Заврши едриличарската сезона во Македонија

Со вчерашната регата Охрид – Струга, заврши едриличарската сезона во Македонија.

 |  Златко Китановски  | 
regata
регата

Со вчерашната регата Охрид – Струга, заврши едриличарската сезона во Македонија.

За ова година останува уште една меѓународна регата која ќе се одржи во Хрватска на која учество ќе земат 3 натпреварувачи од Македонија.

regataВчера во водите на Охридското езеро се одржа должинска регата за Минитонец  во организација на едриличарската федерација на Македонија. Регатата започна во 10.00 часот кога петте екипажи : Пајник, Галија,КСК Наутика ,Винту и Милка тргнаа од Охрид а првопласираните на целта во Струга пристигнаа во 13.40 часот.Трката успешно ја завршија три екипажи и тоа како првопласиран екипажот на Милка, Ошавко/ Јованоски/Заричин. Втори на целта пристигнаа Адреески/Гучески/Лазароски со Винту , додека третото место и припадна на екипата на КСК Наутика во состав Бујароска/Ставрев/Мојсоски/Саздов.

По завршувањето на регатата Едриличарската федерација на Македонија одржа свечена седница каде прецедателот Поп-Стефанија додели благодарници на сите понагачи на оваа федерација а беа прогласени и најуспешните во овој спорт за 2008 година. За најсупешен едриличар беше прогласен Ердал Љушо од ЕК Снегар- Струга, а најуспешна едриличарка Александра Заричин од АМАК СП- БОСФОР од Охрид..2008-та година за едрењето е една од најбогатите со настапи на меѓународен план, а заокружување на тие настапи ќе биде „Новогодишната регата“ која од 27 до 31 декември ќе се одржи во Хвар-Хрватска, каде учество ќе земат тројца наши претставници. Александра Заричин,Ердал Љушо и димитар Поп-Стефанија.

 

 

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top