Ознака: кои

zgradi

Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани куќни совети

Post Views: 11 Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани заедници на сопственици на посебните делови, популарно наречени куќни совети. На територијата на Република Македонија денес имаме вкупно 3.012 регистрирани заедници на сопственици. Ова се податоци  добиени од Централниот регистар. Станарите кои ги користат услугите на овие компании велат дека за одржување на еден влез месечно плаќаат околу 290 ден. Од нив 140 се за компанијата, а 150 за хигиеничарка. За овие пари тие добиваат чистење и одржување на влезот, вршење книговодствени услуги, хаусмајсторски работи,...

Continue reading

toalet

Родителите бараат повеќе да се води сметка за хигиената во училиштата

Post Views: 1 Хигиената во тоалетите во средното економско училиште е на незавидно ниво. Нема ниту течен сапун, ниту пак друго средство за хигиена, а сега е сезона на грип па препорака од СЗО е што почесто да се мијат рацете, се вели во реакцијата на еден родител чие дете учи во овај образовен центар. Тој побара сериозно да се разгледа ова прашање и што поскоро да се најде решение. Директорот на економското училиште, Наум Рилкоски, се согласува со забелешките на родителите. Но, вели дека една од причините за ваквата ситуација е што средствата од блок дотациите кои ги добиваат од државата...

Continue reading

egipkani

Египќаните да излезат на Локални избори повикуваат од Сојузот на египќани

Post Views: 0 Масовно излегување на престојните локални избори  повикуваат од Сојузот на египќани. Лидерите од овој сојуз им порачуваат на припадниците од нивната етничка заедница да го искористат своето уставно право на глас. „ Во никој случај немаме право да го контролираме мојот народ како ќе се постават и за кого ќе го дадат својот глас. Важно е  мојот народ да добие право на безбедно гласање и со добра волја“, кажува Хусеин.Од Сојузот на египќани од следната недела информираат  за средба со високи преставници на ОБСЕ. Потенцираат дека на средбата ќе ги запознаат со проблемите...

Continue reading

nezavisna lista Zoran Stevoski

Зоран Стевоски носител на независна советничка листа

Post Views: 6 Оваа листа која според носителот ќе му ја врати душата на Охрид е составена е од млади луѓе, интелектуалци, работници, студенти, како и преставници од етнички заедници кои живеат во Охрид. „Граѓаните ќе ја препознаат вистинската листа и левичарската нитка ќе препознаат дека ние излегуваме, а не ги бојкотираме изборите. Ние сакаме и ќе направиме низа проекти кои ќе му го вратат сјајот и блесокот на Охрид“, вели носителот на листата Стевоски. Денешната пресс конференција Стевоски ја одржа пред некогашното седиште на СДСМ. На новинарско прашање зошто токму тука за прв пат...

Continue reading

пиом

Пензионерите сакаат на бања ама капацитетот ограничен

Post Views: 0 Во тек е пријавувањето на пензионерите за одење на бања на државен трошок. За само три недели од кога е објавен огласот 400 охридски пенизонери поднесле барања за користење на оваа безплатна можност до охридската филијала на пензиско инвалидскито фонд. Пријавувањето трае до 15-ти февруари. Лани биле пријавени 560 пензионери, а од нив дозвола за бањско лекување добиле 230 охридски пензионери. Се очекува, бројката на пензионери кои ќе поднесат апликации за користење на бања, годинава да биде поголема, информира раководителот на филијалата Самет Ризвани. „ Услугата може...

Continue reading

lakocerej

Се подготвува капитална инвестиција во Лакочереј

Post Views: 9 Викенд населба со над 100 куќи, мал хотел и Дом за пензионери ќе се гради во Лакочереј. Инвеститорот е македонец кој живее и работи во Австралија а подготвен е да вложи над 20  милиони евра за реализација на проектот. Локалната му отстапи терен, така што на последната седница на Совет беше усвоен и нацрт урбанистичкиот план за локалцијата каде што треба да никне  елитната населба, на посебна местоположба од каде се гледа Охридското Езеро. Градоначалникот Александар Петрески вели дека 6 годишните преговори конечно вродиле со плод. „Значи идејата е повратниците од странство...

