Ознака: им

zanaetcija

Старите занаети непривлечни за младите

Post Views: 1 На занаетчиските дејности од година в година  им се заканува изумирање. Голем број занаети  веќе се исчезнати, а на поголем дел од нив сериозно им се заканува таа опасност, се жалат занаетчиите. За младите луѓе занаетите не се доволно атрактивна професија вели еден од помладите занаетчии  во охридската чаршија кондураџијата Сашо Богоески. Тој кажува дека старите занаети не се привлечни за младите. Најголем интерес за изучување засега се покажува кон  козметиката и фризерството.Од Министерството за економија пак информираат дека се подготвува стратегија за развој на занаетчиството...

Continue reading

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ реагира на обвинувањата на локалната

Post Views: 13 Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов  реагира на обвинувањата упатени кон него но и кон неговата матична партијата вчера од страна на раководителите на секторите при локалната самоуправа. „И вчера се покажа бедата на локалната самоуправа и злоупотребата на локалната како пресс центар на СДСМ. Недозволиво е локалната самоуправа која ја плаќаат сите, да се користи како пресс центар на СДСМ“, вели претседателот на Ок Атанаско Михаилов. Тој додаде дека наместо да работат раководителите на секторите тие се преокупурани со меѓусебни препукувања, расправии,...

Continue reading

ftu

Стипендиите Базилеус им отвораат врати на студентите

Post Views: 8 Со овие стипендии се овозможува мобилност на нашите студенти и можност за студирање во некој од европските универзитети. Ова се бенефитите од Базилеус 3 стипендијата. Оваа стипендија покрај за студентите важи и за наставниот кадар на ФТУ. 15ти Февруари е крајниот рок за аплицирање за оваа стипендија. Базилеус 3 е достапна за сите студенти кои се редовно запишани на ФТУ. Тие треба да поседуваат серификат за познавање на некој странски јазик, да имаат препораки од одреден број колеги и да имаат пополнето и испратено апликација.Од ФТУ велат дека стојат на располагање на...

Continue reading

grobishta

На граѓаните не им е потребна екстра давачка

Post Views: 5 Ова е ставот на советниката група на ВМРО-ДПМНЕ, во врска утврдување на висината на надоместокот за  „Солидарен пакет – погребални услуги“. Со прекинот на денешната седница на Советот на општината, се пролонгира и изгласувањето на нејзиниот износ. Само за потсетување, точката на која требаше да се изгласа висината на погребалните услуги, помина пред градските избраници на последната седница на совет минатата година, но со одредени забелешки. Дел од советниците реагираа дека 100 -те денари кои граѓаните треба да ги плаќаат е преголем месечен издаток за охриѓани,...

Continue reading

Vasilica

Се празнува Православна Нова Година

Post Views: 1 Православна Нова година или уште позната и како Василица се празнува на 14 јануари. Православните верници на овој датум го слават споменот на Свети Василиј Велики. Според преданијата Василиј сакајќи да им го олесни животот на христијаните  им разделил погачи во кои имало паричка за да можат да  купат храна и да ја дочекаат Православна Нова година. Се верува дека од овој гест на Василиј произлегува и обичајот до ден денес на овој ден да се прави пита со паричка. Се верува дека тој што ќе ја најде паричката, во текот на целата година ќе го прати здравје, среќа и успех....

Continue reading

grad

Владата ќе ги легализира дивоградбите, граѓаните дел задоволни, дел збунети

Post Views: 2 Предлог Законот за легализација на дивоградбите ги збуни граѓаните. Едни оваа владина иницијатива ја прифаќаат со воодушевување, а други со револт. Претседателот на Ок на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов вели дека ВМРО ДПМНЕ со овој чекор покажува дека  партијата е со народот и дека секогаш се прават напори за решавање на проблемите на граѓаните. Комуналиите за легализирање на дивоградбите ќе изнесуваат 1 евро за 1 метар квадратен. Тоа е сума која секој ќе може да ја плати, додава тој. Михаилов додава дека се надева дека во иднина владата ќе предлага и носи вакви одлуки ...

