Ознака: лица

Aleksandar Petreski

Приведени две лица осомничени за киднапирање на градоначалникот

Post Views: 3 Мотивите на грабнувачите сеуште непознати. Не се ни открива причината поради која градоначалникот и возачот киднапирањето го пријавиле еден месец подоцна. СВР Охрид ги приведе лицата за кои постои основано сомнение  дека го киднапирале градоначалникот Александар Петрески и неговиот личен возач. Киднапирањето се случило на 21 декември, а од страна на возачот на градоначалникот било пријавено дури вчера попладне. Од СВР- Охрид не го открија идентитетот на осомничените, само информира дека станува збор за две лица од Охрид на возраст од 32 и 34 години. Петрески и неговиот...

Continue reading

babicka

Се поизвесна изградбата на дом за стари лица во градов

Post Views: 17 Со изградбата на дом за стари лица во градов ќе се решат проблемите на многу семејства како од Охрид така и од регионов. Домот ќе биде лоциран кај месноста Даљан. Големи се шансите оваа година конечно во градов да се изгради дом за стари лица и пензионери. Оваа идеја  години наназад никако да се реализира поради низата проблеми со кои се сретнаа нејзините иницијатори. Од Здружението на охридските пензионери првично предлагаа да не се гради нов дом туку да се преадаптира некој постоечки простор. Тие ја посочуваа старата зграда на некогашната детска болница, но по извесно...

Continue reading

logo

Хуманитарен концерт со Божиќни и новогодишни песни за слепите лица од Охрид

Post Views: 1 Крајот на  годината, вообичаено  е период на дарување, а истовремено се  буди и хуманоста кај луѓето. Во тој дух  утревечер Лајонс клубот – Охрид, со помош на охридската гимназија и сите добри луѓе, по втор пат ќе организираат хуманитарен  концерт. Кај организаторите постои надеж  дека овој музички настан ќе прерасне во традиционален. Ангел Јанев, од Лајонс Клуб Охрид вели„ во сплетот на хуманитарни активности се органзира и  оваа манифестација од културен и хуманитарен карактер наменета за охридската  публика со префинет  музички  вкус “. Младинскиот хор под...

Continue reading

znak

Меѓународниот ден на хендикепираните лица одбележан и во Охрид

Post Views: 3 Претставници на здруженијата на хендикепираните лица на традиционална средба со градоначалникот на Охрид. На неа беа изложени проблемите и достигнувањата на здруженијата во текот на оваа година како и нивната соработка со локалната. Меѓународниот ден на хендикепираните лица одбележан и во Охрид. Традиционално, охридскиот градоначалник со претставниците на здруженијата на хендикепирани лица одржа средба на која беа изложени нивните проблеми и достигнувања во текот на оваа година. Петрески кажа дека многу е направено, но и многу допрва треба да се направи за подобрувањето...

Continue reading

turnir basket gluvonemi lica

Баскет турнир на глуви лица од Република Македонија, викендов во Охрид

Post Views: 11 Викендов во Охрид, на просторот пред хотел „Далјан“,  се одржува Баскет турнир на глуви лица од Република Македонија. Учествуваат претставници од голем број градови во земјава. Се натпреваруваат 16 машки екипи и 8 женски. „Ова е традиционална манифестација, која се одржува по втор пат. По бројот на учесници е една од најмасовните“ , потенцира Дамир Розман, Генерален секретар на Спортската федерација на глуви.    Баскет турнирот е во организација на Спортската федерација на глуви лица.Ваквите спортски игри претставуваат вистинска можност за глувите лица да се дружат...

Continue reading

kontejneri

Расте бројот на казнетите граѓани кои го прекршиле Законот за јавна чистота

Post Views: 1 Охриѓани заработија 67 казни за непочитување на Законот за јавна чистота. Униформираните полицајци ги изрекле овие казни во рок од  една недела, од 22 септември кога на стапи на сила Законот за јавна чистота, па се до  29  септември. Но, само  два дена потоа  бројката достигна од 148 изречени казни. Од нив 4 се однесуваат на правни лица вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Три лица прифатиле да ја заменат казната со општокорисна работа. Униформираните полицајци во земјава, пак за една недела напишале 537 казни за граѓаните кои го прекршиле законот по разни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top