора Инженеринг ги гради на Г.П. 3.13 и Г.П. 3.16 во комплексот „Адора“ во општина Аеродром, Скопје,...
Post Views: 2
“Прелиминарните проверки на банкнотата покажаa дека се со одличен квалитет и можат многу лесно да го измамат оној кој ги прима”, велат во италијанската полиција.
Италијанската полиција објави дека во близина на Неапол открила голема количина на фалсификувани банкноти од 10 евра изработени спрема новите апоени со додатна заштита чија цел беше токму оневозможување на фалсификување на заедничката европска валута.
“Ова е прва запленета количина на новата банкнота во Европа”, објави финансиската полиција Guardia di Finanza во соопштението. Неапол е познат како центар за фалсификување...
Post Views: 2
27 советници денес ги добија сертификатите за нивниот мандат во струшкиот совет. На кратката средба која се одржа денес во салата за седници, уверенијата на идните советници им ги врачи претседателот на Општинската изборба комисија Џенгис Хани. „Со сите наши напори, ќе настојуваме предизборните ветувања да ги реализираме во дела“, рече д-р Мустафа Забзун, советникот на ДПА, во новиот струшки Совет.
„Драго ми е што сум член на Советот на општина Струга, затоа што Струга е еден од најубавите градови во Македонија. Ние ќе вложиме дополнителни напори ова реноме што го...
Post Views: 0
Туристичката сезона започната а општината нема чиста ситуација со издавањето на плажите под концесија. Јавното наддавање за најатрактивни плажи на крајбрежјето Потпеш , Канео, Куба Либре и Кадмо не даде јасна претстава кои се новите концесионери. Во законскиот рок до општинската комисија пристигнале приговори за сите плажи за кои се наддавало, од сите кои учествувале во електронското наддавање, па дури и лица кои не учествувале. Комисијата има рок од 5 работни денови да ги разгледа и да одлучи по пригиворите. Додека трае постапката старите концесионери ќе продолжат...
Post Views: 2
Десет илјади евра, за нови автобуски постојки во Струга. Средствата стигнаа од компанијата Т-Мобиле. Ги испочитувавме сите законски прописи за наменското искористување на парите, а делото е пред граѓаните на Струга и струшко, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
„Имавме една донација од Т-Мобиле од 10 илјади евра. Распишавме тендер, кој го доби фирма од Струга и денес ги гледате и поставени автобуските постојки не само во градот туку и во руралните средини“-изјави Мерко.
Пред година и пол Локалната самоуправа со средства на Прокредит банка во висина од 5000 евра,...