Ознака: денеска

Ayrton Sena

19 години од смртта на Сена

Post Views: 4 Денеска се навршуваат 19 години од смрта на легендарниот Аиртон Сена кој загина за време на трката од Големата награда на Сан Марино во Имола. Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, ако не и најдобар, загина на 34 години откако загуби контрола над својот болид при брзина од повеќе од 300 км/h и удри во ѕид во свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферара“. Само ден претходно, на истата патека, во текот на квалификациите на речиси исто место животот го загуби и Австриецот Роланд Расенбергер. Двете трагедии, а посебно таа на 1.мај 1994 година,...

Continue reading

crna

АРМ ќе ја „брани“ Пелагонија

Post Views: 5 Голема акција за заштита и враќање во првобитна состојба на коритото на реката Црна во Пелагонија, со која е предвидено поставување 10.000 вреќи со песок ќе почне денеска. Во акцијата ќе се вклучат припадници на АРМ, претставници на јавните претпријатија од регионот и локалното население со единствена цел да се обезбеди заштита од поплавување на општина Новаци.За реализација на акцијата набавени се 10.000 вреќи, договорено е во повеќе населени места во општината Могила да се направат наноси, а ќе се ангажира и соодветна механизација. {loadposition content9}

Continue reading

korupcija

Kорупцијата е 5-ти најголем проблем за македонските граѓани

Post Views: 0 По невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени, корупцијата е 5-ти најголем проблем за македонските граѓани, се истакнува во Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата. Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Статистиката вели дека во земјава секој месец се откриваат во просек по шест случаи на корупција, иако претпоставките се дека бројот на неоткриените случаи е далеку поголем. Неофицијалните пресметки покажуваат дека само...

Continue reading

Православните христијани денеска го слават Богојавление-Водици

Post Views: 16 Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште...

Continue reading

studenti

Студнетите протестираат против екстерното тестирање

Post Views: 7 Голем број студенти денеска напладне се собраа пред платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од каде тргнаа на Студентскиот марш со кој бараат властите да се откажат од идејата за воведување екстерното тестирање на универзитетите. Извикувајќи „Уа!“ за екстерното, студентите се движат по зацртаната рута, преку булеварот „Климент Охридски“ и „Илинденска“, улицата „Теодосиј Гологанов“, каде што се наоѓа седиштето на Студентскиот парламент, за да стигнат до Министерството за образование и наука како крајно одредиште. Во говорот пред почетокот на маршот, членовите на...

Continue reading

Денеска се слави Светиот маченик Трифун

Post Views: 0 Секоја година на 14 февруари православните христијани го прославуваат свети Трифун. Се верува дека свети Трифун е чувар на лозјата и гостилниците, но и на брачната љубов и верност. На 14 февруари винарите првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат лозите, а се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето. Ако на празникот Свети Трифун паѓа дожд, сливата ќе има добар род. Кај народот...

Continue reading

Денеска и утре се денови на национална жалост поради тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје – Тетово

Post Views: 8 Денеска и утре се денови на национална жалост поради тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак. Одлуката беше донесена на синоќешната вонредна владина седница. Премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите најави дека денеска ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе бидат донесени и одлуки за поддршка на семејствата на починатите. Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 17 часот, а според досегашните официјални податоци во неа загинаа 14 лица. Автобусот што...

Continue reading

Од денеска започнува вакцинацијата со трета доза вакцина против ковид-19

Post Views: 0 Од денеска трета доза на вакцина ќе може да примат сите граѓани на возраст над 60 години, и сите здравствени работници и пациенти кои имаат влошена имунолошка состојба, без оглед на возраста. Се најавува и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови за учениците во основните и средните училишта во државата. Согласно сознанијата кои во минатата недела ги посочи министерот за здравство Венко Филипче третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители. Филипче...

Continue reading

logo

Меѓународен ден на белиот стап

Post Views: 1 Во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска покрај многуте активности, слепите лица ќе даруваат крв на крводарителската акција насловена „Слепите за заедницата“. Се одржа и дефиле на слепите лица кое ќе почне од фонтаната „Александар Македонски“ на плоштадот Македонија до Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ каде во холот ќе биде отворена изложба на тифло-технички помагала, ракотворби на слепите жени изработени на Семинарот за жени „Актив на слепата жена и нејзините ракотворби” одржан во Струга во јуни годинава. На креативната...

Continue reading

pistorius

Писториус обвинет

Post Views: 3   Оскар Писториус денеска се појави пред суд, а во моментите кога од судијата беше обвинет за убиство на неговата девојка, не можеше да се совземе од плачење. Претходно беше објавено дека најпознатиот параолимпиец случајно ја убил својата девоја Рива Стинкамп, мислејќи дека е крадец, но сепак според најновите информации, таа била убиена додека се туширала.Одбраната на Писториус побара од судот да се изгасат сите камери и да нема директни преноси во понатамошното судење. Неговиот адвокат изјави дека тој е емоционално погоден, но сепак додал дека психолошки е стабилен. {loadposition...

Continue reading

Денеска во Охрид сончево и топло со температура до 26 степени

Post Views: 0 Времето денеска во Охрид сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени. До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање – информираат од УХМР. 

Continue reading

logo

„On-line“ Инспекциски надзор за заштита на личните податоци

Post Views: 0 Од денеска до 26 септември за вработените во  Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе се одржи експертска обука на тема „Воспоставување правен основ за спроведување на он-лајн инспекциски надзор“. Целта е изменување и дополнување на легислативата за заштита на личните податоци во насока на креирање правен основ за спроведување на он-лајн инспекции.  Ваква алатка досега е применета во Финска и Франција,  со што се обезбедени услови за спорведување на 200 он-лајн инспекции во 2014 година. – Експертската мисија треба да понуди и размена на искуства и практични...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top