Ознака: градот

spomenik Sv Naum Ohridski Cudotvorec

Духовниот празник не ги спои политичките ривали

Post Views: 2 Пред голем број граѓани, туристи, свештеници, преставници на политички партии  како и академиците Грозаданов и Серафимоски беше откриен и осветен  монументалниот споменик на Св. Наум. Чинот на осветување го изврши владиката Г-дин г-дин Стефан.  Градоначалникот Александар Петрески, првиот човек на градот на  овој свечен собир упати благодарност до сите учесници во реализцијата на проектот. Но, духовниот празник и чинот на откривање не ги спои политичките ривали. На вчерашниот настан не беа присутни преставници од Владата. Денес, пак  членови на Вмро Дпмне и  советничката...

Continue reading

touch screen

Mерки за заштита на инфо пултовите

Post Views: 1 Завршени се сите постапки за поставување  на инфо пултови. Информациите кои ќе бидат поставени се бесплатни и ќе бидат од корисни и за туристичките субјекти во градот и за гостите, нагласува раководителот на Тлер Гоце Симоноски. Тоа е планирана активност на Локалната самоуправа  за помош на сите заинтересирани во туризмот. Симоноски додава дека со ова ќе се надмине досегашната грда слика на „чекачи“ на туристи, а посетителите на современ начин ќе доаѓаат до информации. За заштита на инфо пултовите од нашиот добро познат вандализам се преземени неколку  мерки. „Дополнително...

Continue reading

ftu

Факултет или хотел?

Post Views: 0 Вонредна седница на деканатската управа на ФТУ. Измените на деталниот урбанистички план на градот Охрид, ги крена на нозе универзитетските професори, во одбрана на својата институција. Во очи на 40 годишниот јубилеј од постоењето на факултетот жално е да се зборува за разградување и уништување на една институција која е заштитен знак на градот, изјави деканот на факултетот Сашо Коруноски. Тој додава, дека ова произлегува од сознанијата оти Советот на општина Охрид во среда на 29 ти јуни на дневен ред на седницата коако точка го има нацрт на деталниот урбанистички план...

Continue reading

razigrano oro

Оваа година најмасовно Разиграно оро во Охрид

Post Views: 1 Фестивалот „Разиграно оро“ од година во година се претвора во една од најмасовните манифестации во земјава. За овој тренд да продолжи и понатаму ќе се погрижат најавените 2500 учесници, кои претставуваат 60 ансамбли од 16 земји. Тие ќе бидат сместени во хотелите на охридската ривиера, почнувајќи од Амбасадор, па се до Десарет. Овогодинешното „Разиграно оро“ е подготвено, единствено го чека својот официјален почеток. „Околу припремите како што реков веќе е завршено се. Програмата е на 1ви Јули пречекот, на 2ри е свеченото отворање. Годинава сакаме тоа да го направиме...

Continue reading

Охрид

(видео)Гласавме како Финци а славевме како Либијци

Post Views: 1 Вчерашните избори во Охрид поминаа во најдобар ред, мирно и без инциденти, за да утрово, околу 7 часот, жителите од стариот дел на градот, ги разбудат околу 50тина истрели од огнено оружје, велат тие.  Жителите од овој дел на градот веднаш пријавиле во СВР Охрид. Тие, видно вознемирени се јавија и во нашата редакција и ни доставија снимка од настанот, која е снимена со мобилен телефон и посочија дека истрелите доаѓале од комплексот Летница. На снимката се гледа дека екипи на СВР Охрид, излегле на местото на настанот, меѓутоа, непримерниот граѓанин, очигледно не бил...

Continue reading

asfaltiranje

Изборите завршија, а градот продолжи со започнатите комунални зафати

Post Views: 1 Изборите завршија, а градот веднаш под  полна пареа продолжува со бројните започнати комунални зафати, потенцира охридскиот градоначалник. Денес, на улицата Никола  Карев, во близина на Музичкото училиште, се  поставуваше асфалт. Комунални зафати нема само во овој дел од градот, туку активно се работи и во останатите делови и тоа е вообичаена активност пред туристичката сезона, вели првиот човек на Охрид. За нас охриѓани,  најважна  е туристичката сезона, затоа што градот живее од неа и треба да ја дочекаме што е можно подобро подготвени, кажа Петрески. Тој смета дека...

