Во Охрид се одржува 23-от Охридски пливачки маратон

Дваесет и девет учесници од девет држави, од кои 20 во машка и 9 во женска конкуренција, ќе стартуваат на денешниот 23-ти меѓународен Охридски пливачки маратон, шести по ред во рамките на „Гран-при“ серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

 |  Крсте Голабовски  | 
maratonec
маратонец

Дваесет и девет учесници од девет држави, од кои 20 во машка и 9 во женска конкуренција, ќе стартуваат на денешниот 23-ти меѓународен Охридски пливачки маратон, шести по ред во рамките на „Гран-при“ серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

maratonecМаратонот, што се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, традиционално ќе се плива на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид, долга 30 километри.
На маратонот, како што е најавено, од фаворитите ќе настапат седумкраткиот победник во Охрид – Петар Стојчев од Бугарија, потоа Дамиан Блаум од Аргентина и Александар Студински од Германија, тројцата првопласирани на табелата по досегашните испливани пет од деветте маратонски трки.
Томи Стефановски, кој по четири испливани маратони годинава се наоѓа на 16-то место, ќе ја предводи листата седуммина македонски пливачи кои ќе и се спротивстават на светската маратонска елита.
Стефановски изјави дека годинава има силна конкуренција на Охридскиот маратон, како што рече, „можеби најсилна досега бидејќи тука се четворицата провопласирани маратонци“, но додаде дека е во одлична форма и очекува добар пласман.

Во женска конкуренција во Охрид на стартот од најдобропласираните ќе ја видиме италијанката Камила Фредиани, третопласирана на табелата по пет испливани трки. За жал, годинава на Охридскиот маратон нема да има пливачки од Македонија.
Стартот на оваа најзначајна меѓународна спортска манифестација во Македонија што е предвиден за точно на пладне, ќе го означи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, додека наградите за најдобрите ќе ги додели покровителот, претседателот Ѓорге Иванов.

Маратонската патека има 12 контролни пунктови, а пристигнувањето на првиот пливач на целта кај Охридското пристаниште се очекува пет и пол часа по стартот, зависно од временските услови.
Охридскиот пливачки маратон е 6-ти во серијата „Гран-при 2009“ пливачки маратони на отворени води, долги повеќе од десет километри. Претходниот од серијата се пливаше на 21 јуни во Капри – Италија, додека следниот на распоредот е оној на езерото Сен Лак во Канада, закажан за 25 јули.
Наградниот фонд од 25 илјади долари ќе им биде доделен на победниците на посебна церемонија што ќе се одржи вечерва по завршувањето на трката во хотелот „Гранит“. Првопласираните во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2.500 долари парична награда, плус бонус за генерален пласман.
Традиционално ќе биде доделена и наградата „Климе Савин“ која од 1995 година се доделува за посебни заслуги во маратонското пливање. Годинава лауреатот го делат генералниот спонзор на Охридскиот маратон ГП „Гранит“ и Стефан Пулејкоски, секретар на Пливачката федерација на Македонија.
Според резултатите од досегашните трки, засега во оваа пливачка сезона првото место го држи Бугаринот Петар Стојчев, минатогодишниот победник во Охрид, пред Дамиан Балум од Аргентина и Александар Студжински од Германија. Нашиот Томи Стефановски со шест бода е на 16-то место.
Во женска конкуренција на табелата води Брита Камрау од Германија, втора е Естер Нуњез од Шпанија, а трета Камила Фредиани од Италија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top