Ознака: кои

merenje pritisok

Жената во центарот на вниманието на годинешниот „Ден на срцето“

Post Views: 2 Бесплатни кардиоваскуларни прегледи на плоштад. Продолжува традицијата на вакво одбележување на Денот на срцето, 29 Септември. Од Заводот за кардиолошки заболувања од Охрид кој го организира овој настан, се одлучиле овој ден да го одбележат една недела порано, но со истата цел. Подигнување на свеста кај охриѓани за полезноста од превентивното делување и запознавање со ризик-факторите за кардиваскуларни заболувања. Ѓраѓаните кои ги затекнавме таму задоволни од акцијата. Ги запрашавме дали практикуваат вакви рутински контроли. „Не често, не често. Но мислам дека треба...

Continue reading

borci

Охридските ветерани маршираа за мир

Post Views: 9 „Да престанат војните, да престанат немирите, да запре татнежот на оружјето“. Ова беа само некои од пораките испратени кон светот од Градскиот плоштад во Охрид. Сојузот на борците, на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, денес го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото,а по повод Светскиот ден на мирот. Охриѓани со став дека животот во мир е придобивка која никако не треба да ја сфаќаме здраво за готово. „Треба да го цениме и треба мирот да биде стално присутен меѓу нас и меѓу државите воопшто. Не само што го цениме, туку со самово присуство...

Continue reading

VMRO DPMNE

Годишно собрание на Унијата на жени од ДПМНЕ-Охрид

Post Views: 11 Време е за осврт кон сработеното. Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, утревечер ќе го одржи своето годишно собрание. Овој редовен настан е можност за согледување на целокупните наши активности во текот на изминатата година, но и можност за претставување на идните планови.-вели претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Славица Јанковска. Таа додава дека на ова годишно собрание ќе направат осврт и на целокупното дејствување на жената во рамките на партијата како и постигнатите резултати. Најави и нивно уште поактивно политичко делување. „Како припаднички...

Continue reading

agencija za vrabotuvanje

Малите претпријатија од Охрид незаинтересирани за владините кредити

Post Views: 2 Мал е интересот кај охридските мали претпријатија за   владините мерки  за намалување на невработеноста преку поволни кредитирања. Првиот оглас за кредитирање микро и мали претпријатија  кои ќе вработат лица регистрирани во агенцијата за вработување заврши во август. Иако на него се пријавиле само 4 претпријатија, од Агенцијата велат дека се задоволни од одзивот. Од таму се надеваат на поголем интерес за вториот оглас кој започна на 15 септември. „Овој проект е за прв пат оваа година промовиран, така да ова веќе е втор оглас оваа година. Првиот ми се чини како пилот...

Continue reading

muzicko

Дали во градов ќе се отвори средно музичко училиште

Post Views: 2 Основното музичко училиште „Методиј Патчев“ прави напори за воведување на средно музичко образование во градов. Оваа идеја тлее од поодамна, но се чека да се создадат услови за нејзина реализација, вели директорката Нина Момировска. Веќе е разговарано со министерот за образование. Инаку, во ова основно училиште музички се образоваат 326 ученици. Само во оваа учебна година се запишале 67 од кои 37 се првооделенци и ќе ги изучуват инструментите клавир и виолина, а 27 се петтооделенци и ќе ги изучуваат инструментите флејта, гитара, кларинет и хармоника. Момировска вели...

Continue reading

Resen

6 милиони швајцарски франци за заштита на Преспанското езеро

Post Views: 4 Заслужни за оваа финансиска инјекција за Ресен се Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП за нивната континуирана техничка и стручна помош како во изработка, така и во спроведување на овие проекти, и се разбира огромната помош од министерството за животна средина и просторно планирање на Р Македонија.    Денеска во Ресен, претставници на овие овие институции потпишаа два многу значајни документи и тоа Меморандум на соработка помеѓу општина Ресен и донаторот – швајцарската агенција за обнова и развој,  документ кој го потпишаа Швајцарскиот амбасадор во...

