Започна ЕП во кошарка за јуниорки

Охрид домаќин на најдобрите европски кошаркарки во јуниорска конкуренција.

 |  Крсте Голабовски  | 
EP kosharka juniorki
ЕП кошарка јуниорки

EP kosharka juniorkiОхрид побогат за уште едно спортско искуство. Скромно и без помпа, сионќа прогласено за отворено Европското првенство за девојки до 20 години во Б дивизијата. Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, првенството го отвори Градончалникот на Општина Охрид Александар Петрески. градоначалникот Петрески потенцира дека ова претставува можност за Република Македонија да организира уште еден значаен спортски настан.

Така во наредните девет дена, единаесет европски кошаркарски репрезентации и над 500 кошаркарки ќе се борат за првите две места на првенството. Претставникот на меѓународната кошаркарска федерација, Фабриз Сантобер, кој присуствуваше на настанот кажа дека Македонија и Охрид ја заслужиле честа да бидат домаќини на овој голем спортски настан.

EP kosharka juniorki„На ова првенство ќе учествуваат екипи од единаесет земји, кои ќе се натпреваруваат за првите две места, за во „А“ дивизијата за наредната сезона. Изборот падна на Македонија поради тоа што се добри домаќини и досега организирале голем број на првенства минататите сезони и секогаш било добар настан,а сакаме и да ја промовираме кошарката во Македонија. Охрид е убаво место, а задоволни сме и од условите кои ни се нудат за играње кошарка“, додаде Сантобер.

Со натпреварот помеѓу репрезентациите на Естонија и Чешка денес на пладне започнуваат мечевите на европското првенство за девојки до 20 години во Б дивизија. .Нашата кошаркарки, првиот натпревар го играат вечерва против репрезентацијата на Португалија.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top