Ознака: жртви

vmro dpmne

Нечесни сценариа, ВМРО ДПМНЕ обвинува

Post Views: 7   СДСМ и Градоначалникот Александар Петрески денес изведоа најгнасно и нечесно сценарио  со кое сакаат да го уништат Охрид, обвинија од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму тврдат дека пред денешната седница на Советот на Општина Охрид со телефонско јавување и партиски наредби Петрески и Сдсм донеле голем број  сограѓани како би им го штителе нивниот грб. Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ вели дека целта на Петрески и СДСМ е да создадат насилство и хаос па дури и човечки жртви. Михаилов потенцираше дека најмалку од се ќе дозволат сценаријата...

Continue reading

borci

Повеќе настани одбележани во еден ден

Post Views: 3 Одбележан 6 ти септември, денот на формирањето на шестата бригада. Борците и поддржувачите на делата на НОБ од охридско-струшкиот и регионот на Дебрца, денес во простории Сојузот на борците во Охрид се собраа за потсетат на неколку значајни денови од историјата на Македонија, со посебен осврт на формирањето на шестата бригада. Никола Стефаноски потпретседателот на Сојузот на борците, потсети дека не треба да се забораваат и секогаш треба да се одбележуваат настаните каде се втемелени бројни жртви. „Ние со посебен пиетет се однесуваме во одбележување на овие настани пред...

Continue reading

semejno nasilstvo

„Да излеземе од мракот на насилството”

Post Views: 1 „16 дена против насилството”. Во рамките на оваа светска кампања, се одржуваат трибини во десет градови низ Македонија меѓу кои  е и Охрид. Истите се организираат на локално ниво од страна на локалните невладини со подршка на институциите и организациите на ОН, присутни во земјава, објаснува Даниела Андоновска од невладината „Македонско женско лоби“. „Верувам дека со овие кампањи и трибини кои ги спроведуваме дека ќе се подигне свеста на широката јавност на целокупното население на мажите на жените кои во најголем број од случаевите кои се пријавени се всушност...

Continue reading

human trafficing

Борба против трговија со луѓе или меѓународен собир на фалбаџии?

Post Views: 5 Не треба да се зборува туку треба да се делува. Трговијата со луѓе тема на уште една конференција. Но за жал и овојпат не беа предложени конкретни мерки за нејзино сузбивање туку само беше констатирано дека таа е во постојан пораст. Проектот против трговија со луѓе кој трае веќе 14 месеци е насочен кон зајакнување на граѓанските организации и нивно учество во спроведување на националниот механизам за упатување на жртви. Целта на проектот е да ги приближи националните законодавства на сите земји учеснички, со законодавството на ЕУ. „Не можеме да кажеме која земја предничи...

Continue reading

domestic violence

Сеуште голем е процентот на семејно насилство

Post Views: 3 Претставници на Центарот за социјални грижи, секторот за внатрешни работи, комисијата за еднакви можности при советот на општина Охрид, како и претставници на невладините организации, дискутираа во врска со состојбата со семејното насилство во регионов. Тие се обидоа да ги лоцираат и идентификуваат проблемите со кои овие институции најмногу се среќаваат при борбата со овој вид насилство. Олгица Апостолова, член на координативното тело изјави дека состојбата е алармантна. Проблемите се присутни и  во врска со намалувањето на пријавите за семејно насилство и во врска со...

Continue reading

den na mirot

Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Post Views: 9 Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на  градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше  оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески  истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот ...

Continue reading

Потона бродот Илинден

Post Views: 32 Потона бродот Илинден.Најмалку петнаесет лица го загубија животот а неколку се водат за исчезнати во трагичната несреќа што денеска околу 10 часот и 35 минути се случи во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од автокампот Елешец ,на длабочина од 6-8 метра. Неофицијално, бродот, балансот го одржувал со помош на метални сајли. Се претпоставува дека едната од саjлите пукнала по што, според изјави на очевидци, бродот се преполовил и потонал за неколку минути. Oчевидци ни изјавија дека несреќата се случила многу брзо и дека бродот потонал за само неколку минути. Ова...

Continue reading

soobrakajna Bukovo

Две жртви во сообраќајна незгода

Post Views: 6 Во тешка сообраќајна незгода која се случи на магистралниот пат Охрид- Ресен животот го загубија двајца млади охриѓани. Службите од Свр Охрид ги испитуваат причините поради кои дошло до несреќата. Синоќа во тешка сообраќајна незгода животот го загубија Влатко П. роден 1977 година и Наумче А. роден 1985 година, двајцата од Охрид. Несреќата се случи во 21 часот, во близина на депонијата ,, Буково“, на магистралниот пат Охрид-Ресен. Стефан Димоски, портпарол на Свр Охрид  вели дека сообраќајната незгода се случила во моментот кога возачот на товарно возило-влекач марка...

Continue reading

Д-р Наум Љатко демантира

Post Views: 4 Во врска со вчерашниот прилог во кој д-р Никола Симоноски упати обвинувања до раководниот менаџмент на Јавна Здравствена Установа „Општа болница“, дека не биле подготвени да интервенираат за давање помош на повредените во авионската несреќа, до редакцијата на ТВМ демант упати заменикот раководител на Работна единица анестезија и реанимација, д-р Наум Љатко. Тој ја демантира изјавата на д-р Симоноски и вели дека одделот за анестезија и реанимација бил подготвен, и со персонал и со соодветна апаратура, да им пружи помош на настраданите во авионската несреќа во Скребатно,...

Continue reading

Охридската Општа болница неподготвена за прием на жртвите од авионската несреќа

Post Views: 1 Иако повикани, раководните лица од болницата не се одзвале на повикот за помош на дежурните лекари- тврди еден од нив. Раководните лица од болницата се на годишен одмор. Јавната здравствена установа Општа болница воопшто не била подготвена, доколку биде потребно, да ги прими жртвите од вчерашната авионска несреќа. Ова го тврди дежурниот лекар- хирург, Примариус д – р Никола Симоноски,  кој бил на своето работно место по падот на авионот. Заедно со дежурниот лекар- анестезиолог биле препуштени сами на себе. „Не знам како ќе постапевме доколку се јавеше потреба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top