ЗОИ во Сочи ќе бидат најсакпите досега организирани

Конечната сума за организација на ЗОИ во Сочи би требало да изнесува 50 милијарди долари, а околу 100.000 лица ќе се грижат за безбедноста, што е четири пати повеќе отколку на ЛОИ во Лондон во 2012 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
maskoti za Sochi
маскоти за Сочи

Конечната сума за организација на ЗОИ во Сочи би требало да изнесува 50 милијарди долари, а околу 100.000 лица ќе се грижат за безбедноста, што е четири пати повеќе отколку на ЛОИ во Лондон во 2012 година.

zamrznatata kupolaЌе бидат поделени точно 1.300 медали, а тие тежат од 460 до 686 грама.

Колку тежи еден олимписки медал и колку време е потребно тој да се изработи? Колку луѓе се ангажирани за да се грижат за безбедноста на спортистите и на навивачите што ќе бидат во Сочи во текот на одржувањето на ЗОИ? Можеби се прашувате и колку највисоки облакодери во светот може да се изградат за парите што Русите ги потрошија за организацијата на ЗОИ во Сочи? Во продолжение низ бројки ќе се обидеме да одговориме на некои од овие прашања, но и на други, непоставени.

Русите првпат олимпискиот факел го испратија и во вселената, каде што на 9 ноември 2013 година го прифатија двајца космонаути. Факелот не гореше бидејќи такво нешто е невозможно во такви услови, а палењето во вселенската станица било оценето како преризично. Факелот помина 65.000 км на патот до Сочи. Тој помина низ сите 83 региони и републики во Русија, а го носеа 14.000 лица, вклучувајќи го и највозрасниот, 101-годишниот пингпонгар.

probaТочно 18 часа во просек се потребни за изработка на еден олимписки медал што ќе го добијат најдобрите во Сочи. Медалите што ќе се делат во Сочи тежат од 460 до 686 грама. Ќе бидат поделени точно 1.300 медали, најмногу досега. Тие се направени од специјални легури и не само што се најмногу по број туку се крајно иновативни и различни.
Барем 34 згради каква што е онаа во Дубаи, Бурж Калифа, една од највисоките во светот, можат да се изградат ако имате 50 милијарди долари, колку што ќе чинат ЗОИ во Сочи.

Должината на која територијално се простира Сочи, од крајбрежјето на Црно Море до планините на Кавказ е 145 км, што го прави еден од најиздолжените градови во Европа.

Вкупно 3.000 артисти и гимнастичари ќе настапат на три сцени на церемонијата на отворањето на ЗОИ на 7 февруари.

Приближната бројка на лица што ќе се грижат за безбедноста на спортистите и на посетителите во Сочи е околу 100.000. Тоа е за четири пати повеќе отколку на ЛОИ во Лондон во 2012 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top