Светската боксерска федерација ќе покрене истрага во врска со победата на Николај Валуев над Ивандер Холифилд.
Светската боксерска федерација ќе покрене истрага во врска со победата на Николај Валуев над Ивандер Холифилд.
Русинот во таа борба победи со одлика на судиите и по втор пат стана првак во супертешка категорија. Публиката во Цирих ја исвирка одлуката на судиите, а спорната борба и понатаму е предмет на полемики.
„Бидејќи WBA секогаш се грижи за мислењата на навивачите и медиумите, Извршниот одбор нареди формирање на група на судии кои повторно ќе ја прегледаат снимкта на натпреварот во наредните неколку недели“, пишува во соопштението на WBA.За потсетување,35 годишниот русин, после 12 рунди славеше со одлуката на судиите.
Холифилд кој на возраст од 46 години можеше да постане најстариот шампион досега, сметаше дека е оштетен.
„Од мој агол борбата изгледаше поинаку отколку од гледиште на судиите, но не сум разочаран со својот настап“, изјави американецот после поразот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град