19 години од смртта на Сена

Денеска се навршуваат 19 години од смрта на легендарниот Аиртон Сена кој загина за време на трката од Големата награда на Сан Марино во Имола

 |  Голабовски Крсте  | 
Ayrton Sena
Аиртон Сена

Денеска се навршуваат 19 години од смрта на легендарниот Аиртон Сена кој загина за време на трката од Големата награда на Сан Марино во Имола.

Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, ако не и најдобар, загина на 34 години откако загуби контрола над својот болид при брзина од повеќе од 300 км/h и удри во ѕид во свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферара“.

Ayrton SenaСамо ден претходно, на истата патека, во текот на квалификациите на речиси исто место животот го загуби и Австриецот Роланд Расенбергер. Двете трагедии, а посебно таа на 1.мај 1994 година, засекогаш ја изменија Формула 1 како спорт.

Легендарниот Бразилец во кариерата триумфираше 41 пат, а уште 39 пати се најде на подиумот освојувајќи три шампионски титули, и останувајќи запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач на дожд било кога. Владееше со улиците на Монте Карло и од своето деби во Формула 1 1984 година ги бранеше боите на Толеман, Лотус, Мекларен и Вилијамс.
Без Сена Формула 1 никогаш не беше иста, затоа што многумина ја засакаа токму само поради него. И сега, 18 години подоцна, многумина размислуваат околу тоа „што би било кога би било“, но едно е сигурно, Сена беше единствен, по начинот на возење се разликуваше од останатите, некои не го сакаа, многумина го обожаваа, но беше и остана еден од најдобрите во историјата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top