(видео) Урнебесна реклама

„Write the future“ е насловот на новата спектакуларна реклама на компанијата NIKE, чии дресови на претстојното Светско првенство во фудбал ќе ги носат поголемиот дел  од репрезентациите.

 |  Маја Савиќ  | 
Nike
nike

Vejn Roony„Write the future“ е насловот на новата спектакуларна реклама на компанијата NIKE, чии дресови на претстојното Светско првенство во фудбал ќе ги носат поголемиот дел  од репрезентациите.

Во триминутната реклама која ја режираше реномираниот холивудски режисер и продуцент Алеандро Г. Инариту, познат по филмовите „21 gram“ и „Babel“ се појавуваат некои од најголемите фудбалери на денешницата.

Фудбалерите кои NIKE ги собра во својата нова рекламна кампања се Cristiano Ronaldo, Didier Drogba, Wayne Rooney, Fabio Cannavaro, Franck Ribery, Andres Iniesta, Cesc Fabregas, Theo Walcott, Patrice Evra, Gerard Pique, Ronaldinho, Landon Donovan, Tim Howard и Thiago Silva.

Vejn Roony

Како специјални гости се појавуваат тениската легенда Roger Federer и кошаркарската суперѕвезда Kobe Bryant. Во рекламата која своја премиера доживеа во текот на финалето во Лигата на Шампиони се појавува и Homer Simpson.

Оваа епска кампања сака да покаже колкави емоции предизвикува и колкаво влијание има еден единствен фудбалски миг врз фудбалерот како поединец, врз фановите,врз цели нации.
{hwdvideoshare}id=960|width=300|height=225{/hwdvideoshare}

„Ова е само почеток на патувањето“- изјавил извршниот директор на NIKE.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top