Tag: барел

Цената на нафтата потона под 30 долари за барел

Продолжува трендот на паѓање на цената на нафтата Цената на нафтата на светските пазари минатата недела падна повеќе од 10% и по прв пат по 12 години потона под границата од 30 долари по барел, а можно е и понатаму да паѓа. На лондонската берза цената за барел нафта во петокот изнесуваше 28,94 долари што е 13% помалку отколку пред една недела, а во еден момент достигна цена од 28,82 долари што е најниска цена од февруари 2004 година. На американскиот пазар, пак, цената за барел изнесуваше 29,42 долари, а во еден момент и 29,13 долари, најниска граница од 2003 година наваму. Така, продолжи трендот...

Continue reading

Во 2016 година цената на нафтата на 20 долари по барел?

Нафтата со цената е на рекордно ниско ниво во последните 11 години Иако само пред една година најголемите енергетски експерти и берзански играчи тврдеа дека времето за евтини енергенси е минато свршено време и дека е многу извесно дека наредните месеци и години цената на нафтата ќе се движи околу 200 долари по барел, сепак актуелната ситуација со цена од 36 долари подеднакво ја збунува јавноста и експертите. Никој не знае каде е дното, а некои аналитичари како Jan Stuart од Credit Suiss, сметаат дека во наредниот период цената ќе остане на сегашното ниво, а не е невозможно барел нафта да падне...

Continue reading

Нафтата во 2016 година ќе падне до 20 долари за барел?

Враќањето на цената на суровата нафта на 100 долари за барел нема да се случи до крајот на ова десетлетие На цената на нафтата моментално не ѝ се предвидува брзо опоравување, напротив, прогнозите велат дека може да потоне до 20 долари за барел. Аналитичарот на Goldman Sachs, Damien Courvalin, изјави дека пазарот е повеќе снабден од она што се прогнозираше и дека тој вишок на понуда ќе потрае и во следната година, пренесува Bloomberg. Затоа американската централна банка ги намали проекциите за цената на WTI нафтата од претходни 57 долари на 45 долари за барел. Цената на Brent нафтата исто така...

Continue reading

Цената на нафтата под притисок од промените во Саудијска Арабија

На светските берзи обилната понуда ја намалува цената Цената на барел нафта на меѓународните пазари се намали под притисокот на прекумерната понуда и неочекуваната промена во редот за наследство во Саудијска Арабија. На лондонската берза цената на барел нафта падна за 44 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 64,2 долари, додека на американските берзи барел нафта се тргуваше по 50 центи пониска цена, од 56,56 долари. Кралот на Саудијска Арабија вчера го смени престолонаследникот и помлад полубрат, принцот Mukrin и на негово место го постави министерот за внатрешни работи Muhamed...

Continue reading

Цената на барел нафта продолжи да оди нагоре

Цената на нафтата се доближи на највисокото ниво во 2015 година Цената на барел нафта на берзата во Лондон на крајот од неделата е на највисоко ниво во 2015 година, поттикната со загриженоста во врска со снабдувањето од Блискиот исток по најновите воздушни напади во Јемен. На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 65,45 долари, додека на американските берзи барел нафта се тргуваше за 10 центи пониска цена во однос на Лондон, која изнесува 57,64 долари. Послабиот долар и силниот пораст на стопанството во Европа и Азија исто така...

Continue reading

Цената на нафтата на светските берзи повторно во опаѓање

Под притисок на големите американски резерви, нафтата паѓа Цената на барел нафта вчера на меѓународните пазари достигна 59 долари, притиснати со порастот на американските резерви и можното зголемување на производството во Саудијска Арабија, што го поттикна стравувањето од прекумерно производство. На Лондонската берза цената за барел нафта падна 1,52 долари во однос на претходниот ден на 59,01 долари. Ден порано имаше скок до на најголемо ниво во последните два месеци, од 63 долари. На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 2,1 долари пониска цена во однос на претходниот ден, од 50,04...

Continue reading

Нов пад на цената на суровата нафта

Најмала цена на нафтата во последните четири години Цената на суровата нафта денес падна на најниско ниво во последните четири години на пазарот во Лондон пред министерскиот состанок на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC). Барел сурова нафта за испорака во февруари чини 76,49 долари, а барел “brent” нафта чини 78,76 долари.Цените паѓаат под влијание на шпекулациите дека OPEC на денешниот состанок во Виена нема да донесе одлука за намалување на производството, пренесува TASS. Светските цени на нафтата се намалени за скоро 30% во последните шест месеци. Играчите на...

Continue reading

На почеток на неделава пад на цената на нафтата

Њујорк/Лондон – позитивни економски податоци од САД Барел американска лесна нафта (WTI), за испорака во мај, поефтинил на берзата во Њујорк за 25 центи и изнесува 101,42 долари по барел, додека истата количина на северноамериканска нафта од типот брент, за мајската испорака на пазарот во Лондон, чини 107,91 долар, односно 16 центи помалку од минатата недела, пренесува агенцијата Frans Press. Цената на WTI минатата недела порасна затоа што податоците укажале на силен раст на личната потрошувачка во САД, додека нарачките на трајна стока во САД, клучен показател за состојбата во економијата, се...

Continue reading

nafta

Пад на светската цена на нафтата

Цените на нафтата се намалија бидејќи инвеститорите се фокусирале на позитивните податоци за економскиот раст на САД. Цените на нафтата се намалија бидејќи инвеститорите се фокусирале на позитивните податоци за економскиот раст на САД. Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во февруари на Трговската берза во Њујорк поевтини за 10 центи на 99,22 долари за барел, додека иста количина од северноморската нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 111,67 долари, што е намалување од десет центи. „Минатонеделните податоци за силниот раст на бруто домашниот производ на САД...

Continue reading

  • 1
  • 2


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top