Post Views: 0
Покрај проблемот со продолженото работно време, жителите од Стариот дел на Oхрид мака мачат и со буката која доаѓа од плажите во текот на ноќта.
Многумина губат надеж и велат дека додека се изнајде решение ќе помине сезоната. Градоначалникот вели Неможе плажа да работи преку цела ноќ и прашува каде се инспекциските служби кои треба да ги затворат?“.
Во барањето кое група граѓани од урбана заедница 1 – Стар град го испратија на 26 јули до градоачалникот, советот и медиумите, покрај тоа што бараа да не се продолжува работното време на угостителските објекти, од медиумите...
Post Views: 0
Предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти помина кај градските избраници, но откако беше изменета. Ова покажува дека реакциите на медиумите изминативе денови, но и апелот и петициите на жителите од стариот дел на Охрид стигнаа на вистинска адреса. Со Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, се продолжува работното време на угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги, за 2 часа во деновите 29 и 30 јули 2011 година заради одржувањето на Илинденската регата и 1и 2 август...
Post Views: 3
Секоја секунда е важна кога е во прашање спасување на човечкиот живот. Петгодишните напори на О.О На Црвениот Крст од Охрид конечно вродија со плод, па така за прв пат во водите на Охридското езеро, почна да оперира брод-амбуланта. Сашо Точко, претседателот на О.О. на Црвениот Крст кажа дека ова пловило е прво од ваков вид на Охридското езеро и на останатите водени површини во РМ, кое треба да биде поттик до сите институции да вложуваат понатака во овој сегмент зошто ништо повредно нема од човечкиот живот. Но сепак станува збор за привремено решение на долгорочен проблем.
„...
Post Views: 0
На 36-тата седница на Советот на општина Охрид закажана за утре, советниците треба да се изјаснат за Предлог-одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти. Во образложената Предлог-одлука за продолжено работно време, јасно е прецизирано во кои денови би се работело со продолжено работно време. Имено, од 150-тина дена до крајот на годинава, од Локалната предлагаат 76 дена да се работи со продолжено работно време, при тоа не образложувајќи по кој принцип се избрани деновите кога угостителските работници би работеле подолго од нормалното.
Само...
Post Views: 81
Продолжувањето на работното време на угостителските објекти редовно предизвикува сериозни реакции, кои се најизразени од страна на жителите на стариот дел на градот. Иако оваа летна туристичка сезона започна без најава за ваква промена и сите мислеа дека барем ова лето ќе помине без продолжено работно време на угостителските објекти, Градоначалникот Петрески реши уште некој час плус да ги држи жителите на Охрид будни во ситните саати.
Дали неговиот предлог ќе добие зелено светло или не, ќе видиме на 37-та седница на Советот на општина Охрид, закажана за во четврток....
Post Views: 1
Четириесет години со септички јами во дворовите. Жителите од т.н источна трансверзала која е дел од улицата „Момчило Јорданоски“, повеќе од 30 години како живеат со септички јами во своите дворови. Иако како што самите велат, од 1980 година имааат платено аконтација за комуналии и уредно ги плаќаат давачките кон Јавните комунални претпријатија, овој проблем останува во нивниот двор. Додаваат дека единствено нешто што досега добиле, се само предизборни ветувања од надлежните.„Не сме приклучени, аконтација за комуналии имаме платено, секој ветува пред избори а после никој...
Post Views: 1
Популарните локации на уличните станоиздавачи актуелни и годинава. Тие не избираат начин на пристап до моторните возила кои не се со охридска регистрација. Не ретко се случува мобилните станоиздавачи своите туристички капацитети на гостите да им ги нудат на сред улица или додека чекаат семафор, притоа не водејќи сметка на елементарната култура. На ваков начин и самите тие се изложуваат на опасност загрозувајќи ја сопствената безбедност и животот. Поради тоа деновиве засилен е инспекцискиот надзор во соработка со охридската полиција. Раководителот Танас Танасоски вели...
Post Views: 8
Сеуште не е решен проблемот со чистењето и подигањето на сметот од плажите со кои никој не стопанисува. Локалната самоуправа и годинава заедно со ЈП Охридски комуналец организираат чистење на плажите околу поголемите села и населби кои гравитираат околу Охридското езеро, но сепак помалите плажи со кои никој не стопанисува оставени неуредени.
„Ако централната власт стопанисува со Охридското езеро, ако капетанијата им наплаќа на бродовите прикотвени на пристеништата, тогаш е нормално дека тој што стопанисува тој треба да организира и чистење или да плати на некој што...
Post Views: 0
Да се помага на луѓето е најважната цел на постоењето на човекот. Оваа универзална вистина е зацртана во уште една хумана акција на Здружението „Хумано срце за сите“. И оваа година како и минатата, здружението ќе организира хуманитарни концерти во Охрид и Струга, на кои ќе настапат ѕвездите од македонската музичка естрада. На овие концерти ќе настапи и охридската група Силви бенд кои се и заштитно лице на Здружението.
„Сето ова мислам дека е најдобар начин да ја побуди хуманоста кај децата пред се, но и да не потсети нас дека во основа на нашето битие треба да е благородноста...
Post Views: 3
Бродовите, глисерите, кајчината во случај на непријатности во езерските води, на невреме или на дефекти можат за помош да се обратат во Охридската капетанија. Единствено трагањето по пловните објекти Капетанијата го прави во соработка со езерската полиција вели Капетанот Љупчо Настоски. Капетанот истакнува дека ги информираат управувачите на пловните објекти преку флаери и им ги доближуваат правилата и начините како да дојдат до нивните услуги во случај на потреба.
Од Охридската капетанија информираат дека во случај на ризични ситуации интервенираат со три лица...
Post Views: 0
Угостителската струка, келнер-гастроном ќе добие нов бран на стручно подготвени лица. Четиримесечната обука заврши токму денес, со што лицата кои успешно ќе ја поминат проверката, ќе се стекнат со титулата келнер-гастроном. Оваа обука е дел од заедничкиот проект на Владата на Република Македонија, Агенцијата за вработување и Центарот за средно стручно образование и обука, додека како реализатори на овој проект се јавуваат училиштата.
„Ние како угостителско туристичко училиште од Охрид изготвивме програма за профилот келнер-гастроном бидејќи немаше таква програма. Таа...