Вимблдон не му лежи на Надал

Кога минатата година Надал изгуби на Вимблдон во второто коло од Лукас Росол сите беа во шок од елиминацијата, па очекувањата беа дека Шпанецот годинава ќе го поправи впечатокот.

 |  Голабовски Крсте  | 
darcis i nadal
дарсис и надал

Кога минатата година Надал изгуби на Вимблдон во второто коло од Лукас Росол сите беа во шок од елиминацијата, па очекувањата беа дека Шпанецот годинава ќе го поправи впечатокот.

Но, уште во првото коло доживеа уште поголем шок од минатата година, доживувајќи пораз од Стив Дарсис кој на АТП листата е на 135-то место.

rafael nadalПосле мечот Надал разговараше со новинарите околу својата прерана елиминација која новинарите ја прогласија за најшокантниот момент во историјата на Вимблдон. Тој пак рече дека тоа се случува во спортот и дека не е трагедија.

„Тешко е да се загуби во првото коло, но животот продолжува. Сакам да му честитам на Стив Дарсис, одигра фантастичен меч. Разговорот за моето колено е изговор, а јас не сакам да користам изговори“ – рече Надал.

Ова е прв пат Надал да изгуби во првото коло на еден Гренд слем.На пресот Надал јасно стави на знаење дека не сака да зборува за коленото, иако новинарите инсистираа со прашањата.

„На трева е тешко да ја адаптирате играта, кога немате прилика да играте претходно, а јас не можев да го пронајдам ритамот“ – рече Надал, кој одлучи да одмора после освојувањето на Ролан Гарос и да не настапи на ниту еден турнир на трева пред Вимблдон.

„Пред неколку недели бев во фантастична позиција, а сега изгубив во првото коло. Но, давам сè од себе на секој турнир. Луѓето ги паметат само победите, а јас не сакам да ги помнам поразите“ – додаде тенисерот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top