Тенискиот турнир на Вимблдон годинава може да се одржи и во доцните ноќни часови, откако на централниот терен сега функционира движечки покрив.
Тенискиот турнир на Вимблдон годинава може да се одржи и во доцните ноќни часови, откако на централниот терен сега функционира движечки покрив.
На тој начин во случај на врнежи од дожд покривот се активира, а со тоа и дополнителните рефлектори кои овозможуваат натпреварот да се игра и навечер.
Организаторите одлучија да не го менуваат распоредот на натпревари, меѓутоа во исто време нема да има прекин на натпреварите кои можат да бидат продолжени. Според организаторите, 8 до 10 минути е времето додека покривот да го покрие теренот.
Во меѓувреме потребни се од 20 до 30 минути за да се активира воздушниот систем за вентилација. Претставувањето на покривот на централниот терен ќе се случи на 17 мај кога поранешните шампиони на Вимблдон – Андре Агаси и Штефи Граф ќе играат со двојката Тим Хенман и Ким Кластерс на меч за забава. Турнирот во Вимблдон ќе одржи од 22 јуни до 5 јули.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град