Ознака: хуманост

Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Post Views: 1 Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Членките на женскиот лајанс клуб Деница денес на грдскиот плоштад продаваа велигденски јајца украсени од нив самите и готвачот со рецепти „Готвиете Деници“ кој неодамна го промовираа по повод 5тиот роденден. Имајќи во предвид дека во клубот членуваат успешни жени, сопруги, домакинки и професионалци во она што го работат сакавме за нашето петгодишно постоење да оставиме еден убав белег и со таа цел го создадовме куварот „Гответе со Деници“ кој првично беше промовиран на традиционалниот бал под маски кој се одржа...

Continue reading

Со маска на лицето, со хуманост во срцето

Post Views: 0 Женскиот лајoнс клуб „Деница“ традиционално 1ви април, денот на шегата го одбележа со хуманитарен маскембал. Членките на овој клуб заедно со своите гости го прославија петтиот јубилеј под маски. Покрај лотарија оваа година подготвија кувар „Гответе со Деници“ во кој има околу 60тина рецепти на членките на женскиот лајонс клуб, а средствата од продажбата на овај кувар ќе бидат дадени во хуманитарни цели за деца со оштетен вид. Секогаш ги подаваме рацете на оние кои први ќе побараат помош. Има многу на кои им е им е потребно да им се помогне, но ние гледаме средствата...

Continue reading

Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Post Views: 0 Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. Покрај нашите редовни крводарители има и неколку кои се од други градови, а кои престојуваат во нашиов град. Тоа посебно не радува бидејќи е показател дека хуманоста се носи секаде со себе и може да се покаже и на друго место не само во градот во кој живееш, вели Васко Ѓоргиески, волонтер во Клуб 25 и ЦК Охрид. На...

Continue reading

baner

„Заедно за еден детски живот“

Post Views: 0 Утре, од 12:00 до 17:00ч, да бидеме на градскиот плоштад и сите заедно да ја покажеме нашата хуманост. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на  11 годишно момче од Охрид на кого му е потребна итна операција во Пекинг, а која чини 35 000  евра. Својата хуманост можете да ја покажете и со донирање на 100 ден.+ддв, на следниве телефонски броеви:ONE 075/143-113VIP 077/143-115 Финансиски средства можете да уплатите и на следнава ж.с-ка:530-5000176152-54депонент: Охридска банка Во понеделник, со почеток во 20ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“ со купената...

Continue reading

poplava srbija

Здружението „Брег на младоста“ќе помага во поплавените региони

Post Views: 2 Охридското здружение „Брег на младоста“ ќе помага на настраданите во поплавите од Србија, Босна и Хрватска. Членови на здружението, од 18 до 60 години подготвени се некаде кон средината на месец јуни да заминат во градовите погодени од катастрофалните поплави, со цел да помогнат во изградба, санација и ревитализација на просторните и животни услови на тие места. Зоран Стевоски од здружението вели дека следуваат подготовки и медицински обуки на луѓето кои ќе помагаат. „Во овој момет не можеме да тагуваме, не можеме да бидеме рамнодушни, сега е време за хуманост, солидарност...

Continue reading

deca

Преку детска игра до хуманост

Post Views: 8 Денес градскиот плоштад беше едно големо игралиште. Се играше шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други спортски и едукативни содржини. Ова беше дел од акцијата на Црвениот крст од Охрид, „За посреќно детство“. Секој што купи учеснички број за акцијата, кој чинеше 30 ден. можеше да се натпреварува во повеќе спортските дисциплини. Емилија Цветаноска ја покажа својата хуманост купувајќи талонче и натпреварувајќи се во скокање со јаже во што освои прво место и вртење хулахоп на нога за што беше втора. Мило ми е што учествував во оваа акција...

Continue reading

Tocko

Апел до охридските политичари да ја покажат својата хуманост

Post Views: 1 Општинската Организација на црвениот крст од Охрид, во предвечерието на празникот Св.Климент Охридски, ќе организира крводарителска акција, со која ќе се обиде да ја анимира политичката елита од градов, да престане со говорот на омраза и својата хуманост да ја покаже на дело. Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко објасни дека младите и влијанието кое врз нив го има говорот на омраза, се причината поради која ја организираат оваа акција. Точко додава дека крајно време е политичарите во нашата држава, вклучително и политичарите од нашиов град, да престанат...

Continue reading

Mrmacoski

Рака која дава не се суши

Post Views: 2 Ова е пораката на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кој  денеска посети неколку социјално загрозени семејства. Тој на семејствата им додели еднократна помош со основните намирници за велигденската трпеза. „Постојат работи кои се прават од срце а не од интерес“, рече претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов  кој денес ги посети социјално загрозените семејства. Михаилов истакна дека постојат луѓе со сериозни егзистенционални проблеми кои тешко преживуваат и на кои мора да им се помогне.Тој додаде дека пакетот со најосновните прехрамбени производи...

Continue reading

paketi

Охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Post Views: 1 Над 500 пакети со прехрамбени производи ќе им бидат доделени на социјалните случаи во градов. На ваков начин Црвениот крст го одбележа Светскиот ден за борба против гладта. Охриѓани го одбележаа почетокот на неделата за борба против гладта. Денес на градскиот плоштад активисти од Црвениот крст како и ученици од основните училишта во градов на нивните соученици чии родители имаат помали финансиски примања им делеа пакетчиња со прехрамбени производи и средства за лична хигиена. Црвениот крст заедно со повеќе институции, маркети и поединци од градов подготви над 500 пакети...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top