Continue reading

topki

Женскиот ракомет се враќа во Охрид после долга пауза

Post Views: 9 Не стивнува ракометната еуфорија во Охрид. Последна и најсилна причина е формирањето на женскиот ракометен клуб „Моби Дик“. Тоа е клубот кој ќе го понесе товарот да ги потсети охриѓани на историјата, но и да им ја покаже иднината на женскиот ракомет, кој за жал долги години го немаше во Охрид. Го посетивме нивниот прв, официјален тренинг, а бројката на девојчиња кои тренираа беше огромна, па не испуштивме да ги запрашаме зошто ги привлекол токму ракометот. „Долго време чекав ракомет, и сега се отвори. Интересно е досега, се надевам и натаму ќе биде.“ „Во градов немаше...

Continue reading

Бакрачески

Време е за ново поглавје за Охрид, порача д-р Бакрачески

Post Views: 0 Програмата за развој на Охрид,  ја пласира пред сограѓаните кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, д-р Никола Бакрачески.  На одржаната конвенција на Вмро Дпмне, на која беше преставен како  кандидат за прв човек на Охрид, Бакрачески ја претстави програмата за која рече дека во неа може да се пронајде секој охриѓанец. Понуди, како што рече прецизна и јасно дефинирана, најсериозна и најобемна прогама во која се вклучени мислења од експерти и еминентни луѓе. Пред своите сопартијци ги образложи  стратешките цели за економски, културен, туристички и спортски...

Continue reading

smetka EVN

Манипулативниот трошок од 6 денари скапо ќе ја чини ЕВН

Post Views: 11 Со решение на Комисијата за заштита на конкуренција од 2009 год. одлучено е дека ЕВН Македонија од јануари 2005 год. заклучно со 28 февруари 2008 год. без основ, на секоја сметка наплатувала манипулативен трошок, по 6 денари. Имено, на сметките од дември 2007 год и јануари и февруари 2008 год. доколку под ставка 25 – манипулативен трошок, во износот на сумата за плаќање се наплатени  плус 6 денари, може да се тужи компанијата. Адвокат Светозар Ристески за ТВМ објаснува што е противправно во манипулативниот трошок кој ЕВН Македонија го наплатувала од граѓаните на Р Македнија....

Continue reading

salon

Занаетчиите на удар од нелојалните конкуренти

Post Views: 8 Несоодветни простории се адаптираат и се работи нелегално скоро во сите дејности.  Подруми, шупи, детски соби и спални се претвораат во механичарски и работилници за тапацирање, во козметичарски и фризерски салони, во кондураџиски и резбарски работилници без дозвола за легална дејност. Луѓето масовно, како знаат и умеат,  се снаоѓаат  и се справуваат со економската криза при тоа уривајќи ја цената на трудот на оние кои за сличните  услуги плаќаат високи давачки и даноци кон државата, реагираат уредно регистрираните занаетчии. „Сфаќаме дека секој треба да живее ама нека...

Continue reading

agencija

Да има што повеќе жени во политиката

Post Views: 13  Да се зголеми бројот на жените во политиката. Ова е заложба на Советот на жени за родова еднаквост, македонското женско лоби и невладината организација „Антико“. Тие сметаат дека и сегашната законска бројка од 30% е мала за да може реално да се зајакне влијанието на жената врз политичките случувања во државава. Од друга старана пак и оние жени кои се инволвирани во политиката многу малку придонеле за подобрување на состојбата на ранливите категории. Ова е уште поевидентно на локално ниво, вели Наде Мартиноска од женскиот центар „Бисера“. Во Советот на општина Охрид...

Continue reading

blato vlez

Водните живеалишта-богатство кое мора да се сочува

Post Views: 6 Живиот и разновиден биолошки свет постои дури и на места за кои не сме свесни. Она што загрижува е што недостигот на свеста, неинформираноста или во крајни случаи и намерното загадување, овој разновиден биодиверзитет го деградира и уништува. Денес е светскиот ден за заштита на водните живеалишта, живеалишта како нашето Охридско езеро, како реките кои се сливаат во него, како мочуриштата, како Студенчишкото и Белчишкото блато кои се природни филтри за Охридското езеро. Невладини организации, екологисти и експерти од областа на биологијата и екологијата, денес потсетија ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top