Зидан пристигнува во Реал следната недела

Долгоочекуваното враќање на француската фудбалска легенда Зинедин Зидан во Реал Мадрид ќе се случи идната недела, пренесува шпанскиот спортски дневник „Марка“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Zinedine Zidane
Зiнедин Зидан

Долгоочекуваното враќање на француската фудбалска легенда Зинедин Зидан во Реал Мадрид ќе се случи идната недела, пренесува шпанскиот спортски дневник „Марка“.

Zinedine ZidaneСеуште не е потврдена неговата функција во клубот, но според шпекулациите тој ќе работи целосно бесплатно во таканаречениот „фудбалски комитет“ чии функции не се сосема јасни, но најверојатно Зидан ќе биде советник, кој нема да има сопствена канцеларија ниту плата.

Утре се очекува Зидан да присуствува на дуелот на „кралскиот клуб“ со Ваљадолид, по што ќе ги заврши последните резговори со раководството на клубот.

Со враќањето на популарнито Зизу, Флорентино Перез ќе исполни уште едно од своите предизборни ветувања. Французинот досега често го советуваше претседателот на Реал за трансфер политиките, а најмногу инсистираше на ангажирање на Франк Рибери.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top