Continue reading

Ohridsko leto

Како да се стокми „Охридско лето“ во пет до 12?!

Post Views: 1 Благоја Петкоски, маркетинг менаџер во Македонската опера и балет, со амин на министерката за култура  ќе помага во организацијата и реализацијата на програмата на 51-то издание на фестивалот „Охридско лето“. После два неуспешни конкурси за избор на директор на фестивалот, во пет до дванаесет министерката заклучи дека на охриѓани им е потребна помош за да истуркаат уште едно издание на оваа реномирана културна манифестација. 50 години наназад „Охридско лето“ се движеше по нагорна патека во чекор со елитата на најголемите и најзначајни фестивали во светот. Половина век...

Continue reading

Вицепремиерот Пешевски и хотелиерите решаваа проблеми во туризмот

Post Views: 6 Првата група Холанѓани после долго време го посетија Охрид. Што видоа тие во нашиот град ? Што им понуди Охрид на своите омилени посетители? Ова беше доволна причина за вицепремиерот Пешевски да се сретне со хотелиерите и туристичките агенции. Заедничкиот проект на Владата, хотелите и локалните туристички агенции резултира со враќање на некогаш најбројните посетители на нашиот град. Вицепремиерот и сам се уверил во квалитетот на понудата престојувајќи во еден од хотелите каде што биле сместени холандските туристи. „Можам да кажам дека квалитетот е на едно навистина задоволително...

Continue reading

Ekonomsko

Дали “економско“ ќе се дели од гимназијата “Св. Климент Охридски “

Post Views: 4 Иницијативата на Локалната самоуправа за одделување на економскиот смер од охридската гимназија. Оваа иницијатива уште пред една година беше усвоена од советниците, сега за реализирање на истата се чека само одобрение од Минисетрството за образование. „Економското училиште одамна требаше да биде посебен правен субјект. Со тоа учениците и со завршено средно училиште би биле спремни како кадар“, вели градоначалникот Александар Петрески и додава: „ Ние ги имаме донесено сите потребни одлуки на седниците на Советот на Општина Охрид и сега чекаме на согласност од Министерството...

Continue reading

Ohrid

Законот за Охрид ќе го спречува урбаниот хаос во градот

Post Views: 1 Законот за Охрид секако беше еден од најдолго очекуваните закони и од јавноста и од експертите. На 6ти овој месец тој конечно ја виде светлината на денот. Иако насловот старо градско јадро асоцира на Охридското кале, сепак тоа е само дел од целината. Всушност со Законот за Охрид опфатена е скоро целата територија на градот. Од Владата, амбициозни и сигурни во корисноста на овој закон. „Очекуваме дека законов ќе стави крај на урбаното дивеење и урбаната мафија во Охрид. Како главен носител на оваа активност била и останува општината и советот така што очекуваме дека...

Continue reading

cinar -upevce

Кога би можел да зборува Чинарот

Post Views: 0 Бутурниот Чинар, како што сакаат од милост да кажат постарите охриѓани за најпознатото дрво во центарот на градот, крие многу историја за некогашното  живеење во Охрид. Повеќе вековното дрво е сведок на многу случувања, настани и личности кои   одбележале едно минато  време на  градот под Самоиловите кули. Симболот на Охрид, платановото стебло, Чинарот, со латинско име Platanus orientalis L е високо 25 метри, распонот на гранките исток -запад е 16,40 м, а на север- југ 12, 60 метри. Обемот на кореновиот систем е 26,7 метри, а обемот на градната висина на 1,30 метри...

Continue reading

varosh

Збогум на „дивите“ чекачи

Post Views: 2 Пред почетокот на туристичката сезона Локалната самоуправа ќе поставува 5 информативни центри и 10 информативни пунктови во градот. Информативните центри  се планира да бидат лоцирани на влезот на Охрид,  во Пешатани, а преостанатите три  кај Косел, во центарот на градот и на Плаошник. Информативните центри ќе бидат типизирани објекти во кои ќе може да се добиe туристички материјал, сувенири и сите неопходни информации. Информативни пунктови ќе бидат поставени на фрекфентни места во градот, истакнува Симе Илиески, портпаролот на Локалната самоуправа. Сега сите понуди...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top