Светскиот шампион во тешка категорија, во верзијата на Светскиот боксерски совет (WBC), Виталиј Кличко реши да се повлече од спортот, за да може во целост да и се посвети на политиката.
Светскиот шампион во тешка категорија, во верзијата на Светскиот боксерски совет (WBC), Виталиј Кличко реши да се повлече од спортот, за да може во целост да и се посвети на политиката.
Управниот одбор на WBC го прогласи Кличко за почесен шампион и ги поддржа неговите политички активности во Украина. Титулата почесен шампион им се доделува на боксерите кои ја завршиле кариерата, во мометот додека биле шампиони, и воедно им остава можност да се борат за титулата веднаш, доколку решата да се вратат во рингот.
Повозрасниот од браќата Кличко има 42 години и го носи прекарот ‘Железна тупаница’. Во кариерата има забележано 45 победи (41 со нокаут) и два порази.
Двата порази ги доживеал поради повреди во рингот, од Ленокс Луис и Крис Бред. Во моментите кога тие мечеви биле прекинувани, тој ја имал бодовната предност кај судиите.
Виталиј, во кариерата, никогаш не бил во нокдаун и никогаш во кариерата немал бодовен минус во своите мечеви.
Меѓу четирите најголеми боксерски федерации, верзијата WBC е најпрестижна во тешка категорија. Славниот ‘зелен појас’ го носеле сите славни боксери: Сони Линстон, Мухамед Али, Џо Фрејзер, Џорџ Форман, Кен Нортон, Лери Холмс, Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд, Ленок Луис…
Виталиј Кличко, чија партија е дел од украинскиот паралмент, активно учествува во демонстрациите против претседателот Виктор Јанукович, тој најави дека на изборите во 2015 година ќе се кандидара за претседател на државата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град