Continue reading

raspeano gerdance

„ Распеано ѓерданче“ одржа концерт

Post Views: 0 На градскиот плоштад, хорчето „Распеано ѓерданче“ одржа концерт. Со него, дечињата, им ги честитаа божиќните празници на сите граѓани на Охрид. Еуфорична атмосфера и задоволство на лицата на насобраните граѓани, кои со внимание го проследија овој настан. Дечињата пак, насмеани, пееја за големиот христијански празник Рождество Христово – Божик. Методија Баракоски, уметнички раководител на хорчето „Распеано ѓерданче“ вели дека ова е втор ваков концерт. Минатата година, концертот го одржавме на Божиќ, а оваа година одлучивме да го реализираме на Бадник, и со песна...

Continue reading

ploshtad

Атмосферата на градскиот плоштад

Post Views: 0 Многу охриѓани и гости одлучија најлудата ноќ да ја прослават на градскиот плоштад. И покрај скромниот буџет, сепак дочекот на новата година помина спектакуларно  во преубава празнична атмосфера. За  истата да биде повесела и поинтересна се погрижија Аренси бенд, гостинката од Хрватска Антонија Шола и Александар Белов. Точно на полноќ, кога присутните си ги споделија најубавите желби и честитки, охридското небо го осветли прекрасен огномет. Неколку минути пред полноќ, од градскиот плоштад, на граѓаните им се обрати градоначалникот Александар Петрески посакувајќи им...

Continue reading

Dedo Mraz na ploshtad

Дедо Мраз на градскиот плоштад

Post Views: 1 Денес на  градскиот плоштад започна новогодишната забава. Почетокот на оваа забава беше наменет за најмладите. Организирано се појавуваа претставници од скоро сите основни училишта. А, како спектакл и изненадување за дечињата беше доаѓањето на Дедо Мраз. На градскиот плоштад веќе започна најавуваната новогодишна забава. Нејзиниот почеток резервиран за најмладите. Организирана беше претстава во која учествуваа сите дечиња од основните училишта, како и од детската градинка „ Јасна Ристеска “. Како спектакл и изненадување токму за дечињата беше пристигнувањето на дедо...

Continue reading

dedo mraz

Дедо Мраз делеше пакетчиња во општинската зграда

Post Views: 3 Дедо Мраз во посета на општина Охрид. Денеска во локалната се сретна со децата од социјално загрозените семејства и им донесе пакетчиња. Градоначалникот Александар Петрески крајот на годината ќе ја одбележи со хуманитарни акции. По вчерашниот ручек со хендикепираните лица, денеска се делеа пакетчиња, а утре според агендата на градоначалникот на социјално загрозените семејства треба да им поделат социјални пакети. Градоначаникот ветува дека откако ќе ги добие ингеренциите во социјалната свера, локалната многу повеќе ќе им помага на социјалните семејства. На крајот на...

Continue reading

dijabetes

Во Охрид Формирано здружение на деца со дијабет

Post Views: 6 Во општинава се евидентирани до полнолетство 12 деца, а додека останатите над 18 години се вбројуваат во категоријата на возрасни. Иницијативата за формирање на едно вакво здружение потекна од родителите кои бара начин да се следат проблемите поврзани со дијабетот, но и да им се помага на децата  вели претседателот на првото здружение во регионов, Зоре Димоска.„ Здружението ќе помага во едукација на децата и нивните родители за полесно да се справуваат со дијабетот“.Здружението на деца со дијабет има годишен план со кој се поставени повеќе цели и задачи. Над 60 посто...

Continue reading

humanitarna akcija

Хуманитарна акција на плоштад

Post Views: 4 Во предпразничен дух денес беше организирана хуманитарна акција во сите поголеми градови во нашата земја. Организатор на оваа акција е социјал демократската младина. Граѓаните кои ги затекнавме како донираат новогодишни пакетчиња ги запрашавме што мислат за акциите од ваков карактер. Оваа акција е организирана со цел новата година да им ја разубавиме на лицата со посебни потреби и деца без родители, вели Игор Јорданов. Сакаме да им покажеме дека не се заборавени и да ги израдуваме со новогодишни пакетчиња. Ова е прва ваква акција откако е тој претседател на социјал...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top