Continue reading

fizicko

Професорите се за зголемување на бројот на часовите по спорт

Post Views: 0 Професорите предлагаат во училиштата зголемување  на бројот на часовите по спорт како спас против деформитетите кај школските деца. Бројот на регистрирани деформитети од проектот спроведен минатата училишна година има поразителни  резултати. Од 504 испитани ученици од сите училишта биле откриени 302 деца со различни деформитети. Професорите по физичко и здравствено воспитание проблемот го лоцираат пред се во начинот на живеење. За да се подобри здравствената слика на школските деца професорите предлагаат родителите повеќе да ги потикнуваат децата на спортување. Проф....

Continue reading

krija Joga

„Крија Јога“ пристигна во Македонија

Post Views: 8 „Крија Јога“ или техника на живот која многумина во светот секојдневно ја применуваат со цел да си го олеснат животот и со цел побрзо да стигнат до својта среќа конечно пристигна во Македонија.  Крија Јога“ е посебна техника која ги содржи сите други видови на јога, затоа што битието на јогата е во крија јога  и таа се состои од пет вежби кои човекот ги вежба за да си најде мир во душата, за да се смири и за да биде задоволен и среќен. Крија Јогата ќе ја има во Македонија, благодарение на новинарот Нада Штајнман.   „Мојата желба беше за да ја донесам оваа „Крија Јога“...

Continue reading

fakulteti

Добредојде и со среќа на новите студенти-почна академската година

Post Views: 0 Започна новата академска година. Двете високообразовни институции во градов, Универзитетот за информатички науки и технологии-„Свети Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство „Свети Климент Охридски“ им посакаа добредојде на новите студенти. Со емотивен и мотивирачки говор, пред бруцошите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. „Вистинска чест е можноста да ве поздравам на првиот академски час за академската 2012/2013 година. Искрено ме радува тоа што толку многу млади луѓе одлучиле да се едуцираат...

Continue reading

politicka akademija

Отпочна циклусот „Политичка академија 2012 година“

Post Views: 3 Обука на идните потенцијални политичари. Денес во Охрид отпочна првата обука во циклусот „Политичка академија 2012 година“. „Политичка организација и комуникација на модерна народна партија“ е темата на политичката обука која е во рамките на академијата, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“,  Институтот „Павел Шатев“, во соработка со холандската фондација „Едуардо Фреј“. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, говорејќи за главните цели и предизвици во модерната политика, подвлече дека политичкото дејствување, партијата го базира врз основа на...

Continue reading

OUBraka Miladinovci - kalista

Во Калишта ќе се гради ново училиште

Post Views: 5 Владата ќе гради ново училиште во Калишта, со што маките на родителите и децата кои учат во оваа руина ќе станат минато. Со ова уште еднаш се покажа дека доколку се сака нешто, истото може да се добие само со здружени сили. Отако заменик министерот се увери во фактичката состојба на училиштето, беше крајно искрен и рече дека „Човек може да се наежи од она што го гледа и од оваа состојба во која учат децата“. „Ова го нема ни во Африканскиот континет, а не камоли во Европа. Ние сега ќе отпочнеме со сите процедурии законски предвидени постапки што е можно побрзо да направиме...

Continue reading

trafostanica

Синоќа ечеше во населба „Бараки“

Post Views: 1 Силен татнеж од трафостаницата, синоќа, во два наврати, околу 1 часот и 15 минути по полноќ, ги вознемири мештаните од населбата „Гоце Делчев“, позната како бараки. Жителите на населбата не информираа дека потресот не само што ги вознемирил, туку сериозно ги исплашил така што дел од нив цела ноќ останале будни. Екипа на ЕВН од подрачна единица Охрид, на лице место пристигнала во рок од 5 минути после силните татнежи. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески вели дека големото невреме што го зафати охридско-струшкиот регион, е главната причина што на одредени места биле предизвикани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top