Ознака: горенци

Прегазена жена кај Горенци

Post Views: 3   СВР Охрид трага по возачот на автомобил БМВ, со кое синоќа на магистралниот пат Охрид-Кичево во сообраќајна несреќа беше усмртена 74 годишна жена од Охрид. Несреќата се случила во 18 часот и 45 минути кај селото Горенци, кога возилото со тетовски регистарски таблички директно удрило во жената и веднаш по тоа го напуштил местото на настанот, не укажувајќи и прва помош. „Во моментов СВР Охрид превзема интензивни мерки со цел да се најде несовесниот возач и да се најде автомобилот со кој што е извршен ударот кој што бил кобен за 74 годишната жена. Полициски екипи веднаш...

Continue reading

Во Горенци приведено лице од Албанија поради незаконит лов

Post Views: 10 На 06.12.2021 во 15.00 часот во селото Горенци, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид, го лишија од слобода Ф.Ч.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов” по член 228 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Во селото Горенци се одвиваат градежни активности околу изградбата на новата фекална канализација

Post Views: 2 Досега поставени се 5.3 км полиетиленски цевки и бетонирани 157 шахти, а целокупната должина на канализациона мрежа согласно проектната документација изнесува 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти. Од увидот на лице место се оцени дека изведбата на градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од договорот. Градоначалниот Трајкоски истакна дека покрај тоа што се реализираат ветените проекти од Програмата за локални избори 2013, секогаш ќе има слух и за проектите што не се ветени, каков што претставува изградбата на Фекалната канализација во с.Горенци,...

Continue reading

Тепачка во Горенци

Post Views: 0 На 27.10.2021 година во 19,35 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир, семејна расправија и физичка пресметка помеѓу М.Б.(49) од селото Горенци, општина Дебарца и А.Б. (27) од една и Р.Б. (24), од друга страна. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.  

Continue reading

vraboten

Делови од Дебра и денес без вода

Post Views: 4 Поради дегфект на водоводната мрежа некои села од оваа општина и денес ќе имаат проблем со водоснабдувањето. Поради дефект на главната водоводна мрежа, во близина на с.Горенци, ги информираме жителите на с.Горенци, с.Оровник, с.Подмоље, дел од с.Требеништа, аеродром св  Апостол Павле, дека во вечерните часови на 21.12.2014 Недела, и попладневните часови на 22.12.2014 Понеделник, ќе нема вода за пиење. {loadposition content9}

Continue reading

Пушка и куршуми пронајдени кај жител на Горенци

Post Views: 0 На 12-ти и 13-ти јануари 2022 година, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на А.А. (52) од охридското село Горенци. Притоа, пронајдени се и одземени една ловна пушка „Монте Карло” калибар 12 милиметри и 30 куршуми за ловна пушка различен калибар што нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

sredba

Градоначалникот на Дебрца ги слушна маките на жителите од Горенци

Post Views: 1 На средбата во с.Горенци Градоначалникот Игор Трајкоски  ги запозна  жителите со проектот за изградба на фекална канализација  во с.Горенци. На присутните жители им беше образложена трасата каде ќе поминува  канализационата мрежа.Изградбата на фекалната канализација ќе биде во  должина од 8 500 метри,а цевките ќе се поставуваат на длабочина  од 2 до 4 метри и истата  ќе  биде приклучена на главниот колектор Мешеишта кој е во фаза на реализација. Овој голем зафат ќе чини 19 милиони денари кои ќе бидат обезбедени преку ИПАРД програмата за што Агенцијата за финансиска...

Continue reading

gradonacalnik

Дефект на цевковод ги остави без вода Аеродромот и околните села во Дебрца

Post Views: 9 Жителите на Подмоље, Оровник, Горенци и Аеродромаската зграда Св Апостол Павле и во текот на денешниот ден имаа повторно прекин во водоснабдувањето. Причината за прекинот во водоводната мрежа е дефект на главната водоводна мрежа од „Св. Еразмо“ до селото Горенци. Се работи за водоводна мрежа постара од 3 децении. Квалитетот на цевките и нивната амортизација се причина за честите дефекти, информира градоначаланикот на Дебрца Игор Трајкоски. „Екипи на комуналното претпријатие се на терен и дефектот ќе се санира за многу брзо. Во текот на летото ќе нема други дефекти. За...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top