На Олимписките игри во Лондон во 2012 година ќе бидат одржани натпревари на мешовите парови во тенис, како и велосипедски повеќебој во машка и женска конкуренција, соопшти денеска МОК.
Таквата одлука е донесена за да биде зголемен бројот на спортистки на ЛОИ.
Во согласност со одлуката, во Лондон велосипедистите и велосипедистките ќе се натпреваруваат во пет дисциплини – поединечен и екипен спринт, кеирин, екипно возење и новововедениот повеќебој.
Повеќебојот има пет трки – хронометар со летечки старт на 200 метри, трка на пет километри, поединечно возење на три километри, бодовна трка на 15 км. и хронометар на еден километар.
Мешовитите парови во тенис биле на олимписката програма до 1924 година. На ЛОИ во Лондон за медали ќе се натпреваруваат 16 мешовите парови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град