На 45 години и видно во добра форма Жан Пиер Папен се враќа на фудбалскиот терен.
На 45 години и видно во добра форма Жан Пиер Папен се враќа на фудбалскиот терен.
Поранешниот напаѓач на Милан и Марсеј, добитник на “Златна Топка“ во 1991 со 54 одиграни натпревари за француската екипа, повторно ќе се активизира во еден аматерски клуб на промоција на неговата татковина. Се работи за Фактур Биганос, актуелно прв во шампионатот каде што учествува.
„Минатиот вторник Папен потпиша со нас“- изјави претседателот на малата екипа во зоната Аркачон, во западниот дел на Франција. Ова е подарок за нова година, голема радост“.
Францускиот фудбалер учествувал во првите тренинзи и оваа недела може официјално да дебитира против Пау Боурбаки. Пред да одлучи повторно да се врати на фудбалот, Папен се обиде да биде тренер, но без некои значајни резултати. Беше тренер на Аркачо, потоа Стразбург, додека во минатата сезона во Ленс, во прва категорија каде исто така не го избегна падот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град